Бург Штаргард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бург Штаргард
Замок во Бург Штаргард во тулна готика
Замок во Бург Штаргард во тулна готика
Грб на Бург Штаргард
Бург Штаргард is located in Германија
Бург Штаргард
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Мекленбуршка Езерска Област
Месна заед. Штаргардер Ланд
Градоначалник Тило Лоренц
Основни податоци
Површина 76,55 км2
Надм. височина 50 м
Население 5.387 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 70 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. MST
Пошт. бр. 17094
Повик. бр. 039603
Портал www.burg-stargard.de
Местоположба на градот Бург Штаргард во рамките на округот Мекленбуршка Езерска Област
Карта
Координати 53°29′N 13°18′E / 53.483° СГШ; 13.300° ИГД / 53.483; 13.300Координати: 53°29′N 13°18′E / 53.483° СГШ; 13.300° ИГД / 53.483; 13.300
Грофство Штаргард
Herrschaft Stargard
вазален
Војводство Мекленбург
1347 – 1701
Главен град Бург Штаргард
Уредување кнежество
Историски период Среден век
 -  во Мекленбург 1292
 -  добила царска непосредност 16 октомври 1347
 -  во Мекленбург-Штрелиц 1701
 -  Распуштено во
Германската револуција
 
1920

Бург Штаргард (германски: Burg Stargard; полапски: Stargart) — град во округот Мекленбуршка Езерска Област, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на 8 километри југоисточно од Нојбранденбург. Градот некогаш претставувал главен град на Грофството Штаргард, додека денес е административно седиште на општинската заедница Штаргардер Ланд.

Знаменитости во градот се: најсеверниот германски замок на рид, локалниот музеј за историјата на замокот, стариот дел на градот, изложба на Мари Хагер и зоолошката градина.

Историја[уреди | уреди извор]

Замокот е прв пат споменат во 1170, како Штаргарт (Stargart), што значи „стар замок“ во полапскиот јазик. Наводно, Епископијата Хафелберг му го пренела замокот на манастирот Брода при неговото основање, но вистинскиот документ е изгубен; местото е запишано како Штарегарт (Staregart) во подоцнежен документ, кој веројатно потекнува од 1244.[2] Наводно за да се избегне забуна со други градови именувани Штаргард, градот е познат како Бург Штаргард од 1929.[3]

Од почетокот на XIII век, трговци и занаетчии започнале да се населуваат околу замокот, започнувајќи ја засилената колонизација на поранешните словенски области и стекнал важност како седиште на Грофството Штаргард, именувано по замокот. Меѓутоа, не постојат археолошки пронајдоци за поранешните словенски населби во областа. Замокот, денес, е најсеверниот замок на рид во Германија и најстара секуларна градба во Мекленбург-Западна Померанија.

Во 1259, Бранденбург му доделил на Штаргард градски права. На венчавката на Хајнрих II во 1292, Грофството било дадено како мираз од Асканиската династија на принцовите, кој подоцна станале мекленбуршки војводи, а Штаргард станал резиденција на принцовите на Мекленбург-Штаргард, гранка на мекленбуршката династија, помеѓу 1352 и 1471. Според Sächsischer Lehnsabhängigkeit, Карло IV, свер римски цар, му доделил царска непосредност на регионот на 16 октомври 1347, подоцна доделувајќи ја територијата како феуд на мекленбуршките принцови.

Во текот на Триесетгодишната војна, замокот служел како седиште на Јохан Церклас Тили, генерал на царските сили, подоцна станувајќи седиште на војводската администрација. Градот настрадал во општиот пад на областа по завршувањето на Триесетгодишната војна. Во 1758 голем пожат во голем дел го уништил градот; претставувајќи опаѓање на богатството на градот, губејќи го своето локално значење.

Во текот на Германската револуција, се промениле политичките граници во областа, постоејќи две општински заедници во Штаргард и Штрелиц.[4]

Во 1929, градот Штаргард бил преименуван во Бург Штаргард, за да се направи разлика од другите имењаци, делумно поради соседниот Штаргард во Померанија (Stargard in Pommern), сега Старгард Шчеќињски во Западнопоморското Војводство во Полска, тогаш во пруската Покраина Померанија. На 10 јануари 1934, двете општински заедници биле споени во округот Штрелиц со седиште во Нојштрелиц, подоцна именуван како Штаргард.[5] Овие административни граници важеле до нивното повторно прекројување во 1952 во Источна Германија.[6]

Во текот на Втората светска војна, Еврејки од Полска, Советскиот Сојуз и Франција биле држени во Немеровер Холц, подкамп на концентрацискиот камп Равенсбрик, каде се произведувале летечки бомби Фау-1. Во април 1945, кампот Валдбау бил испразнет и затворениците биле приморани на смртоносен марш до Малхов, каде преживеаните биле ослободени од Црвената армија.

По повторното обединување на Германија, започнало спроведување на програмата за урбан развој на градот, со обнова на замокот и стариот дел на градот, иако тој повторно започнал да се распаѓа.

Замокот е главна туристичка знаменитост во областа, со прекрасни погледи од кулата и организирање на разни настани, како витешкиот турнир. Во јули 2009, се организирал тридневен фестивал по повод 750-годишнината од доделувањето на градските права.

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Спорт[уреди | уреди извор]

Бург Штаргард има повеќенаменски спортски клуб, „Бург Штаргард 09“, со околу 400-тина спортисти распоредени во фудбал, ракомет, одбојка и атлетика.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Бург Штаргард е збратимен со следниве градови:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [url=https://www.laiv-mv.de/static/LAIV/Statistik/Dateien/Publikationen/A%20I%20Bev%C3%B6lkerungsstand/A123/2016/A123%202016%2022.xls „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2016 г.“]. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. јануари 2018.  (германски)
  2. (германски) Ernst Eichler and Werner Mühlmer (2002), Die Namen der Städte in Mecklenburg-Vorpommern, Ingo Koch Verlag, Rostock, ISBN 3-935319-23-1
  3. (германски) Helge bei der Wieden (ed., 1996), Handbuch der Historischen Stätten Deutschlands: Mecklenburg/Pommern. Stuttgart, 1996. ISBN 3-520-31501-7. pages 12–13
  4. (германски) Helge bei der Wieden (1976) Grundriß zur deutschen Verwaltungsgeschichte. ISBN 3-87969-128-2
  5. (германски) Gesetz des Staatsministeriums über die Neugliederung von Kreisen v. 10.01.1934 (Reg.Bl. f. Meckl. 1934, page 13)
  6. (германски) Dabei wurde u.a. die Stadt Fürstenberg/Havel von Mecklenburg nach Brandenburg überwiesen. - Vgl. „Gesetz über Änderung von Grenzen der Länder“ v. 28. Juni 1959. (GBl. der DDR, 1950, Nr. 75, S. 631) sowie Durchführungs-VO (GBl. der DDR, 1950, Nr. 78, S. 659-660)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]