Јенифоча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јенифоча
Yenifoça
Панорамски поглед на Јенифоча
Панорамски поглед на Јенифоча
Mестоположба
Mестоположбата на Јенифоча
Местоположба на Јенифоча на картата на Турција
Координати

Erioll world.svg 38°44′″N, 26°50′″E

Часовен појас
- лето
EET (ЕЕТ +2)
EEST (ЕЕSТ +2)
Општи податоци
Име
- изворно
Јенифоча
  Yenifoça
Поштенски број 35687
Повикувачки број 0232
Автомобилска ознака 35
Портал www.yenifoca.bel.tr/
Управа
Земја Турција Турција
Регион Егејски
Провинција Измир
Округ Фоча
Географија
Надморска височина 1 m
Население
Население 11.652 (2000)

Јенифоча (тур. Yenifoça) е град во областа Фоча, во округот на Измир, во Турција, со 11.652 жители.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Напишани пооделно зборовите Yeni Foça имаат значење Нова Фоча. Името влече потекло од окружниот центар Фоча (Foça) кој локалното население често го нарекува Eskifoça (Стара Фоча).


Географија[уреди | уреди извор]

Јенифоча се наоѓа на околу 80 km северозападно од Измир и 20 km од Фоча. Toa е мало туристичко место сместено во залив со мало пристаниште, со голем број на стари куќи градени во Отомански и Грчки стил. Во последниве години, овој мал град стана многу популарен за оние кои бараат втор дом, особено од покраината Измир.

Пристаништето во Јенифоча

Култура[уреди | уреди извор]

Многу делови од населбата се под строга заштита на животната средина, особено поради вредноста на флората и фауната, посебно по должината на патот северно од Фоча до Јенифоча, кој поминува покрај бројни хотели и вили за одмор од кои има прекрасен поглед на морската широчина. Како заштитни мерки, новите градби не се дозволени во многу делови на оваа област, со намера да се сочува единствената градба, составена главно од стари куќи.



Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Официјална веб-страница