Сашо Милошевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сашо Милошевски
Лични податоци
Роден на 27 април 1968(1968-04-27)(56 г.)
Роден во Битола, СР Македонија, СФРЈ
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Вардар
(координатор на младински состави)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1988–1989 Вардар 3 (0)
1989–1991 Пелистер 67 (17)
1991–1995 Вардар 18 (2)
1995–1998 Војводина 66 (16)
1998–1999 Тибуронес Рохос 11 (1)
1999–2002 Работнички 79 (20)
Репрезентација
1993–1997 Македонија 10 (1)
Тренер на екипи
2002–2008 Работнички (технички директор)
2008–2009 Вардар (технички директор)
2013– Вардар (координатор на младински состави)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Сашо Милошевски (роден на 27 април 1968 година) ― македонски фудбалски работник и поранешен фудбалер и репрезентативец. Тој играл како играч од средниот ред.

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Откако играл во посилните македонски клубови Вардар и Пелистер, во 1995 година потпишал за српската Војводина, каде имал важна улога и станал капитен на екипата. По впечатливите три сезони, тој бил еден од ретките македонски фудбалери кои се преселиле во Мексико и играл во Веракрус. По една сезона се вратил во Работнички каде ја завршил играчката кариера.

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Тој играл на првиот службен натпревар на Македонија, одигран на 13 октомври 1993 година, против Словенија.[1] На 9 ноември 1996 година, Милосавов и Македонија го победиле Лихтенштајн со 1-11. Милосавов бил во резервите и влегол да игра во 64. минута.[2][3] Сашо Милошевски одиграл вкупно 10 натпревари и погодил еднаш за македонската репрезентација помеѓу 1993 и 1998 година.[4] Неговиот последен меѓународен натпревар бил квалификацискиот натпревар за Светското првенство во август 1997 година против Романија.

Стручна кариера[уреди | уреди извор]

Согласно, јуни 2019 година, Милошевски бил вклучен во академијата на ФК Вардар.[5]

Почести[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Match report at EU-Football.info
  2. Здравески, Филип (10 јануари 2009). „LIE – MKD match report“. macedonianfootball.com. Архивирано од изворникот 2019-06-29. Посетено на 3 август 2023.
  3. „Пред 26 години, Македонија ја оствари најубедливата победа, 11-1 во Лихтенштајн!“. sport1.mk. 9 ноември 2022. Архивирано од изворникот 2023-07-31. Посетено на 3 август 2023.
  4. Sašo Miloševski Архивирано на 9 јули 2012 г. на службената страница на ФФМ
  5. Звонко Ивановски (6 јуни 2019). „Сашо Милошевски: Успешна сезона за Академијата на ФК Вардар, во која успеавме да промовираме играчи за првиот тим, како и млади надежни тренери“. vardarfans.mk. Архивирано од изворникот 2019-06-09. Посетено на 3 август 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]