Прејди на содржината

Нојштрелиц

Координати: 53°21′53″N 13°03′49″E / 53.36472° СГШ; 13.06361° ИГД / 53.36472; 13.06361
Од Википедија — слободната енциклопедија
Нојштрелиц
Поглед на гимназијата Каролинум
Поглед на гимназијата Каролинум
Поглед на гимназијата Каролинум
Грб на Нојштрелиц
Нојштрелиц во рамките на Германија
Нојштрелиц
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Мекленбуршка Езерска Област
Градски единици 13
Градоначалник Андреас Грунд
Основни податоци
Површина 138,15 км2
Надм. височина 75 м
Население 20.340 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 147 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. MST
Пошт. бр. 17235
Повик. бр. 03981
Портал www.neustrelitz.de
Местоположба на градот Нојштрелиц во рамките на округот Мекленбуршка Езерска Област
Карта
Карта
Координати 53°21′53″N 13°03′49″E / 53.36472° СГШ; 13.06361° ИГД / 53.36472; 13.06361

Нојштрелиц (германски: Neustrelitz, полапски: Strelci) — град во округот Мекленбуршка Езерска Област, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на брегот на Циркското Езеро во Мекленбуршката Езерска Област. Од 1738 до 1918 бил главен град на војводството Мекленбург-Штрелиц, а од 1994 до 2011 административно седиште на поранешниот истоимен округ. Моментално претставува административно седиште на општинската заедница Нојштрелиц-Ланд, иако самиот град не е член на истата.

Името „Штрелиц“ доаѓа од старословенскиот збор стрелци.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото Штрелиц било првпат споменато во 1278. Израснало во мал град во следните векови. Во XVII век, Штрелиц бил дел од војводството Мекленбург-Гистров, кое престанало да постои по смртта на последниот војвода во 1695. Потоа било основано новото војводство Мекленбург-Штрелиц (1701). Ова мало војводство се наоѓало на местото на поранешниот истоимен округ и енклава околу Рацебург, денес во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн.

Во 1712, замокот и самиот град Штрелиц биле запалени. По оваа катастрофа, војводата и неговото семејство живееле во нивната ловечка куќа на Циркското Езеро во северозападниот дел на Штрелиц. Околу ова место бил подигнат новиот град Нојштрелиц („Нов Штрелиц“). Станал официјален главен град на Мекленбург-Штрелиц во 1736.

Нојштрелиц останал војводско седиште до 1918 и бил главен град на Слободната Држава Мекленбург-Штрелиц од 1918 до 1933. Во 1934 бил споен со Мекленбург-Шверин во Гау Мекленбург.

Стариот град Штрелиц продолжил да постои по пожарот во 1712; останал мало село, кое било припоено во Нојштрелиц во 1931.

Кога трупите на Црвената армија влегле во градот на 30 април 1945, 681 лице извршиле масовно самоубиство.[3]

Знаменитости и споменици

[уреди | уреди извор]

Центарот на градот е обликуван во барокна архитектура. Срцето на градот е главниот плоштад (Marktplatz), со Градската црква (Stadtkirche), изградена во 1768–1778 и Градското собрание отспротива (Rathaus), изградено во 1841 од Фридрих В. Бутел, ученик на Карл Фридрих Шинкел.

Барокниот замок бил уништен во 1945, но градините на замокот (Schloßgarten) сè уште постојат. Вредно за посета е и Оранжеријата од XVIII век (Orangerie), првично користена како летна куќа, црквата на замокот (Schloßkirche) изградена во 1855–1859 во англиски неоготски стил, неокласичниот храм на Хеба (со реплика на статуата на божицата Хеба) и храмот Лујза, изграден во 1891 во облик на грчки храм за грбот на кралицата Лујза од Прусија, родена како принцеза на Мекленбург-Штрелиц.

Постои мало езеро, Гламбечко Езеро, каде може да се плива лете и да се руча во ресторан со поглед на езерото.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Нојштрелиц е збратимен со следниве градови:

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
  2. Room, Adrian (2006). Placenames of the world: origins and meanings of the names for 6,600 countries, cities, territories, natural features, and historic sites (2. изд.). McFarland. стр. 265. ISBN 978-0-7864-2248-7. Посетено на 17 март 2011. Основното име е со словенско потекло и означува „населба на стрелци“, од старословенскиот збор „стрела“.
  3. Lakotta, Beate (5 март 2005). „Tief vergraben, nicht dran rühren“ (германски). Der Spiegel. Архивирано од изворникот на 2020-04-17. Посетено на 16 август 2010.
  4. „Збратимени градови на Швебиш Хал“. Град Швебиш Хал. Архивирано од изворникот на 2015-02-20. Посетено на 26 јули 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]