Легенда (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Легенда
(Музичка група)

Групата ЛЕГЕНДА е македонски поп-рок бенд формиран 8.02.1990 година во Тетово, Република Македонија

Биографија[уреди | уреди извор]

Групата ја основаат Крсте Данајловски - Кокан (вокал и ритам гитара), Властимир Тодоровиќ - Власте (клавијатури), Влатко Мишески - Никши (бас гитара), Игор Бачоски-Бачо (тапани) и Драгиша Лекоски-Слинки (соло гитара). Првиот сингл групата кој го реализира 23.01.1991 во студиото М2 при Македонската радио и телевизија е песната ,, 92,, со продуцентот Мики Јовановски-Џафер. Најголемиот успех на групата Легенда е победата на Поп-Рок Фест 91 каде како награда добиваат право да снимаат албум за Продукцијата на МРТВ каде извршен продуцент е Петар Георгиевски-Камиказа(Меморија)

Првиот албум се снима во период јуни - јули 1991 година во студиото М2 при МРТВ каде музички продуцент е Валентино Скендеровски.На албумот како гости се појавуваат Валентино Скендеровски (аранжмани и клавијатури), Бане Поповиќ (Меморија) свири соло гитари, Зоран Крагуевски(саксафон)и Мики Јовановски-Џафер пее пратечки вокали.Албумот е наречен ,, 92,, и објавен октомври 1991 под етикета на продукција на МРТВ.Албумот ,, 92,, е најпродаван албум во категоријата на поп-рок албуми во Македонија за 1991 година.Најголем хит од овој албум се издвојува песната ,, Патуваме,, Следеше голема македонска турнеја , а во Охрид на концертот специјален гостин беше Саша Лошиќ(Плави Оркестар).По завршување на турнејата март 1992 година групата ја напушта Властимир Тодоровиќ-Власте и на негово место на групата и се придружува Живорад Сарџоски-Жики како клавијатурист.

Вториот албум се снима во период септември-ноември 1992 година во студиото М2 при МРТВ .Овој албум има поцврст звук и е продуциран од искусниот продуцетнски тим Брацо Зафировски и Трајче Органџиев.Албумот е објавен февруари 1993 и е наречен ,,Свет без граници[1],, под етикета повторно на Продукција на МРТВ.Албумот го обележа мега хитот ,, Признавам-Непризнавам,, кој беше снимен во дует со во тој миг најпопуларната раперка во Македонија , Ена Веко.

Во тој период е реализирана и песната ,, Зимбала –Тримбала,, за потребите на најпопуларното детско шоу ,, Дајте музика,, на Македонската телевизија/

Во 1994 година во студиото М во Радио Телевизија Нови Сад (Република Србија) е снимена песната ,, Еј кафано слатки доме,, како најава за следниот албум кој за жал во тој момент не се реализира.Продуцент на песната е Јован Адамов, а е снимена со тамбурашкиот оркестар при РТВ Нови Сад.

Во 1996 година доаѓа до персонални промени во групата Легенда неа ја напуштаат Крсте Данајловски - Кокан и Живорад Сарџоски - Жики.На местото на нов вокал и гитарист се приклучува Александар Јовановски-Алек. Во 1997 година е реализиран првиот сингл со новиот пејач наречен,, Кога сум сам,, снимен во студио М2 при МРТВ под продуцентска палка на Никола Кимовски.

Третиот албум се снима во период од април-мај 1998 година во студиото ТРА ЛАЛА.Продуцент на албумот е Мите Димовски (Архангел). Албумот е објавен под етикета на Мистер компани.Албумот е наречен ,, Време е...,, Овој албум го обележуваат два мега хита ,, На море,, и ,, Време е,, Интересно е што песната ,, Време е..станува и незванично химна на навивачите на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје-Аеродром.

Во 2000 година во студиото АХА на Александар Митевски е реализиран синглот ,, Шеќерче,,

Во 2008 година во студиото на Роберт Билбилов е реализиран синглот ,, На овој свет,,

Во 2018 година е реализиран документарен филм насловен "Свет без граници" режиран од Билјана Билбиловска и Глигор Кондоски од Тетово.[2]

Дискографија[уреди | уреди извор]

  • 1991: 92
  • 1993: Свет без граници
  • 1998: Време е

Синглови[уреди | уреди извор]

  • 1991: 92
  • 1992: Зимбала - Тримбала
  • 1994: Еј кафано, слатки доме
  • 1997: Кога сум сам
  • 2000: Шеќерче
  • 2008: На овој свет

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Свет без граници - Легенда“. www.muzichkiregistar.com. Посетено на 2021-11-17.
  2. Ekran, Avtor. „(ВИДЕО+ФОТО) Документарен филм за тетовскиот поп-рок бенд „Легенда". ekran (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-11-17. Посетено на 2021-11-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]