Ѓорѓи Христов (фудбалер)
Ѓорѓи Христов | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Ѓорѓи Христов | ||
Роден на | 30 јануари 1976 | ||
Роден во | Битола, Југославија | ||
Висина | м | 1,82||
Позиција | напад | ||
Младинска кариера | |||
1991-1994 | ФК Пелистер | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1994–1997 | ФК Партизан | 61 | (21) |
1997–2000 | ФК Барнсли | 45 | (8) |
2000–2003 | ФК НЕЦ Најмеген | 55 | (18) |
2003–2004 | ФК Зволе | 13 | (4) |
2004–2005 | ФК Данфермлин Атлетик | 8 | (0) |
2005–2006 | ФК Дебрецен | 2 | (0) |
2006 | ФК Хапоел Назарет | 7 | (3) |
2006–2007 | ФК Ники Волос | 0 | (0) |
2007 | ФК Олимпијакос Никозија | 6 | (0) |
2007–2008 | ФК Ден Бош | 27 | (8) |
2008-2009 | ФК Баку | 15 | (9) |
2009-2010 | JJK Jyväskylä | 9 | (1) |
Репрезентација | |||
1995–2005 |
![]() | 48 | (16) |
|
Ѓорѓи Христов (30 јануари 1976, Битола, Македонија) — поранешен македонски фудбалер и фудбалски тренер.
Фудбалска кариера[уреди | уреди извор]
Ѓорѓи Христов е роден на 30 јануари 1976 година во Битола, каде што ја започнал фудбалската кариера. Најпрвин играл во ФК Пелистер од Битола, а потоа променил поголем број клубови во странство, како што се:
- ФК Партизан, Белград, Србија
- ФК Барнсли, Барнсли, Велика Британија
- ФК НЕЦ Најмеген
- ФК Зволе
- ФК Данфермлин Атлетик
- ФК Дебрецен, Дебрецен, Унгарија
- ФК Хапоел Назарет, Назарет, Израел
- ФК Ники Волос, Волос, Грција
- ФК Олимпијакос Никозија, Никозија, Кипар
- ФК Ден Бош
- ФК Баку, Баку, Азербејџан и
- JJK Jyväskylä.
Исто така, од 1995 до 2005 година, Христов бил член на Македонската фудбалска репрезентација за која одиграл 48 натпревари и постигнал 16 голови.
Тренерска кариера[уреди | уреди извор]
На 4 октомври 2011 година, Христов ја презел тренерската позиција во ФК Металург Скопје, иако, поради немањето професионална тренерска лиценца, формално како тренер на клубот се водел Александар Влахо. Меѓутоа, по поразот од ФК Шкендија Тетово од 1:5 во реваншот од четврт-финалето на Купот на Македонија, во ноември 2012 година, Христов си поднесол оставка.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ "Христов поднесе оставка", Дневник, година XVI, број 5022, 23 ноември 2012, стр. 23.