Македонија на Летните олимписки игри 1996

Од Википедија — слободната енциклопедија

Македонија на Летните олимписки игри 1996 во Атланта учествуваше за првпат како самостојна земја.

По распадот на Југославија, на Летните олимписки игри 1992 македонските спортисти настапија како дел од екипата на Независни олимписки учесници, поради тоа што Македонија не беше членка на МОК. Покрај Македонија, во оваа екипа учествувале и спортистите од Босна и Херцеговина (која исто така не беше членка на МОК) и СР Југославија поради санкција.

На овие Олимписки игри, македонските спортисти учествуваа во 4 спорта: пливање, кајак и кану на диви води, борење и стрелаштво и не освоија медал.

Резултати[уреди | уреди извор]

Пливање[уреди | уреди извор]

Македонија во пливање учествуваше со 4 натпреварувачи (2 во машка и 2 во женска конкуренција) во 7 дисциплини (3 во машка и 4 во женска конкуренција).

Женска конкуренција

Дисциплина Натпреварувачка Место Број на
учесници
Резултат Детали
400 m слободен стил Мирјана Бошевска 22 34 4:21,27
800 m слободен стил Мирјана Бошевска 22 25 8:57,52
200 m делфин Наташа Мешковска 23 28 2:17,90
800 m мешано Мирјана Бошевска 22 30 4:55,57

Машка конкуренција

Дисциплина Пливач Место Број на
учесници
Резултат Детали
100 m делфин Кире Филиповски 42 49 56,13
200 m делфин Александар Маленко 23 40 2:17,90
400 m мешано Александар Маленко 24 26 4:34,06

Стрелаштво[уреди | уреди извор]

Во стрелаштво, македонија настапи сано со еден натпреварувач во воздушна пушка.

Машка конкуренција

Дисцилпина Стрелач Место Број на
учесници
Квалификации Финале
Резултат Место Резултат Место
воздушна пушка од 10 m Сашо Несторов 51 51 558 51 не се квалификуваше

Кајак и кану[уреди | уреди извор]

Македонија во кајак и кану на диви води учествуваше со 3 натпреварувачи, меѓу кои една жена во дисциплината К-1 слалом и двајца мажи, од кои Лазар Поповски во К-1 слалом и Ненад Трпковски во дисациплината Ц-1 слалом.

Женска конкуренција

Дисциплина Име Место Број на
учесници
1 круг 2 круг Резултат
Време Бодови Вкупно Време Бодови Вкупно Вкупно
К-1 слалом Ана Угриновска 29 30 261.93 85 346.93 218.17 265 483.17 346.93

Машка конкуренција

Дисциплина Име Место Број на
учесници
1 круг 2 круг Резултат
Време Бодови Вкупно Време Бодови Вкупно Вкупно
К-1 слалом Лазар Поповски 29 44 159.53 0 159.53 158.30 0 158.30 317.83
Ц-1 слалом Ненад Трпковски 30 30 191.19 125 316.19 нема - Не заврши 316.19

Борење[уреди | уреди извор]

  • Слободен стил

Машка конкуренција

Дисциплина Борач Место Број
учесника
Детали
до 48 кг Владо Соколов 11 19
до 57 кг Шабан Трстена 5 21
до 74 кг Валери Верхусин 10 22

Резултати по категории[уреди | уреди извор]

Категорија Коло 1. борач Резултат 2. борач
до 48 кг 1. коло Витали Раинен  Молдавија 10:0 Владо Соколов Македонија Македонија
2. коло репасаж Хосе Рестрепо  Колумбија 4:15 Владо Соколов Македонија Македонија
3. коло репасаж Владо Соколов Македонија Македонија 3:7 Георге Кординеану Романија Романија
до 57 кг 1. коло Алехандро Пуерто  Куба 3:4 Шабан Трстена Македонија Македонија
осминафинале Шабан Трстена Македонија Македонија слободен стил
четвртфинале Шабан Трстена Македонија Македонија 7:3 Александар Гузов  Белорусија
полуфинале Шабан Трстена Македонија Македонија 1:4 Гуиви Сисаури  Канада
6. коло репасаж Шабан Трстена Македонија Македонија 2:3 Харун Доган  Турција
меч за 5/6 место Шабан Трстена Македонија Македонија 4:3 Мохамед Талеи Иран Иран
до 74 кг 1. коло Рејнолд Озолин Австралија Австралија 7:15 Валери Верхусин Македонија Македонија
осминафинале Борис Будајев  Узбекистан ТО Валери Верхусин Македонија Македонија
четвртфинале Пламен Паскалев  Бугарија 12:0 Валери Верхусин Македонија Македонија
4. коло репесажа Валери Верхусин Македонија Македонија 0:7 Такија Ота Јапонија

Поврзано[уреди | уреди извор]