Македонија во 2021 година
| |||||
Децении: | |||||
---|---|---|---|---|---|
Поврзано: | Други настани во 2021 г. Времеслед на македонската историја |
Ова е список на настаните во Македонија кои се случиле во 2021 година.
Државно водство
[уреди | уреди извор]Настани
[уреди | уреди извор]јануари
[уреди | уреди извор]- 2 јануари - Во пожар кој избил доцна вечерта изгоре голем дел од струмичкиот трговски центар Глобал.[1][2]
- 12 јануари - Собранието го исгласа новиот состав на Државната изборна комисија на чело со Александар Даштевски.[3]
- 13 јануари - Интервенти единици на македонската полиција упаднаа на традиционалниот Вевчански карневал со цел истиот да биде спречен поради непочитување на мерките за заштита од КОВИД-19.[4] Оваа акција на предизвика бурни реакции низ јавноста.[5]
- 23 јануари - На градилиштето на комплексот Дајмонд на турската градежна компанија Лимак во Скопје биле затекнати 97 илегални странски работници кои биле ангажирани од 15 фирми подизведувачи.[6][7]
- 25 јануари - Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, го потпиша указот на законот за попис со што се исполнија правните услови за да се изведе пописот 2021 во април.[8]
- 25 јануари - Насер Зибери е избран за нов народен правобранител.[9]
- 27 јануари - На комуникациската платформа Телеграм е откриена група наречена „Јавна соба“ во која се споделувале порнографски материјали и лични податоци од млади девојки.[10][11]
- 31 јануари - Живко Мукаетов доби трет мандат како претседател на Ракометната федерација на Македонија.[12]
февруари
[уреди | уреди извор]- 1 февруари - Во Софија е уапсен полицискиот специјалец Игор Спасов кој избега од издржување на 14 годишната затворска казна за убиството на Матин Нешковски во јуни 2011.[13]
- 3 февруари - Во организација на повеќе невладини организации се идржа протестен марш за поддршка на жртвите на сексуално вознемирување од страна на членовите на групата „Јавна соба“.[14]
- 3 февруари - Вицепремиерот Никола Димитров ја доби поддршката од мнозинство пратеници по поднесената интерпелација од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.[15]
- 5 февруари - Во Собранието на Македонија се одржа јавна расправа за предложената нацрт-концепција за основното образовение.[16][17] Истата во периодот пред расправата беше цел на остри критики од страна на јавноста и стручната фела.[18][19][20][21][22][23][24][25]
- 8 февруари - Министерот за здравство, Венко Филипче, го потпиша договорот за набавка на 200,000 ББИБП-КорВ вакцини од Кинеската Национална Фармацевтска Групација (Синофарм).[26][27]
- 8 февруари - ОЈО отвори истрага против 4 лица осомничени за стечајот на Еуростандард банка и перење пари.[28]
- 10 февруари - Двотретинско мнозинство делегати на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ја потпишале иницијативата за вонреден конгрес за промена на раководството на партијата.[29]
- 13 февруари — Кире Лазаров е назначен за нов селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија.[30][31]
- 14 февруари — пристигнала првата пратка со 4680 дози од вакцината против КОВИД-19 на производителот Фајзер како донација на Република Србија.[32][33]
март
[уреди | уреди извор]април
[уреди | уреди извор]мај
[уреди | уреди извор]- 11 мај — собранието изгласало контроверзен закон за легализација на дивоградби со кои би се овозможило легализирање на беспавно изградени објекти во заштитени подрачја и национални паркови.[34]
- 14 мај — претседателот Стево Пендаровски не го потпишал указот на конторверзниот закон за легализација на дивоградби.[35]
- 15 мај — пристигнала втората пратка на вакцини против КОВИД-19 од кинескиот производител Синофарм.[36]
Култура
[уреди | уреди извор]Музика
[уреди | уреди извор]Филм и телевизија
[уреди | уреди извор]Згради и градби
[уреди | уреди извор]Спорт
[уреди | уреди извор]Фудбал
[уреди | уреди извор]Кошарка
[уреди | уреди извор]Ракомет
[уреди | уреди извор]На 31 јануари претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, доби трет четиригодишен мандат.[12] На 13 февруари Кире Лазаров е назначен за нов селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија.[30][31]
Репрезентација
[уреди | уреди извор]Како последица на пандемијата на коронавирус во 2020 се откажаа европските квалификации за светското првенство во 2021.[37][38] Европската ракометна федерација одлучи да го искористи конечниот пласман на европското првенство 2020 за определување на учесници.[38] Со ова Македонија не доби пласман на првенството.
