Прејди на содржината

Тони Мицевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тони Мицевски
Лични податоци
Роден на 20 јануари 1970(1970-01-20)(54 г.)
Роден во Битола, СР Македонија, СФРЈ
Висина 1.83 м
Позиција Среден ред
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1987–1990 Поешево 87 (22)
1990–1991 Новаци 25 (8)
1991–1995 Пелистер 110 (37)
1995 Силекс 4 (1)
1996–1998 Ханза Росток 46 (3)
1998–1999 ТеБе Берлин 19 (4)
1999–2000 Пелистер 25 (11)
2000–2001 Енерги Котбус 16 (2)
2001–2002 Победа 10 (4)
2002–2003 Оснабрик 36 (2)
2004–2006 Валенхорст
2006–2007 Ешен/Маурен
2011 Поешево
Репрезентација
1993–2002 Македонија 44 (4)

Тони Мицевски (роден 20 јануари 1970 година) ― македонски поранешен професионален фудбалер кој играше како играч од средниот ред.[1]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Мицевски е роден во Битола, СР Македонија, СФРЈ. Тој минал голем дел од својата професионална кариера во Германија.

Во 2018 година, и покрај својата возраст, тој настапувал за ФК Поешево во четвртата по ранг ОФС Битола, заедно со уште еден познат ветеран во Горан Ставревски.[2][3]

Меѓународна кариера

[уреди | уреди извор]

Мицевски го имал своето деби за сениорската репрезентација на Македонија на пријателскиот натпревар во октомври 1993 година на гостувањето против Словенија, кој бил прв службен натпревар за Македонија во историјата, и постигна 44 натпревари и четири гола.[4] На 9 ноември 1996 година, Мицевски и Македонија го победиле Лихтенштајн со 1-11. Тони Мицевски бил во почетната единаесетка и капитен на тој натпревар и постигнал два гола во 45. и 49. минута.[5][6]

Својот прв гол го постигнал против Ерменија во Скопје на 6 септември 1995 година (1–2). Неговиот последен меѓународен натпревар бил пријателскиот натпревар против Финска во април 2002 година.[7]

Репрезентативни голови

[уреди | уреди извор]
Список на меѓународни голови постигнати од Тони Мицевски
бр. Датум Место на одржување Противник Резултат при гол Краен резултат Конкуренција
1 6 септември 1995 Градски стадион, Скопје, Македонија  Ерменија 1–0 1–2 Квалификации за Европско првенство 1996
2 9 ноември 1996 Спортпарк Ешен-Морен, Ешен, Лихтенштајн  Лихтенштајн 6–0 11–1 Квалификации за Светско првенство 1998
3 7–0
4 28 март 2001 Стадион Градски, Скопје, Македонија  Турција 1–0 1–2 Квалификации за Светско првенство 2002
  1. „Micevski, Toni“ (германски). kicker.de. Посетено на 31 јули 2023.
  2. Здравески, Филип (11 мај 2018). „Toni Micevski still has it! (Video)“. macedonianfootball.com. Архивирано од изворникот 2022-07-03. Посетено на 31 јули 2023.
  3. Танасковски, Мартин (5 октомври 2018). „Легендата Тони Мицевски и на 48 години има „топ" во ногата!“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2023-07-31. Посетено на 31 јули 2023.
  4. Mamrud, Roberto (29 февруари 2012). „Macedonia - Record International Players“. RSSSF. Посетено на 31 јули 2023.
  5. Здравески, Филип (10 јануари 2009). „LIE – MKD match report“. macedonianfootball.com. Архивирано од изворникот 2019-06-29. Посетено на 1 август 2023.
  6. „Пред 26 години, Македонија ја оствари најубедливата победа, 11-1 во Лихтенштајн!“. sport1.mk. 9 ноември 2022. Архивирано од изворникот 2023-07-31. Посетено на 31 јули 2023.
  7. „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 31 јули 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]