Стечај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Стечај претставува престанок на работата на претпријатието поради несолвентност (поглем износ на обврски од капиталот).

Правно регулирање на стечајот[уреди | уреди извор]

Во светот постојат повеќе модели на правно регулирање на отворањето стечајна постапка:[1]

  • неспособност да се плаќаат достасаните обврски
  • неспособност да се плаќаат достасаните обврски или недостиг на средства (помали средства од обврски)
  • модел без прецизен законски критериум каде судијата има право да одлучи дали ќе отвори стечајна постапка
  • модел со комбинирани критериуми

Стечајот во Македонија[уреди | уреди извор]

Улсовот за започнување на постапката за стечај е дефиниран во членот 5 од Законот за стечај, којшто пропишува дека „должникот е неспособен за плаќање ако во период од 45 дена од која било негова сметка кај кој било носител на платниот промет не е исплатен износот што требало да биде исплатен врз основа на важечките основи за плаќање“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Александар Стојков, „Алтман во наше маало“, Економија и бизнис, година 19, број 232, октомври 2017, стр. 34-35.
  2. Александар Стојков, „Алтман во наше маало“, Економија и бизнис, година 19, број 232, октомври 2017, стр. 34.