Во декември 2020 Меѓународната ракометна федерација ја објави списокот на резервни репрезентации кои би учествувале ако некоја од државите се откажат од учество. Македонија беше прва на листата за замени.[39] На 12 јануари 2021 ИХФ објави дека Чешка се повлекла и македонската репрезентација го зазема нивното место.[40][41]
Македонија го заврши учеството на светското првенство на 23. место што претставува историски најлошиот пласман. Од вкупно 6 одиграни натпревари, македонската репрезентација победи на само 1 со кој успеа да помине во главната фаза.
По дебаклот на првенството, селекторот на ракометната репрезентација, Данило Брестовац, се повлче од функцијата во спогодба со РФМ.[42]
Клубови
[уреди | уреди извор]Одбојка
[уреди | уреди извор]На 16 јануари машката одбојкарска репрезентација со победа над Турција се пласирала на европското првенство 2021.[43]
Починати
[уреди | уреди извор]- Зоран Џорлев — македонски виолинист и професор[44]
- Драгослав Младеновиќ — македонски хирург и професор[45]
- Бранка Станковска — македонска радио и телевизиска водителка[46]
- Ристе Недановски — македонски новинар[47]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Во пожар во ТЦ „Глобал" во Струмица, изгореа десетина продавници“. Макфакс. Струмица. 3 јануари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „68 дуќани и тезги се со штети од пожарот во струмички „Глобал"“. Сакам Да Кажам. Струмица. 30 јануари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Собранието ја изгласа новата ДИК на чело со Даштевски“. Сакам Да Кажам. Скопје. 12 јануари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Полицијата го растури Вевчански карневал, не се почитувале мерките против ковид-19“. 360 степени. Вевчани. 13 јануари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Бурни реакции по интервенцијата на МВР – Спасовски: Во Вевчани не се случи ништо спектакуларно“. ТВ 21. Скопје. 15 јануари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Не 50, туку 97 илегални ѕидари открила и привела полицијата на градилиштето на „Лимак", во обвинителство ќе бидат пријавени и 15 подизведувачи“. Сакам Да Кажам. Скопје. 23 јануари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Од 97-те илегални ѕидари приведени на градилиштето на „лимак", 94 биле од турција, тројца од албанија, судот почна да ги протерува“. Сакам Да Кажам. Скопје. 1 февруари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Пендаровски го потпиша указот, попис по 20-тина години во април“. Сакам Да Кажам. Скопје. 25 јануари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Насер Зибери избран за нов народен правобранител“. Сакам Да Кажам. Скопје. 25 јануари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Групата „Јавна соба" на Телеграм повторно активна“. Канал 5. Скопје. 27 јануари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „„Јавна соба" со мрачни тајни“. DW Македонија. Скопје. 27 јануари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ 12,0 12,1 „Мукаетов едногласно доби трет мандат за претседател на ракометната федерација“. Сакам Да Кажам. Скопје. 30 јануари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Во Софија фатен Игор Спасов, кој избега на пола од 14-годишната затворска казна“. Сакам Да Кажам. Скопје. 1 февруари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „„Јавна соба" е шанса за полицијата и обвинителството да покажат дека се залагаат за женските права и во пракса, кажаа на протестот за поддршка на жртвите на сексуално вознемирување“. Сакам Да Кажам. Скопје. 3 февруари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ Стојанчова, Пелагија (3 февруари 2021). „Димитров преживеа уште една интерпелација“. Радио Слободна Европа. Скопје. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Јавна расправа по „Нацрт-концепцијата за основното образование"“. Собрание. Скопје. 5 февруари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Не смееме да губиме години, рече академик Камбовски на првата јавна расправа за реформите во образованието“. Сакам Да Кажам. Скопје. 5 февруари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Писмо до министерката Царовска со ДФРМ, СХТМ и МБД“. Канал 5. Скопје. 25 декември 2020. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Реформите во образованието ја разбрануваа јавноста“. DW Македонија. Скопје. 21 декември 2020. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Остри критика за реформите во образованието кои ги најави министерката Царовска“. Алсат М. Скопје. 17 декември 2020. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ Опетческа, Искра (17 декември 2020). „Професори: не е здраво да се прават тие експерименти на нашата иднина“. 24 вести. Скопје. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ Стојанчов, Срѓан (17 декември 2020). „Образованието финско, пампурот од турско“. Радио Слободна Европа. Скопје. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Историчарот Младеновски: Не е здраво да се прават тие експерименти на нашата иднина, на децата“. 24 вести. Скопје. 17 декември 2020. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Студенти на Институтот за историја ја ставаат под прашалник Концепцијата за ново основно образование“. Радио МОФ. Скопје. 16 декември 2020. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Митко Панов: Бришењето на историјата е сомнително поради условот со евроинтеграциите“. Вечер. Скопје. 16 декември 2020. Посетено на 8 февруари 2021.[мртва врска]
- ↑ „Кинеските вакцини доаѓаат, договорот тајна“. DW Македонија. Скопје. 8 февруари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Министерот Филипче го потпиша договорот за набавка на кинеската вакцина“. Влада на Македонија. Скопје. 8 февруари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Истрага на ОЈО: Четири лица од „Еуростандард банка" осомничени за стечајот и за перење пари“. 360 степени. Скопје. 8 февруари 2021. Посетено на 9 февруари 2021.
