Бранка Станковска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бранка Станковска
Родена 30 април 1931
Скопје
Починала 21 јануари 2021(2021-01-21) (возр. 89)
Скопје
Националност Македонка
Позната радио и ТВ водителка

Бранка Станковска (30 април 1931, во Скопје21 јануари 2021) — македонска радио и тв водителка. Во Македонската радио-телевизија го поминала целиот работен век (1948-1987). Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читала вестите на првиот телевизиски „Весник“, заедно со Благоја Крстевски, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија. Била една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „СТАНКОВСКА, Бранка“. Македонска Енциклопедија. 11 октомври 2018. Посетено на 21 јануари 2021.