Миров
| Миров | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
| Округ | Мекленбуршка Езерска Област |
| Месна заед. | Мала Мекленбуршка Езерска Област |
| Градоначалник | Карло Шметау |
| Основни податоци | |
| Површина | 156,37 км2 |
| Надм. височина | 63 м |
| Население | 3.887 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 25 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | MST |
| Пошт. бр. | 17252 |
| Повик. бр. | 039833 |
| Портал | http://www.amt-mecklenburgische-kleinseenplatte.de/ |
| Местоположба на градот Миров во рамките на округот Мекленбуршка Езерска Област | |
| Координати | 53°16′N 12°48′E / 53.267°N 12.800°E |
Миров (германски: Mirow) — град во округот Мекленбуршка Езерска Област, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Мала Мекленбуршка Езерска Област.
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Името на градот потекнува од словенскиот збор „мир“. Името било извлечено од „вила мирове“, што означува место на мирот.
Географија
[уреди | уреди извор]Миров се наоѓа во средишниот дел на Мекленбуршката Езерска Област (Mecklenburgische Seenplatte) на јужниот брег на истоименото езеро, кое е поврзано со Мириц и со Хафел преку систем на езера, реки и канали. Постојат уште неколку езера на територијата на градот. Селата Димиц, Флет, Гранцов, Печ и Штарзов биле припоени кон градот во 2004 и сега се дел од него.
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1227, Редот на Св. Јован основал бург на брегот на езерото Миров откако војводата Борвин Втори им дал земја тука; во горниот лев дел на грбот на градот сè уште е прикажан крстот на Редот на Св. Јован. Во 1701, градот станува дел од војводството Мекленбург-Штрелиц. Во 1919 добил градски права. Миров е родно место на Шарлота фон Мекленбург-Штрелиц, сопруга на Џорџ III.
Барокниот дворец, во изградба од 1749 до 1760, бил проектиран од Кристоф Јулиус Леве. Познат е по неговата балска сала и Црвениот салон со свилени завеси во кинески стил. Во англискиот парк на дворецот е погребан последниот голем војвода на Мекленбург-Штрелиц, кој умрел во 1918. Гробот на големиот војвода се наоѓа во готската црква на Св. Јован, која била повторно изградена по нејзиното целосно уништување во 1945.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Барокниот замок Миров, на остров во рамки на истоименото езеро
- Мост кој ги поврзува островот на замокот и островот на љубовта
- Куќи на Мировското Езеро
- Филцско Езеро
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
- ↑ „Знаменитости и атракции во и околу Миров“. Архивирано од изворникот на 2012-11-26. Посетено на 2014-06-04.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Миров на Ризницата ?- Официјална страница (германски)
|
| Оваа статија за место во Мекленбург-Западна Померанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

