Лесен Удар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лесен Удар
членовите на Лесен Удар
Биографски податоци
ПотеклоМакедонија Скопје, Македонија
ЖанровиРап, алтернативен хип хоп
Период на активност1999–денес
ИздавачиУрбан Пулс[1] и Ултра Лајт продукција
СоработнициМарчело, Дениро, Декстар
Мреж. местоБлогот на групата
Членови
Игор - МС Љубов
Мартин - МС Мартинез

Лесен Удар е македонска хип хоп група од Скопје. Групата била основана во 1999 година од страна на МС Љубов и Мартинез.[2] Имаат издадено еден студиски албум насловен Полесно од хелиум, кој бил објавен во 2007 година. Иако жанровски припаѓаат во хип хоп водите, бендот за својата музика вели дека е „стиховна поезија“. Во нивните песни освен хип хоп елементи се забележуваат и примеси од реге и амбиентална музика. Нивните стихови најчесто имаат метафорично значење.[3]

Поради обврските на факултет, групата направила четиригодишна пауза, по што се вратила на музичката сцена потпишувајќи за Урбан Пулс.[4]

Со песната „Лепливи прсти“ дуото влезе во финалето на натпреварот организиран од Интернационалната музичка младина, каде се избирала најдобра песна со тематика против корупцијата.[5] Во песните „И тие денови“ и „Сафирски прстен“ како гости се појавуваат Симона и Ива, кои со својот вокал ги исполнуваат рефрените поединечно.

Имаат настапувано на повеќе фестивали и манифестации, од кои поважни се настапите како предгрупа на Гуру ск, концерти во клубовите Вулкан и Кастро, како и појавувањето на фестивалите Таксират и Виноскоп.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]