Царев Врв
Царев Врв (Султан Тепе) | |
---|---|
Поглед на Царев Врв од правецот на Пониква | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.084 м |
Координати | 42°07′N 22°27′E / 42.117° СГШ; 22.450° ИГД Царев Врв на Google Maps |
Географија | |
Матичен венец | Осоговски Планини |
Искачување | |
Прво освојување | непознато |
Најлесен пат | Пониква - Царев Врв |
Царев Врв — планински врв на Осоговските Планини во Република Македонија, висок 2.084 метри[1]. Познат е и според неговиот турски назив Султан Тепе.
Правци за искачување
[уреди | уреди извор]На Царев врв искачувањето може да се изврши од две страни: од кривопаланечкиот манастир Св. Јоаким Осоговски и од Кочанско преку Пониква.[2]
Од Крива Паланка до манастирот Св. Јоаким Осоговски се патува пеш или со сопствено возило по асфалтен пат во должона 3 км. Маркацијата ПМ започнува од манастирот и спрема Царев Врв води преку селото Варовиште, Ловечка куќа и Калин Камен. Од Ловечката куќа до врвот се оди по ливади. Планинарската патека е долга околу 25 км во еден правец за кои ви се потребни 5 часа. Покрај патеката има повеќе извори и чешми, а таа е просечно напорна.
Откај Кочанско маркацијата ПМ започнува од крајот на Кочани, крајот на улицата “14-та бригада“ продолжува под градската депонија, над село Црвена Нива минува преку пошумен дел со бреза и бор сè до асфалтот, минува покрај чешмата З’мбoва. Потоа продолжува покрај Дл’га ридина сè до асфалтот. Сечејќи го асфалтниот пат продолжува преку Лешки рид. Некаде 500 метри пред Шумската куќа на ЈП Македонски шуми излегува на асфалтен пат, продолжува по него. После 200 метри од Шумската куќа се напушта асфалтниот пат (десно), се продолжува по стариот пат за Пониква. Од Кочани до Пониква потребни се 5 часа. Оние кои имаат сопствено возило можат да дојдат до Пониква која е оддалечена 20 км, по асфалтен пат.
Од Пониква патеката за Царев врв продолжува по широкиот колски пат со една кратенка кај бачилото поранешната земјоделска задруга “Галеб“ - Тркање, некаде половина час пред врвот се напушта широкиот пат (десно) и се оди по ливади. Патеката е добро маркирана. Во вториот дел од патеката треба да се внимава на раскрсниците, бидејќи ги има доста. За овој дел од патеката ви се потребни 5 часа.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Руини на објектите на врвот
-
Руини на објектите на врвот
-
Руини на објектите на врвот
-
Руини на објектите на врвот
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Цари Врв (или Царев Врв) — врв на планината Славјанка (Али Ботуш) меѓу Пиринска и Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 102. Посетено на 16 јануари 2024.
- ↑ „ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА, ОСОГОВСКИ ПЛАНИНИ, www.mkdmount.org“. Архивирано од изворникот на 2011-10-25. Посетено на 2011-03-21.