СУ „Љупчо Сантов“ - Кочани

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од СУ "Љупчо Сантов" - Кочани)
Прејди на: содржини, барај
СОУ „Љупчо Сантов“
Поглед на гимназијата од училишниот двор
Поглед на гимназијата од училишниот двор
Место
Општина: Кочани
Место: Кочани
Адреса: ул. „Глигор Апостолов Гочо“ бр. 31
Основни информации
Основање: 30 септември 1960
Директор: Миле Лефков
Број на ученици: 670
Настава на: македонски
Контакт информации
Портал www.santov.mk
е-пошта ljsantov@yahoo.com
тел. +389 (0) 33 271 246
факс +389 (0) 33 271 598

Гимназијата „Љупчо Сантов" во град Кочани е формирана во учебната 1945/46 година. Према главните книги кои постојат во училишната архива, бројот на паралелките во таа учебна бил: во I клас 2 паралелки, во II клас 2 паралелки, во III клас 2 паралелки и во IV клас 1 паралелка.

            Првата генрација на завршени ученици со IV  клас и положен завршен испит бил во учебната 1948/49 година.

            Од учебната 1956/57 година е формиран Економски техникум со паралелки во I клас, така што во таа година не се упишувани ученици во I клас во гимназијата. Останатите паралелки во погорните класови во гимназијата постепено изумирале. До укинување на гимназијата дошло поради укинување на гимназиите во помалите градови во С. Р. Македонија, согласно наредбата на Министерството за просвета.

            Во учебната 1959/60 година завршила првата генерација на економисти. Учениците од Економскиот техникум наставата ја следеле во сегашната зграда на основното училиште „Моша Пијаде" - Кочани.

            Во учебната 1960/61 година повторное формирана гимназијата во град Кочани со 2 паралелки ученици. Со повторното формирање на гимназијата, бројот на ученици од година во година постепено растел, додека при упсиот на учениците во I клас во Економскиот техникум опаѓал. Со повторното формирање на гимназијата, наставата се одвивала во сегашната зграда на школата, која тогаш носела назив Економски техникум ²Љупчо Сантов²-Кочани.

            Бројот на наставниците при повторното формирање на гимназијата беше минималем, и тоа хонорарни наставници ја изведувале наставата.

            Со одлука и решение на Општина Кочани одлучено е на 29.X 1965 година да се спои Економскиот техникум кон гимназијата и од 1.I 1966 година е извршена интеграција на Економскиот техникум со гиманзијата, така со извршената регистрација на школата при Окружниот суд во Штип носи назив ²Гимназија со економски паралелки „Љупчо Сантов" - Кочани.

            Во оваа учебна година школата имала во гимназиските 23 паралелки, а во економските 11 паралелки, или вкупно 34 паралелки со 1026 ученика.

            Бројот на наставниот кадар према потребната квалификација во оваа учебна година, задоволувал. Потребни биле уште 8 редовни наставника за да се сведе наставата на минимум хонорарни часови. Потреба се осеќа од предметите: математика, хемија, биологија и 2 наставника со завршен Економски техникум за економските паралелки.

            Нужно е да се одбележи и тоа што од септември 1964 година постоеле само-управни органи на управување при школата.

1. Училиштето денес[уреди | уреди извор]

СОУ “Љупчо Сантов “ од Кочани денес претставува една модерна и современа установа преку која општеството ја обавува својата едукативна дејност и функција. Едукацијата сватена како процес во кој општеството намерно ги пренесува своите “акумулирани“ знаења, вештини и вредности од една на друга генерација.

                Едукацијата во нашето училиште доби една нова современа димензија каде образованието е “растење“, “одгледување“, “надрастување“, откривање на потенцијалите и нивно надминување. “Љупчо Сантов“  храбро го навива часовникот  на општествената мудрост  пред своето време а традицијата и училишната историја се тегот којшто му ја дава стабилноста што ја манифестира преку постојаноста и конзистентноста во вршењето на оваа задача. Секој ученик, секој ден се што е потребно.

Во процесот на образување на новите генерации “Љупчо Сантов“,се потпира на повеќе механизми што  функционираат во рамките на училиштето и допринесуваат кон поефективно реализирање на овој комплексен процес.

Во рамките на училиштето денес функционираат гимназиско образование и средно стручно образование-економско правна и трговска струка.

                Во гимназиското образование се застапени 3 подрачја:

·        Природно математичко,

·        Општествено-хуманистичко и

·        Јазично уметничко

Трите подрачја се верифицирани со решение од Министерството за образование и наука-Скопје.

Во стручното образование- економско правна и трговска струка се застапени 2 профила и тоа:

·        Економски техничар во I, II, III и IV година и

·        Техничар за трговија и маркетинг во IV година.

Двата профила се верифицирани со решение од Министерството за образование и наука-Скопје.

2. Услови за спроведување на наставата[уреди | уреди извор]

2.1. Просторни услови

          Училиштето располага со 22 кабинети за настава(училници) секој  со капацитет од 34 столчиња.Со вкупен капацитет 748 ученици во една смена.Училниците се пространи и добро осветлени при  што секој ученик располага минимално со 1,2 м работен простор во рамките на училницата со што се овозможува потребното удобство во процесот на учење.

Музички кабинет/Сала за презентации опремен за соодветната намена.

Спортска сала опремена за кошарка, ракомет, одбојка, гимнастички спортови, пинг понг и мал фудбал.

             

2.2. Технички услови

         20 од кабинетите за настава(училниците) се комплетно опремени со комјутерска опрема со компјутер за секој ученик. Компјутерите се опремени со најсовремен образовен софвтвер меѓусебно вмрежени и поврзани на интернет.

       Училиштето располага со неколку LCD проектори. 

 2.3. Училишна библиотека

             “Љупчо Сантов“ располага и со сопствена училишна библиотека која функционира како образовен ресурсен центар и располага со книжен фонд од  1 500 наслови  во 15 000 книги кои се достапни за учениците и наставниците. Во оваа бројка се вклучени и наслови на Англиски ,Француски и Германски  јазик.

*Во моментот членуваат 393 членови и 30 професори.

2.4. Наставен кадар

Наставникот е личноста која го спроведува процесот на образување и воспитување. Во СОУ “ Љупчо Сантов“ улогата на наставникот е формална и изведена професионално во форма на професија.

  ...не е ни поголема, ни помала,ни поубава ,ни погрда од она што навистина е. Без да биде заробено,ограничено или резервирано знаењето се предава на секоја нова генерација каде што наставникот се појавува како медиум преку  кој  се пренесуваат знаењата и се појавува како партнер во стекнувањето на новите знаења.

Наставниот  кадар во “Љупчо Сантов“ е високо образован тим од професионалци, стручно оспособени да ја извршуваат најблагородната дејност-воспитание и образование на идните генерации млади луѓе, ученици. Поделени по активи, имаат можност да разменуваат идеи, вештини, способности. Вложуваат во лично усовршување и напредување. Посетуваат семинира на кои имаат можност да го следат современиот тренд во образованието, да научат нови техники и методи за учење, а потоа истите да ги преточат во одлично реализирани реални наставни часови. Максимално посветени на учениците, ги мотивираат, поттикнуваат, насочуваат. 

СОУ Љупчо Сантов - структура на наставен кадар
СОУ Љупчо Сантов - наставен кадар по активи

Надворешни врски[уреди | уреди извор]