Зоран Џорлев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зоран Џорлев
Животописни податоци
Роден(а)10 јануари 1967
Струмица, СР Македонија, СФРЈ
Починал(а)1 јануари 2021(2021-01-01) (возр. 53)
Скопје, Македонија
ЖанровиНародна музика
Занимањавиолинист, директор на образовни и културни установи
Инструментивиолина

Зоран Џорлев (10 јануари 1967, Струмица1 јануари 2021, Скопје[1]) — македонски виолинист, вокален изведувач, и професор. Бил син на Наско Џорлев, композитор на народна музика.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството, живеејќи на улицата „Пере Тошев“ во близина на киното, заедно со братот Ристо (Ице) и сестрата Софче. Тој бил дете на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му бил познат композитор на народна музика и водач на оркестар. Кога бил првооделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“.[3]

Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат бил по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.[4] Тој и долги години беше и водител на музички емисии како: Емисија "Зајди Зајди" на Телевизија Алфа во период од 2009 до 2010 година, "Зора Зори" на Сител-телевизија 2011-2012 година, "По патот на песната" на МТВ 2015 година и последната негова емисија "Запеј ја онаа нашата" на Телевизија Алфа 2019-2020 година.

Починал на 1 јануари 2021 г. поради боледување од коронавирус.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Врвниот виолинист Зоран Џорлев ја изгуби битката со Ковид-19“. А1Он. Посетено на 2021-01-01.
  2. „Нова веб страница на Зоран Џорлев“. Вест. Посетено на 2011-07-02.
  3. Валентина Тодоровска, „Никогаш не ја заборавив мојата улица во Струмица“, Утрински весник, година XVI, број 4721, петок, 27 февруари 2015, стр. 22.
  4. „Зоран Џорлев директор на „Танец". Дневник. 4 јануари 2011. Посетено на 2011-07-02.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]