Прејди на содржината

Македонија во 1996 година

Од Википедија — слободната енциклопедија
Република Македонија во 1996 година
Знаме на Македонија Грб на Македонија
Години : 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999
Векови: 20 век · 21 век · 22 век
Децении: 1980-ти 1990-ти 2000-ти 2010-ти 2000-ти 2010-ти 2020-ти
Години: 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999
Светска здравствена организација
Кофи Анан

февруари

[уреди | уреди извор]
  • 1 февруари - Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на генералниот секретар на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП), да станат целосно независна операција во Р Македонија.
  • 2 февруари - Во Скопје е потпишан меморандум за отворање британски информативен центар.
  • 8 февруари - Аргентина ја призна Република Македонија.
  • 12 февруари - Република Македонија и Република Гана воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
  • 14 февруари - Република Македонија и Република Бангладеш воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
  • 16 февруари - Европскиот парламент донесе одлука за пристапување на Република Македонија во Европската програма ФАРЕ за помош и развој на земјите од Средна и Источна Европа.
  • 19 февруари - Советот на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ донесе одлука оваа манифестација во иднина да се одржува под името „Македонски театарски фестивал“.
  • 19 февруари - Во Њујорк официјално започна со работа генералниот Конзулат на Република Македонија.
  • 23 февруари - реконструкција на Владата на Бранко Црвенковски, Либералите излегуваат од коалицијата.
  • 27 февруари - Република Македонија и Република Грција воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
Кристофер Хил
Насловна страна од весникот Дневник
Податотека:Logo-manu.JPG
МАНУ
  • 8 април - потпишана спогодба за регулирање на односите со СР Југославија.
  • 12 април - Владата на Република Македонија ги прифати Правилата за однесување на НАТО.
  • 18 април - Република Македонија и Република Руанда воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
  • 24 април - Владата на Република Македонија донесе одлука за основање „Служба за реципрочна безбедност и заштита на информациите меѓу Владата на РМ и НАТО“.
  • 25 април - Република Македонија и Хондурас воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
  • 9 мај - претседателот Глигоров во Елисејската палата во Париз врачи свечена изјава со која Македонија стана потписник на Париската повелба за нова Европа. Освен ова, претседателот има и средба со францускиот колега, Жак Ширак.
  • 12 мај - во Брисел на свечената седница на Северноатлантскиот совет на НАТО и РМ беше обострано прифатена Поединечната програма на РМ во рамки на ПзМ за 1996 - 1998 година.
  • 27 мај - Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
  • 30 мај - склучен е Договорот меѓу државите страни на НАТО и другите држави учеснички во ПзМ во врска со Статусот на нивните сили (СОФА) и Дополнителниот протокол на Договорот. Ратификувани на 4 јуни 1996 година. Присутните (94) пратеници во Собранието на РМ, едногласно го донесоа Законот за ратификација на Договорот, а уредување на статусот на силите на земјите членки на Северноатлантската одбранбена алијанса и ПзМ. Договорот стапи во сила на 19 јули 1996 година.
  • 12 јули – Македонија воспостави дипломатски односи со Авганистан и Малта.
  • 14 јули – Единица на АРМ замина за Албанија, каде што учествуваше на мултинационалните воени маневри "Мировен орел '96". Тоа е прва вежба од таков вид на единица на АРМ.
  • 24 јули – Околу 300 етнички Албанци протестираа низ улиците во Скопје, барајќи ослободување на пет нивни водачи и дозвола за работа на универзитетот во Мала Речица.

септември

[уреди | уреди извор]
Меѓународна агенција за атомска енергија

октомври

[уреди | уреди извор]
Најголема победа на македонската фудбалска репрезентација
  • 21 до 26 октомври - Во Охрид се одржа првиот дел на мултинационалната командно-штабна вежба „Спасител 96“, на која учествуваа 9 земји, членки на НАТО и ПзМ.
  • 21 октомври - Жалба на ОМО Илинден пред Европската комисија за правата на човекот во Стразбур.
  • 24 до 26 октомври - Во посета на РМ претстојуваше Претседателот на Северноатлантското собрание, Карстен Фогт. Тој ги поздрави македонските остварувања и вети дека Северноатлантското собрание ќе придонесе во залагањата за подобра соработка и интеграција.

декември

[уреди | уреди извор]

Филм и телевизија

[уреди | уреди извор]

Книги и списанија

[уреди | уреди извор]
  • Започна да излегува дневниот весник Дневник.
Црква „Св. Недела“ - Другово

Останато

[уреди | уреди извор]
  • Со акт на Министерството за образование и наука, во Скопје е основано ПСУ „Јахја Кемал“.
  • Со Законот за територијална поделба на Република Македонија и определувањето на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, биле воведени 123 општини. Градот Скопје има седум општини: Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар, Чаир и Шуто Оризари.
24 април 1996
Македонија  3 : 0  Лихтенштајн Градски, Скопје
Гледачи: 11,500
Судија: Лоизос Лоизоу (Кипар)
Милошевски гол 6'
Бабунски гол 49' (пен.)
Захариевски гол 78'
Report

1 јуни 1996
Исланд  1 : 1  Македонија Лаугардалсволур, Рејкјавик
Гледачи: 3,051
Судија: Рослоф Луинг (Холандија)
A. Гудјонсон гол 63' Report Мемеди гол 60'

=9 октомври 1996
Ирска  3 0  Македонија Лансдаун Роад, Даблин
Гледачи: 31,671
Судија: Ерик Фишер (Данска)
М`карти гол 8'
Каскарино гол 46', 70'
Report

9 ноември 1996
Лихтенштајн  1 11  Македонија Спортпарк, Есхен
Гледачи: 2,700
Судија: Хаим Липкович (Израел)
Ф.Шадлер гол 78' Report Главевски гол 8', 12', 60'
Ѓорѓи Христовгол 23'
Стојковски гол 30', 43'
Т.Мицевски гол 45', 49'
Ќирич гол 53', 87'
В.Мицевски гол 90'

14 декември 1996
Македонија  0 3  Романија Градски, Скопје
Гледачи: 14,000
Судија: Роџерс Филип (Луксенбург)
Report Попеску гол 36', 45', 90' (пен.)

* Пријателски натпревари

27 03 1996
15:00
Македонија  1 0  Малта Гоце Делчев, Прилеп
Гледачи: 8,500
Судија: Ибраим Асков (Турција)
Чирич Сашо гол 71' Report

27 11 1996
19:00
Малта  0 2  Македонија Те Кал, Ла валета
Гледачи: 8,500
Судија: Марлес Агуис (Малта)
Report Чирич Сашо гол 54' (пен.)
Мицевски Ванчо гол 90'

Олимписки игри

[уреди | уреди извор]

Македонија на Летните олимписки игри 1996 и на Летните параолимписки игри 1996во Атланта учествуваше за првпат како самостојна земја. На овие Олимписки игри, македонските спортисти учествуваа во 4 спорта: пливање, кајак и кану на диви води, борење и стрелаштво и не освоија медал.

Починати

[уреди | уреди извор]
Тома Прошев
Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил II