Верка (група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верка
Верка на фестивалот Таксират 13, 03.12.2011 во Скопје
Биографски податоци
ПотеклоДелчево, Македонија
Жанровимакедонски метал
Период на активност1999 – денес
Членови
Симе Златков
Златко Андоновски
Влатко Нушев - Далтон
Марс Марсовски
Христијан Николовски - Хико
Поранешни членови
Бране Антовски - Блеки
Никола Тричковски - Маздрак
Новата постава на Верка - август 2014

Верка е музичка група од Делчево, Република Македонија. Нивниот стил претставува автентичен метал со елементи на традиционална македонска музика која вклучува народни инструменти како тапан, тарабука, гајда, кларинет и бендир. Членови на бендот се: Влатко Нушев - Далтон (тапани), Марс Марсовски (гитара), Симе Златков (вокал), Златко Андоновски (бас гитара) и Хико (тапан, тарабука).

Почетоци[уреди | уреди извор]

Верка се формирани во 1999 година од Маздрак (синтисајзер, вокал), Марс Марсовски (бас гитара) и Влатко Нушев – Далтон (тапани) кои во тоа време сè уште се активни во бендовите Modified Gods (Марс и Далтон) и New Age Messiah (Маздрак). Во овој состав, бендот прави неколку клупски свирки низ Македонија (Скопје, Штип, Кратово, Делчево, Пробиштип, Охрид). После една таква свирка, на Маздрак му го крадат синтисајзерот заедно со комплетниот програминг. Бидејќи нема доволно средства да набави нов синтизајзер, Маздак почнува да свири на бас гитара, Марс свири на гитара, а ним им се приклучува Бране Антовски – Блеки на народни инструменти (тапан, тарабука, гајда, кларинет, бендир) и со тоа се менува звукот на бендот.

Активност[уреди | уреди извор]

Во 2001 година, Верка добива прва награда од публика и жири комисија на фестивалот Рок фест во Скопје. Како победници, снимаат неколку песни во Студио М2 на Македонската радио-телевизија кои подоцна ги објавуваат како демо EP. Истата година, со победата на Демо Таксират свират на тогаш престижниот фестивал Таксират 1+2 во Скопје.

Во 2003 година, бендот го издава својот прв албум со наслов „Џага“ за Литиум рекордс – Скопје кој е еден од најпродаваните албуми за таа година[1]. По издавањето на албумот, активно настапуваат по клубови и фестивали (Аларм – Љубаниште, Екс-ју Рокс – Бугојно/БиХ). Еден од позначајните настапи на бендот во тој период е како предгрупа на бразилскиот состав Soulfly во Скопје.

И покрај веќе снимениот албум, Верка не добива голема шанса за промоција, поради тоа што издавачот и промотер, Литиум рекордс, не го почитува договорот. Затоа, по 2003 година следува непланирана пауза од настапи која бендот ја користи за создавање нова музика.
Во 2009 година, Верка го промовира спотот за новата песна со наслов „Огин“ и концертно се активира. Во декември 2010 година, самостојно го издаваат вториот албум „Моторни песни“, насловен според збирката поезија на македонскиот поет Никола Вапцаров.

Во текот на 2011 година, бендот се посветува на концертна промоција на албмот и одржува неколку настапи низ Македонија (Скопје, Делчево, Куманово, Битола).

Во јуни 2012 година, Верка заминува на турнеја низ Балканот и го промовира својот материјал со концерти во Суботица, Нови Сад, Белград, Загреб, Љубљана, Крањ, Белтинци, Сараево и Подгорица.

Од август 2012 година, Бране Антовски веќе не е член на бендот, а на негово место доаѓа Христијан Николовски - Хико.

Членови[уреди | уреди извор]

  • Симе Златков - вокал
  • Влатко Нушев – Далтон – тапани
  • Марс Марсовски – гитара
  • Христијан Николовски - Хико - тапан, тарабука.
  • Златко Андоновски - бас.

Поранешни членови[уреди | уреди извор]

  • Бране Антовски - Блеки - тапан, тарабука, кларинет (1999-2012)
  • Никола Тричковски - Маздрак - бас, вокал

Дискографија[уреди | уреди извор]

Демо (2001)[уреди | уреди извор]

Омот на Верка за демо еп.
Првото EP на Верка, издадено во 2001 година.

„Демо“ е EP кое содржи 5 песни снимени во Студио М2 на Македонската радио-телевизија. Истите песни се издадени во соработка со Литиум рекордс и бесплатно разделени. Веднаш потоа, повторно е отпечатен истиот тираж од страна на тогашниот фанзин „Cor, Cordis“ и поделен како подарок CD заедно со списанието.

Список на песни

1. Jaggah
2. Never Going Out Love
3. M.H.O. Parade
4. Veronica Dies
5. Flowers For Rose

Џага (2002)[уреди | уреди извор]

Омот на Верка за албумот Џага.
Албумот Џага, издаден во 2002 година.

„Џага“ е првиот албум на Верка, издаден во септември 2002 година за Литиум Рекордс кој истата година е еден од најпродаваните домашни албуми. Како деби албум, „Џага“ отвори простор за промоција на бендот, но недоволно квалитетниот звук на албумот не го прикажа вистинскиот потенцијал на бендот. Песните на албумот се напишани на македонски и англиски јазик.

Список на песни

1. M.H.O. Parade
2. Jaggah
3. Тешко!
4. Индустрија
5. Поразличен свет
6. Македонците
7. Never Going Out Love
8. Veronica Dies
9. Testimony
10. Flowers For Rose

Моторни песни (2010)[уреди | уреди извор]

Омот на Верка за Моторни песни.
Албумот Моторни песни, издаден во 2010 година.

Моторни песни“ е името на вториот албум на Верка, издаден од бендот во декември 2010 година. Насловот на албумот и неговиот омот се позајмени од збирката поезија со исто име на македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров. Две песни со наслов „Песни“ и „Ѓерданот“, содржат стихови од песните „Претсмртно“ и „Проштално“ на Вапцаров. Албумот е снимен во студиото на Евгениј Каревски во Скопје. Сите песни се напишани на македонски јазик.

Список на песни

1. Панк! Панк! Панк!
2. New Found Faith
3. Црно оро
4. Песни
5. Ѓерданот
6. Иднина небиднина
7. Огин
8. Такаметера

Werk.A (2014)[уреди | уреди извор]

Третиот албум на Верка, снимен и продуциран од Влатко Нушев, подоцна повторно издаден од Miner Recordings во мај 2015, содржи 9 песни, некои на англиски, а некои на македонски јазик. Ова е нивниот прв албум по промената на поставата. Гостински вокал на Ортома е Даме Златков, постар брат на сегашниот пејач Симе Златков.

Список на песни

1. Extreme cold
2. Хикошиба
3. 1+1
4. Ортома
5. Џунгла
6. Enki
7. Наземјата
8. Deadlove
9. iMaster

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]