Македонија во 1999 година
Изглед
(Пренасочено од 1999 во Република Македонија)
Република Македонија во 1999 година | |
---|---|
|
Години : | 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 |
Векови: | 20 век · 21 век · 22 век |
Децении: | 1980-ти 1990-ти 2000-ти 2010-ти 2000-ти 2010-ти 2020-ти |
Години: | 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 |
Водачи
[уреди | уреди извор]- Претседател - Киро Глигоров (до 19 ноември); Борис Трајковски (од 19 ноември);
- Премиер - Љубчо Георгиевски
- Претседател на Собранието - Саво Климовски (од 19 ноември);
Настани
[уреди | уреди извор]јануари
[уреди | уреди извор]- 20 јануари - Донесен е закон за амнестија, според кој Руфи Османи и Алајдин Демири, градоначалници на Гостивар и Тетово, биле пуштени на слобода, осудени поради немирите од 9 јули 1997 години.
- 28 јануари - Република Македонија го признава Тајван.
февруари
[уреди | уреди извор]- 7 февруари - Глигоров во официјална посета на Франција[1].
- 12 февруари - Градскиот суд на Софија ја регистрира ОМО Илинден - Партија за економски развиток и за интеграција на населението (Пирин) како политичка партија - претседател Иван Сингартијски.
- 26 февруари - Кина стави вето на обновувањето на мандатот на УНПРЕДЕП во Советот за безбедност на ОН и според тоа мандатот на мисијата истече на 28 февруари.
март
[уреди | уреди извор]- 2 март – Во Скопје, во касарната "Гоце Делчев" се промовирани 64 водници на Армијата на Република Македонија, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука, денес Воена академија на РМ.
- 15 март – Во Скопје е основана ХОПС - Опции за здрав живот
- 6 март – Македонија побара помош од САД и НАТО како замена на мисијата на УНПРЕДЕП
- 20 март – започнало бомбардирањето на СР Југославија од страна на НАТО. Република Македонија примила 350.000 косовски бегалци.
- 24 март – НАТО бомбардира цели на Косово. Бран од бегалци во Македонија.
?? март - Р Македонија за првпат аплицира за членство во Европската Унија, иако поранешните социјалистички држави тоа го прават од 1992 г.
април
[уреди | уреди извор]- 22/25 април - на Самитот на НАТО во Вашингтон, Република Македонија заедно со уште девет земји беше вклучена во Акциониот план за членство.
мај
[уреди | уреди извор]- 19 мај - Непознати лица на ул. "Цветан Димов" во Скопје, оставиле полна торба со експлозив од која по активирањето тешко беше рането едно лице, а како последица заработи траен инвалидитет.
јуни
[уреди | уреди извор]- 9 јуни – Во Куманово СР Југославија и НАТО потпишуваат договор за прекин на огнот во СР Југославија.
- 23 јуни - Излегува првиот број на дневниот весник „Утрински весник“ во Скопје.
- 28 август - Во сообраќајна несреќа кај Катланово загина министерот Радован Стојкоски, како и неговата сопруга и ќерка и возачот на владиното „ауди“. Сообраќајната несреќа ја предизвика возило на НАТО кое се движеше во спротивна насока.
јули
[уреди | уреди извор]- 29 јули – Во Скопје, во ворната академија, е промовирано произведување во офицерски чин потпоручник на питомците од првата генерација школувана во Воената академија "Генерал Михаило Апостолски".
август
[уреди | уреди извор]септември
[уреди | уреди извор]- 3 септември - На граничниот премин Генерал Јанковиќ, почна да работи царинската служба на УНМИК, наплатувајќи ги царинските давачки во германски марки.
октомври
[уреди | уреди извор]- 31 октомври – Се одржува првиот круг од претседателските избори. Најголем број гласови освојува кандидатот на СДСМ, Тито Петковски.
ноември
[уреди | уреди извор]- 14 ноември - Се одржува вториот круг од претседателските избори. Победува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Трајковски.
- 15 декември - Борис Трајковски ја презема должноста Претседател на Република Македонија.
декември
[уреди | уреди извор]- 23 декември - Основана е Либералната партија на Македонија.
Култура
[уреди | уреди извор]Музика
[уреди | уреди извор]- Основана е група Верка.
- Основана е група Културно Уметнички Работници.
- Основана е група Лесен Удар.
- Основана е група Опструкција.
- Некаде во ноќта, албум на Тоше Проески.
- Обои ме, албум на Калиопи.
