СОУ „Ѓошо Викентиев“ - Кочани

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од СОУ "Ѓошо Викентиев" - Кочани)
Прејди на: содржини, барај
Средно општинско училиште
"Ѓошо Викентиев" - Кочани

Sou goso vikentiev.JPG
Место
Општина: Кочани
Место: Кочани
Адреса: ул. “Тодосија Паунов“ бб
Основни информации
Директор: Петруш Сенесов
Настава на: македонски
Контакт информации
Портал www.gvko.edu.mk

Средното општинско училиште "Ѓошо Викентиев" се наоѓа во Кочани.

Формирање и развој[уреди | уреди извор]

Училиштето е основано со одлука на Народниот одбор на Кочани од 5 декември 1959 година како Индустриско училиште со практична обука.[1] Од основањето до денес училиштето е во пораст како по бројот на учениците, наставниците, така по стручните профили, современата наставна технологија, просторот и модерните наставни програми.

Денес во училиштето се школуваат 1278 ученици во 38 паралелки, во две струки (машинска и електротехничка), и 11 профили. Наставата ја изведуваат 67 професори организирани во 7 стручни активи.

На секој ученик му е овозможено покрај добивањето на ученичката диплома со завршувањето на училиштето да се здобие и со возачка дозвола.

Училиштето располага со 20 специјализирани училници - кабинети за квалитетно изведување на теоретската настава, 5 работилници за потесната практична настава, 5 специјализирани кабинети за практична настава и автосервис. Имаме Европски стандард на корисна површина по ученик од 9,72 м2. Мошне функционални се ходниците, степениците, санитарните чворови и пруги помошни простории во училишната зграда. Осумте канцеларии се доволни за раководниот кадар, педагошката служба и администрацијата. Има и доволно магацински и складишен простор на училиштето.

Проектното работење во континуитет, е одлика на модерната настава во специјализирани училници, кабинети, применливата практика во сопствени работилници и тимското работење во истражувањето и унапредувањето на наставниот процес и програма.

Наставни профили[уреди | уреди извор]

Електротехничка струка[уреди | уреди извор]

Ова е една од најатрактивните струка во училиштето, во која се застапени пет насоки: компјутерска техника и автоматика, електроника и телекомуникации, електроенергетика, електроинсталатер и монтер, и електромеханичар.

Машинска струка[уреди | уреди извор]

Со развојот на индустријата, техниката и науката се зголемува бројот на запишани ученици и разновидноста на паралелки од различни профили во машинската струка. За тоа придонесува опременоста на училиштето со голем број модерни нагледни средства, машини, алати, компјутери и оспособениот наставен кадар. Насоки во машинската струка се: машински техничар, машинско-енергетски техничар, бравар и машинбравар, металостругар и металоглодач и автомеханичар.

Сообраќајна струка[уреди | уреди извор]

Развојот на сообраќајната струка во училиштето започнува со формирањето на авто-школата. Таа овозможува обука на ученици што ќе се стекнат со знаења од оваа струка, а во исто време ќе можат да добијат дозвола за управување со моторно возило. Авто-школата работи и за учениците, но и за кандидати надвор од училиштето кои сакаат да положат возачки испит.

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Види исто така[уреди | уреди извор]

Ѓошо Викентиев

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Официјална веб страница на училиштето