Таксират

Од Википедија — слободната енциклопедија

Таксират е музички фестивал, кој се одржува во Скопје.

Таксират 2014[уреди | уреди извор]

16. издание на фестивалот „Таксират“ се одржало на 7 декември 2014 година, во салата „Метрополис арена“ во Скопје. Главна ѕвезда на фестивалот бил британскиот трип-хоп музичар Трики, а покрај него, програмата ја сочинувале следниве групи и пејачи:[1]

Таксират 2016[уреди | уреди извор]

18. издание на „Таксират“ завршило на 10 декември 2016 година, со забавата одржана во Капан-ан, а претходниот ден во „Метрополис арената“ се одржал концерт на којшто настапиле македонските групи „Контакт 59“, „Чиста околина“, „Санаториум“, „Фолтин“ и „Архангел“, како и музичарот Кирил Џајковски.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Контроверзниот бенд „Лет 3“ на Таксират“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 21.
  2. „Со рекордна посетеност заврши „Таксират 18“!“, Слободен печат, година IV, број 940, вторник, 13 декември 2016, стр. 17.