Санаториум (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Санаториум
(лево кон десно) Црни, Шпирт, Рус и Глупсон.
Биографски податоци
ПотеклоСкопје, Македонија
ЖанровиТреш метал, спид метал, хеви метал
Период на активност1987-денес
ИздавачиЛитиум, Рок Блок
СоработнициLast Expedition, Нон Стоп, Орион, САРС
Мреж. местоwww.sanatorium.com.mk
Членови
Перо Стефановски
Константин Качев
Горан Станковиќ
Горан Атанасов[1]

Санаториум е македонска треш метал музичка група оформена во Скопје во 1987 година. На почетокот настапуваат во малите клубови и гаражи низ градот, за потоа да направат пауза до 1990 година заради заминување на членовите на бендот во војска. По завршувањето на обврските, започнуваат сериозно да работат на музичко поле, подготвувајќи музика, текстови, аранжмани, сценски настапи и сл. За кратко време, САНАТОРИУМ успеваат да го привлечат вниманието на публиката и критиката. Тоа е поводот да бидат поканети на најголемиот метал фестивал во Југославија, HARD METAL (Нови Сад 1991 и Белград 1992) каде добиваат повеќе понуди за снимање на нивниот деби албум, но тоа не го реализираат заради распаѓањето на Југославија. Конечно, во 1992 година САНАТОРИУМ влегуваат во студиото на Македонската Радио Телевизија и го снимаат својот деби албум.

После издавањето на албумот На работ на разумот, тргнуваат на турнеја низ Балканот и соседните земји, од каде произлегува и вториот снимен материјал наречен Live in Hungary, како и видео од истиот настап.[2] Во 1996 година го реализираат третиот албум наречен No More, комплетно испеан на англиски јазик, освен бонус песната која е на македонски. После издавањето на албумот престојат низа концерти низ Европа.

Деби албумот На работ на разумот е снимен и миксуван во М-2 студиото на МРТВ во периодот април-ноември 1992. Вториот материјал Live in Hungary е сниман во Сегедин (Унгарија) во декември 1992 година. Третиот албум No More е сниман и миксуван во City Sound Studio во Скопје, од ноември 1995 до април 1996 година. Во август 2000 година, по подолга пауза САНАТОРИУМ настапуваат на фестивалот METAL 2000 во Софија заедно со легендите Motorhead. Забележителен настап имаат и на фестивалот Таксират 2 на 25.11.2000 година. На 16.6.2001 го промовираат своето ново CD кое го содржи комплетниот материјал од првиот албум На работ на разумот дополнет со две нови песни, снимени во студиото на Дарко Димитров, како и три концертни снимки.

Потоа следат настапите за промоција на албумот низ градовите во Република Македонија, како и концертите со Slayer и Halford во Софија (Бугарија) и со Soulfly во Белград (Србија).[3] Во моментот тие работат на нивниот следен албум.[4] На 10 декември 2016 година, групата настапила на завршната вечер на 18. издание на „Таксират“, во „Метрополис арената“.[5]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Изданија на „Санаториум“ евидентирани од ВБУ Музички Регистар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Санаториум“ повторно во функција; презмено од Нова Македонија (понеделник 13.6.2011)
  2. По седум години, „Санаториум“ повторно на сцена; преземено од Нова Македонија (петок 20.5.2011)
  3. Санаториум повторно на сцена; преземено од Радио Слободна Европа (сабота, февруари 23, 2013 Скопје 15:40)
  4. Ќе излеземе на сцена и ќе „здрвиме“ во наш стил; преземено од порталот Иди Види (06.06.2011 15:41:56)
  5. „Со рекордна посетеност заврши „Таксират 18“!“, Слободен печат, година IV, број 940, вторник, 13 декември 2016, стр. 17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]