ПСУ „Јахја Кемал“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
ПСУ „Јахја Кемал“
Место
Општина: Центар(генерална дирекција), Тафталиџе 1, Бутел, Гостивар, Струга, Струмица, Боговиње
Место: Скопје, Гостивар, Струга, Струмица, Боговиње
Адреса: Генерална дирекција, Плоштад Македонија бб, 1000 Скопје

улица Варшавска 23, 1000 Скопје

улица Бутелска бб, Скопје

улица ЈНА бб, Гостивар

Мислешевски пат бб, Струга

ул. Гоце Делчев бб, Струмица
Основни информации
Директор: Мухамет Бахче
Настава на: англиски јазик
Контакт информации
Портал ykc.edu.mk


ПСУ „Јахја Кемал“ е приватно средно училиште во Република Македонија. Ова средно училиште е основано во 1996 година во Скопје со акт на Министерството за образование и наука на Република Македонија во соработка со организацијата-основач, за подоцна да ги отвори и останатите свои образовни единици на целата територија на Р. Македонија: Автокоманда, Скопје (основано 1996); Гостивар (основано 1999); Струга (основано 2002); Бутел, Скопје (основано 2007); Струмица (основано 2010) и Боговиње, Тетовско (основано 2011). Училиштето го носи името на својот патрон, турскиот поет Јахја Кемал Бејатли, кој е роден во Скопје во 1884 година.

Кратко по отворањето на првиот колеџ, поради постигнатите успеси на учениците, училиштето го привлекува вниманието и довербата на македонската јавност. Оттогаш бројот на ученици постојано расте, а училиштето се прошири и во областа на основното образование. Денес ПСУ „Јахја Кемал“ го носи приматот на прво и најголемо приватно училиште во Република Македонија.

Во училиштата на ПСУ „Јахја Кемал“ наставата трае во текот на целиот ден, со предавања на 4 јазици (Англиски,Македонски,Турски и Албански). Часовите по мајчин јазик се одвиваат на македонски, турски и албански јазик. Во текот на првата година од средношколското образование, учениците работат по програма со многу часови по англиски и туски јазик, што им овозмоќува да ги зборуваат овие два јазици на многу високо ниво понатаму во животот. Исто така, поради оваа причина учениците ги положуваат испитите ТОЕFL и SAT со голем број на поени, а кои се потребни за студирање во странство.

Мисија на колеџите „Јахја Кемал“[уреди | уреди извор]

Учениците да се едуцираат како индивидуи, кои ќе ги следат принципите на љубовта, толеранцијата, мирот, хармонијата и демократијата. Исто така, професорите и персоналот на училиштата „Јахја Кемал“, како своја мисија, имаат земено правилно да го изградат и развијат карактерот на своите ученици, идни граѓани на светот, кои ќе ги почитуваат правата на сите човечки битија.

Цел на колеџите „Јахја Кемал“[уреди | уреди извор]

Во ПСУ „Јахја Кемал“ се оди кон тоа да се образуваат учениците да имаат верба во иднината, почит кон себе си и кон другите, сочуство и толеранција. На учениците им се предаваат општите човекови вредности и универзелната култура на светот. Преку ова се зацврстуваат и развиваат пријателските одности кон другите држави и нации во светот, особено помеѓу Република Македонија и Република Турција.

Упис во училиштето[уреди | уреди извор]

Учениците се запишуваат по пат на приемен испит, кој се организира секоја година на почетокот на месец мај во сите поголеми населени места во Република Македонија. На овој тест може да влезат сите деветтооделенци, без разлика дали го познаваат англискиот или турскиот јазик. Училиштето доделува стипендии, во вид на попусти, на најдобрите 18 ученици на приемниот испит.

Можности во наставата во ПСУ „Јахја Кемал“[уреди | уреди извор]

  • Образование кое ги задоволува сите академски потреби на нашите ученици.
  • Изучување на англискиот и турскиот јазик до ниво речиси еднакво на мајчиниот јазик.
  • Лаборатории во кои се прават експерименти по природно-научните предмети, со што учениците полесно го разбираат материјалот.
  • Доволен број на часови по спорт и спортски активности кои го помагаат првилниот развој на ученикот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]