- Во двојка е поубаво, албум на Љупка Димитровска.
- Како да побегнам од се, албум на Врчак.
Филм и телевизија
[уреди | уреди извор]- Време, живот
- Каца - филм.
Книги и списанија
[уреди | уреди извор]- Излезе првиот број на списание Капитал.
- Излезе првиот број на Утрински весник.
- Мртвица од Матеја Матевски
- Разор од Јован Котески
- Лакримариј од Петре М. Андреевски
- Синот на Сонцето од Радован Павловски
- Заклучени во градот од Никола Маџиров
- Великата лирска песна од Санде Стојчевски
- Некаде никаде од Никола Маџиров
- Јустинијана, градот кој го нема од Данило Коцевски
- Ек и одек од Бранко Цветкоски
- Шарена поплава од Македонка Јанчевска
- Земјата на лажговците од Ненад Џамбазов
- Реинкарнирана тишина од Борис Апостолов
- Дом на месечината од Зоран Анчевски
- Не е се хаику од Петко Дабески
- Покривка на зборовите од Петко Дабески
- Диви магнолии од Јован Дамјановски
Архитектура
[уреди | уреди извор]- Изградена е браната Иловица.
- Осветена е црква „Св. Јован Крстител“ - Староец
- Изградена е црква „Св. Никола“ - Вирово
- Изградена е црква „Св. Петка“ - Велмевци
Останато
[уреди | уреди извор]- Започна да работи Актива.
- Основана е Фондација Метаморфозис.
Спорт
[уреди | уреди извор]Фудбал
[уреди | уреди извор]- ФК Слога Југомагнат стана шампион по фудбал во сезоната 1998/1999 година.
- ФК Вардар го освои купот на Македонија.
5 јуни 1999 |
Македонија | 1 – 1 | Хрватска | Градски, Скопје Гледачи: 10,000 Судија: Хуг Даглас (Шкотска) |
---|---|---|---|---|
Христов 80' | Шукер 20' |
9 јуни 1999 |
Ирска | 1 – 0 | Македонија | Лансдовн Роад, Даблин Гледачи: 28,108 Судија: Урс Мајер (Швајцарија) |
---|---|---|---|---|
Куин 60' |
5 септември 1999 |
Југославија | 3 – 1 | Македонија | Стадион ЈНА, Београд Гледачи: 22,000 Судија: Андерс Фрицк (Шведска) |
---|---|---|---|---|
Стојковиќ 37', 54' Савичевиќ 77' |
Ќириќ 64' (pen.) |
8 септември 1999 |
Македонија | 2 – 4 | Југославија | Градски, Скопје Гледачи: 18,000 Судија: Љубош Михел (Словачка) |
---|---|---|---|---|
Шаќири 60' Ќириќ 90' |
Милошевиќ 1' Бабунски 4' (o.g.) Станковиќ 14' Друловиќ 38' |
9 октомври 1999 |
Македонија | 1 – 1 | Ирска | Градски, Скопје Гледачи: 6,000 Судија: Хуан Фернандес Марин (Шпанија) |
---|---|---|---|---|
Ставревски 90' | Квин 18' |
* Пријателски натпревари
10 02 1999 15:00 |
Албанија | 2 – 0 | Македонија | Кемал Стафа, Тирана Гледачи: 6,000 Судија: Бориволос Георгиос (Грција) |
---|---|---|---|---|
Вата Руди 13' Богдан Ерјон 28' |
Report |
Кошарка
[уреди | уреди извор]- Годел Работнички стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига.
- МЗТ Босс Скопје го освои купот на Македонија.
- Основан е КК Торус.
Квалификации за Евробаскет 1999
- Романија – Македонија 59–71
- Македонија – Унгарија 64–58
21 јуни 20:45 |
Македонија | 67 – 71 | Франција | Тулуза |
22 јуни 18:30 |
Југославија | 83 – 68 | Македонија | Тулуза |
23 јуни 18:30 |
Македонија | 62 – 64 | Израел | Тулуза |
Ракомет
[уреди | уреди извор]- На светското првенство, Македонија го освои 18 место.
Починати
[уреди | уреди извор]- Петар Ангеловски, македонски биолог.
- Воислав Кушевски, македонски историчар.
- Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил, македонски историчар.
Родени
[уреди | уреди извор]- Елиф Елмас, македонски фудбалер.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Македонија е сè што имаме“, Киро Глигоров (2001), стр. 551.
|