Водолија (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Водолија
Водолија - МРТВ Акустичен концерт - 2010
Животописни податоци
ПотеклоСкопје, Македонија
ЖанровиРок,Алтернативен Рок,Поп Рок
Период на активност1991-1998
2005-Денес

Водолија — македонска рок група оформена 1989 година но официјално започнува во 1991 година кога го има својот прв официјален настап на Поп-Рок фест 1991 и го снима првиот официјален сингл во студиото М2 на Македонската радио-телевизија. Групaта има издадено три студиски албуми. Првите два албума се снимени во студиото на Владимир Петровски - Картер од Бадмингтонс а третиот албум е снимен во студиото на фронтменот на групата Водолија Ристо Апостолов. Тие трипати учесвува на Националникот избор на песна за Евровизија -Скопје фест 2009 со песната (Мојот Тв), Скопје фест 2010 со песната (Солза) и Скопје фест 2011 со песната (Не враќај се). Автор на музиката и текстовите на песните е фронтменот Ристо Апостолов.

Во јуни 2010 одржуваат акустичен концерт во просториите на Македонската радио-телевизија на кој ги свират песните од третиот студиски албум. Во октомври 2010 концертот се емитува на првиот канал на МТВ.

Во ноември 2011 година тие се добитници на наградата за најдобра продукција со песната (Ти не си). Автор и музички продуцент на песната е фронтменот на Водолија Ристо Апостолов а во 2012 ја претставуваат Македонија на интернет фестивалот INFE VISION 2012 во организација на интернационалните евровизиски обожаватели со песната (Мојот ТВ)

На 23ти и 24ти август 2013 тие настапуваат на Охрид фест 2013 со песната (Радост и бол) Автор на истата е фронтменот на групата Ристо Апостолов.

Vodolija 2014

Дискографија[уреди | уреди извор]

Синглови[уреди | уреди извор]

Поведи ме - 2023
Страст - 2022
Полна со магија - 2020
Само еден - 2019
Љубовна песна - 2017
Кога и како - 2016
Одам напред - 2015
Се што ми треба - 2015
Како од бајки - 2015
Радост и бол - 2013
Не враќај се - 2011
Солза - 2010
Мојот ТВ - 2009
Сеќавања - 2008
Ти не си - 2007
Измислен од бајки - 2006

Албуми[уреди | уреди извор]

Љубов или Страсти - 1996 (Касета)
Хазард - 1997 (Касета)
Се што е свето - 2009/2010 (ЦД)

Музички изданија од Водолија може да се најдат на ВБУ Музички Регистар

Надворешки врски[уреди | уреди извор]