- ↑ „Вонреден конгрес за смена на Мицкоски од партиското кормило“. DW Македонија. 10 февруари 2021. Посетено на 10 февруари 2021.
- ↑ 30,0 30,1 „Кире Лазаров нов селектор на ракометната репрезентација“. Макфакс. 13 февруари 2021. Посетено на 15 февруари 2021.
- ↑ 31,0 31,1 Димовски, Иван (13 февруари 2021). „ОФИЦИЈАЛНО: Кирил Лазаров е нов селектор на Македонија!“. gol.mk. Посетено на 15 февруари 2021.
- ↑ „На Табановце предадени првите вакцини од Србија“. Радио Слободна Европа. 14 февруари 2021. Посетено на 15 февруари 2021.
- ↑ „Вакцинација почнува в среда, кажа Филипче по добивањето вакцини од Србија“. Сакам Да Кажам. 14 февруари 2021. Посетено на 15 февруари 2021.
- ↑ „Собранието усвои нов закон за дивоградби, ќе може да се легализира и во национални паркови и заштитни зони на извори на вода за пиење“. Сакам Да Кажам. 11 мај 2021. Посетено на 15 мај 2021.
- ↑ „Пендаровски кажа „не" за легализацијата на дивоградбите“. DW Македонија. 14 мај 2021. Посетено на 15 мај 2021.
- ↑ „Стигнаа уште 100.000 вакцини „Синофарм", предност ќе имаат постарите, младите ќе почекаат“. Сакам Да Кажам. 15 мај 2021. Посетено на 15 мај 2021.
- ↑ „ЕХФ ги откажа квалификациите“. РФМ. 24 април 2020. Архивирано од изворникот 16 мај 2020. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ 38,0 38,1 „Information on the future of the European handball season 2019/20“. EHF. 24 април 2020. Архивирано од изворникот 20 октомври 2020. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ Мишевски, Зоран (5 декември 2020). „Има надеж! Македонија е прва резерва за учество на СП во ракомет во Египет“. gol.mk. Скопје. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „North Macedonia to replace Czech Republic at 27th IHF Men's World Championship“. ИХФ. 12 јануари 2021. Архивирано од изворникот 14 јануари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „ИХФ: Македонија како прва резерва патува на Светското првенство во Египет“. Фокус. Скопје. 12 јануари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ Стерјовски, Зоран (26 јануари 2021). „Брестовац повеќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација“. МИА. Скопје. Посетено на 8 февруари 2021.[мртва врска]
- ↑ Упале, Горан (16 јануари 2021). „МАКЕДОНИЈА Е НА ЕП: Турција на колена пред нашите „спартанци"!“. gol.mk. Скопје. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Од коронавирус почина виолинистот и професор Зоран Џорлев“. Сакам Да Кажам. Скопје. 1 јануари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „IN MEMORIAM: Почина Проф.Д-р Драгослав Младеновиќ“. Канал 5. Скопје. 7 јануари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Почина легендарната радио и ТВ водителка Бранка Станковска“. Сакам Да Кажам. Скопје. 21 јануари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
- ↑ „Почина новинарот Ристе Недановски“. Сакам Да Кажам. Скопје. 5 февруари 2021. Посетено на 8 февруари 2021.
|