Саша Ќириќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Саша Ќириќ
Sasa Ciric Nurnberg.jpg
Лични податоци
Полно име Саша Ќириќ
Роден на 11 јануари 1968 (1968-01-11) (52 г.)
Роден во Куманово, Југославија
Висина 1.83
Играчки податоци
Позиција напад
Повлекување 2006
Младинска кариера
0000–1987 ФК Слога Умин Дол
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1987–1989 Металург Скопје Металург Скопје
1989–1991 Пелистер Пелистер
1991–1993 Вардар Вардар 33 (35)
1993 ЦСКА Софија ЦСКА Софија 14 (8)
1994–1995 Вардар Вардар 33 (36)
1995–1997 Арау Арау 73 (30)
1998–1999 Нирнберг Нирнберг 45 (22)
1999–2000 Тенис Борусија Берлин Тенис Борусија Берлин 32 (14)
2000–2002 Ајнтрахт Франкфурт Ајнтрахт Франкфурт 25 (11)
2002–2004 Нирнберг Нирнберг 47 (21)
2004–2006 Кикерс Офенбах Кикерс Офенбах 32 (12)
Репрезентација
2002–2006 Македонија Македонија 26 (8)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Саша Ќириќ (Куманово, 11 јануари 1968) — поранешен македонски фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.

Кариера[уреди | уреди извор]

Својата фудбалска кариера Ќириќ ја започнува во своето родно место, за локалниот клуб ФК Слога (Умин Дол) во најниската лига на поранешна Југославија. Од таму, во 1986 година заминува директно во најсилна југословенска лига во ФК Вардар од Скопје, каде што добива 2-годишен стипендиски договор, но останува само 6 месеци за да биде потоа одстапен на ФК.Металург (Скопје) . По поминати 1,5 години и отслужување на воениот рок, во лето 1989 година потпишува договор за ФК Пелистер од Битола, каде што под водство на тренерот Ѓоко Хаџиевски прераснува во голгетер и водач на екипата. Во 1991 повторно се враќа во ФК. Вардар каде што настапува во последната сезона од југословенската лига, за да веќе наредната сезона 92/93 со клубот, во новото Македонско првенство,ги постави рекордите кои до денеска сѐ уште ненадминати. Пред сè тука се двете титули за најдобар стрелец во првенството, од кои втората со 36 голови е и денеска рекордна,3 Шампионски титули, 2 Купа на Македонија, а исто така за одбележување се и сите негови 77 првенствени натпревари во Македонското првенство без ниту еден пораз. Во меѓувреме, во сезоната 93/94, имаше краток 8-месечен „излет„ во ЦСКА Софија, имајќи ги своите први интернационални настапи. Во 1995 година заминува во Швајцарскиот клуб Арау, каде што после поминати 2 и пол сезони, на свои 30 години, а на инсистирање на тренерот Феликс Магат,заминува во една од најсилните Европски лиги Германската Бундеслига во ФК Нирнберг. Мошне брзо станува миленик на публиката и голгетер на тимот пласирајќи се веќе во својата прва Бундеслига сезона во врвот на листата на најдобри стрелци. Во 1999 година заминува во второлигашот Тенис Борусија од Берлин за рекордни, во тоа време, 4,5 милиони обесштетување, но по одземање на лиценцата на клубот веќе после една година заминува повторно кај Феликс Магат во првата Бундеслига, овојпат во Ајнтрахт Франкфурт. Во 2002 се враќа во, како што и самиот кажува, својот најомилен клуб Нирнберг настапувајќи во наредните две сезони. Професионалната кариера ја завршува, во традиционалниот Германски клуб Кикерс Офенбах, со 38 години.