Петар Ангеловски (биолог)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За сценографот со исто име видете Петар Ангеловски (сценограф)

Петар Ангеловски (Луково, Кратовско, 16 септември 1943Скопје, 1999) бил македонски биолог и унивезритетски професор.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Ангеловски е роден на 16 септември 1943 година во селото Луково, Кратовско. Основното образование го завршил во Злетово, а средното во Струмица. По матури­рањето во 1963 година се вработил во ЗИК "Овче Поле" во Свети Николе, каде што како земјоделски тех­ничар рабо­тел една година. Во 1964 се за­пи­шал на Природно-математичкиот факултет во Скопје - група биологија, завр­шувајќи ги студиите во 1968 година за неполни 4 години. За асистент на Институтот за биологија при ПМФ бил избран истата година, вклучу­вајќи се веднаш во нас­тавната и во научноистражувачката дејност на Зоолош­ки­от завод. Во учебната 1972/73 година се запишал на постдипломски студии на Природно-математичкиот факултет на Свеучи­лиш­тето во Загреб - насока хидро­биологија, во рамките на кои ја пријавил и ја одбранил во 1975 година магистерската работа под наслов „Sastav i dinamika populacije i bio­mase hironomida kamenitog staništa Dojranskog jezera”и со тоа се здобил со научниот степен магистер на биолошките науки. Во почетокот на 1976 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје пријавил те­ма за изработка на докторска дисертација под наслов ”Хирономидната фауна на Дојранското Езеро”, што ја одбранил во 1980 година. Истата година бил избран за до­цент по предметот органска еволуција. Во периодот 1981 - 1983 година ја вршел функцијата про­де­кан на Биолошкиот факултет. Во 1986 е избран за вонреден професор, а во 1992 година за ре­д. про­фесор по предметите инвертебрата и органска еволуција. Покрај обемната наставна работа, д-р Ангеловски има постигнато значајни резултати и во научноистражувачката работа. Таа била насочена кон хид­робиологијата на копнените води, особено кон таксономијата и екологијата на хирономидната фауна, поради што престојувал извесно време во хидробиолошката лабораторија во Загреб и во Институтот за биолошки истражувања "Синиша Станковиќ" во Белград. Како ре­зул­тат на тоа, автор е на повеќе научни трудови и учесник на повеќе научни и стручни собири. Ангеловски починал во 1999 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „За инстирутот“ (македонски). Филозофски факултет - УКИМ. конс. 2011-08-28.