Андреј Магдевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Андреј Магдевски
ПозицијаРазигрувач
Висина1,92 м м
Тежина85 кг кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
АБА 2
ЕкипаМЗТ Аеродром
Роден14 јануари 1996 (1996-01-14) (24 г.)
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
Проф. кариера2014–
Клубови
2014–2015Малага
2015–2016Партизан
2016–2017Фени Индустри
2018Гостивар
2018-МЗТ Аеродром
Репрезентација
Инфо од: 04 август 2018.

Андреј Магдевски (р. 14 јануари 1996 во Скопје) — македонски професионален кошаркар, кој моментално игра за МЗТ Аеродром во Првата македонска лига.

Кариера[уреди | уреди извор]

Како младински играч има настапувано во тренинг камповите на Реал Мадрид и Партизан, а летото 2014 година потпишал за Малага кои го позајмиле.

На 29 септември 2015 година, Магдевски потпишал едногодишен договор со Партизан. На 23 септември 2016 година за првпат потпишал за македонска екипа, КК Фени Индустри. За сезоната 2017/18, тој ја продолжил соработката со Фени.[1] На полусезоната Магдевски го напуштил Фени поради финансиската состојба во клубот, и потпишал за Гостивар на почетокот на 2018 година.[2][3][4] Во август 2018 година, Магдевски потпишал за МЗТ Аеродром.[5][6] Таа сезона, Магдевски го освоил македонското првенство. Во јули 2019 година, Магдевски потпишал двегодишен договор со МЗТ Аеродром.[7][8]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

На квалификациите за Евробаскет 2015 година Магдевски првпат настапил за македонската кошаркарска репрезентација каде настапил на шест натпревари, остварувајќи просек од 3,8 поени и 16,5 минути по натпревар.

Во 2016 година, Магдевски повторно бил одбран да настапи за македонската репрезентација и по 6 одиграни натпревари забележал просек од 4,8 поени, 4,7 скока, 1,8 асистенции и 22,7 минути по натпревар.

Магдевски бил вклучен во претквалификациите за Евробаскетот 2021.[9] Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Магдевски.[10] Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.[11]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Најдобар млад кошаркар за 2012 година[12][13][14]
  • Најдобар млад кошаркар за 2013 година[15][16][17]
  • Најдобар млад кошаркар за 2014 година[18]
  • Одбранбен играч на сезоната 2017/18[19]
  • Втора најдобра петорка на сезоната 2017/18[19]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2017/18[19]
  • Трета најдобра петорка на сезоната 2018/19[20]
  • Почесно споменување во сезоната 2019/20[21]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Фени се екипира: Магдевски, Петровски, двајца Американци, Србин…“. ekipa.mk. 20 август 2017. Посетено на 15 октомври 2017.
  2. „Гостивар доби големо засилување, потпиша со Магдевски“. gol.mk. 10 јануари 2018. Посетено на 10 јануари 2018.
  3. „Андреј Магдевски го засили Гостивар: Пресудија најдобрите услови“. ekipa.mk. 10 јануари 2018. Посетено на 10 јануари 2018.
  4. „Магдевски стави потпис и ја одбра „деветката". sportmedia.mk. 10 јануари 2018. Посетено на 10 јануари 2018.
  5. „Андреј Магдевски потпиша со МЗТ“. ekipa.mk. 4 август 2018. Посетено на 4 август 2018.
  6. „Магдевски го комплетираше ростерот на МЗТ Аеродром“. sportmedia.mk. 4 август 2018. Посетено на 4 август 2018.
  7. „Магдевски и во следните две сезони ќе ја организира играта на МЗТ“. gol.mk преку web.archive.org. 18 јули 2019. Посетено на 20 јули 2019.
  8. „Магдевски останува во МЗТ Аеродром и следните две сезони“. ekipa.mk преку web.archive.org. 18 јули 2019. Посетено на 20 јули 2019.
  9. „Симоновски се враќа во репрезентацијата за Косово и за Романија“. ekipa.mk. 16 август 2018. Посетено на 16 август 2018.
  10. „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Посетено на 14 јануари 2020.
  11. „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Посетено на 21 февруари 2020.
  12. „Година во знакот на Антиќ, Гечевски, Тодоров…“. ekipa.mk. 19 декември 2012. Посетено на 6 јули 2017.
  13. „КФМ ги објави најдобрите“. ohridnews.com. 19 декември 2012. Посетено на 6 јули 2017.
  14. „Гечевски најдобар македонски кошаркар“. vecer.mk. 20 декември 2012. Посетено на 6 јули 2017.
  15. „МКФ ги прогласи најдобрите за 2013, Чековски и Антиќ со главните награди“. ekipa.mk. 8 февруари 2014. Посетено на 6 јули 2017.
  16. „Ѓорги Чековски најдобар кошаркар во Македонија 2013 година“. ohridnews.com. 8 февруари 2014. Посетено на 6 јули 2017.
  17. „Чековски и Антиќ најдобри кошаркари за 2013 година“. mkd.mk. 8 февруари 2014. Посетено на 6 јули 2017.
  18. „Стојановски, Рајковиќ и Антиќ кошаркарски лауреати за 2014 година“. sportmedia.mk. 24 февруари 2015. Посетено на 1 февруари 2017.
  19. 19,0 19,1 19,2 „Prva Liga - season 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 12 јуни 2018.
  20. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Посетено на 22 јуни 2019.
  21. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Посетено на 2 јуни 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]