Ристо Апостолов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ристо Апостолов
Ристо Апостолов - 2011
Ристо Апостолов - 2011
Основни податоци
Родено имеРисто Апостолов
Роден(а)Скопје, Македонија
Жанр(ови)Рок, Алтернативен Рок,
Поп Рок,Панк,Њу Вејв,
Саунд Трак
Занимање/њаКомпозитор
Текстописец
Продуцент
ИнструментиВокал,Гитара,Бас,Прим,
Клавијатури ,Тапани
Години на активност1991–Денес

Ристо Апостолов — македонски музичар, композитор, продуцент, водач на алтернативниот рок состав Водолија.

Со Водолија како изведувач, автор и продуцент на песните учествува на Македонскиот избор на песна за Евровизија 2009, 2010 и 2011 година со песните (Мојот Тв), (Солза) и (Не враќај се).

Студиски ја продуцира и аранжира песната Динг Донг со која Рок Агресори настапија на Македонскиот избор на песна за Евровизија 2009.

Со својата матична група Водолија има издадено три студиски албуми. Првите два албума се снимени во студиото на Владимит Петровски-картер од Бадмингтонс а третиот албум е снимен во неговото студио.

Во 2008/2009 година снима два дуета со Американската пејачка Соња Саурук од Њу Џерси за песните (Бест оф јор лав) и (Самертајм). Самертајм е дел од третиот студиски албум на Водолија.

Во ноември 2011 тој ја добива наградата за најдобра продукција за песната на (Ти не си) која ја изведува со Водолија.

Во јуни 2010 заедно со својот состав Водолија одржа акустичен концерт во просториите на Македонската радио-телевизија на кој беа изведени песните од третиот албум на Водолија. Истиот се емитуваше во октомври 2010 на првиот канал на МТВ.

Со Водолија има издадено три студиски албума и е комплетен автор на песните.

Во 2012 со Водолија ја претставува Македонија на интернет фестивалот INFE VISION 2012 во организација на интернационалните евровизиски обожаватели со песната (Мојот ТВ) кој е и автор на истата.

Тој е композитор на песната (Радост и бол) со која на 23 и 24 август 2013 заедно со својот бенд Водолија настапува на Охрид Фест 2013 во поп но и во интернационалната вечер.

Во 2015 година глуми како специјален гост во филмот Каде се парите, а песната Се што ми треба кој ја исполнува со својот состав Водолија и истовремено е автор на истата е дел од саундтракот на филмот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]