Киро Андонов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 15 декември 1938
Конопиште, Кавадаречко,  Кралство Југославија
Починал 26 јули 1996
Неготино, Македонија Македонија
Занимање публицист историограф

Киро Андонов (Конопиште, Кавадаречко, 15 декември 1938 - Неготино, 26 јули 1996) — македонски публицист-историограф.

Биографија[уреди | уреди извор]

Андонов е роден на 15 декември 1938 година во кавадаречкото село Конопиште. Основно образование го завршил во Горна Бошава, а учителската школа во Скопје, каде што во истиот град дипломирал на Филозофски факултет на група југословенски книжевности. Учителствувал по една учебна година во селата Винце, кумановско и во Горна Бошава. Од 1966 година бил редовен професор во УЦСО ,,Јосип Броз Тито" - Неготино.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Заедно со Пане Емшов ги издал книгите: Неготински легенди, Неготино во пламен (1912-1913), Илинденски светлини на Неготино, Тиквешки кажувања (1912-1918)[1] и За Алатана сто алтани - за Бисера грст бисери (збирка на народни песни на Македонците муслимани од Тиквешијата). Од областа на роднокрајната историографија ги печати следните наслови: Пешо Самарџиев-Тиквешки Војвода, Владимир Арсовски-шпански борец, Благој Јанушев, Населби (заедно со Васил Јовановски) и Манчо Малиминов. Додека со тематика од народното творештво од Тиквешијата ги издал книгите: Судбини и населби, Вишешница, Легенди, Роднокрајни кажувања, Тиквешки пословици, Славеј чешма, Богатиново Кладенче, Тиквешки народни песни, Тиквешки народни приказни, Вишина Чешма, Бигорни години, Народни умотворби, Златната чешма, Наши легенди, Момина чука, Народни кажувања и др. Книгите ,,Неготиноски народни приказни" и ,,Златогривото коњче" од проф. Киро Андонов претставуваат еден вид зборници од народното творештво на Тиквешијата, во кои се поместени голем број приказни, пословици, песни и гатанки. За театарската дејност во Неготино ја посветил брошурата ,,Театарот во Неготино". И имал издадено само една збирка со песни и раскази под наслов ,,Птици без јато".

Има и два неиздадени наслови.

За богатото литературно творештво има добиено Осмоноемвриска награда на Општина Неготино. Починал на 26 јули 1996 година во Неготино.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Киро Андонов е добитник на неколку награди и признанија, меѓу кои: Благодарница за соработка во нагреден конкурс ,,Икарово перце 76" на 21.05.1976 година, од Воздухопловен сојуз на Р.Македонија; Диплома за придонес на Културно просветно поле, на 21.05.1977 година, од Културно-просветната заедница на Општина Неготино; Награда ,,8-ми Ноември", во 1983 година, од Општина Неготино.

Наводи[уреди | уреди извор]