Македонски Телеком

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од T-Mobile Македонија)
Прејди на: содржини, барај
Македонски Телеком АД
Oснована 1 јануари, 1997
Седиште Скопје, Македонија
Опслужувано
подрачје
Македонија Република Македонија
Клучни личности Андреас Маиерхофер (Главен извршен директор)
Славко Пројкоски (Главен директор за финансии)
Жарко Луковски (Главен оперативен директор)
Божидар Полдругач (Главен директор за техника)
Мирослав Јовановиќ (Главен директор за ИТ)
Лазар Поповски (Главен директор за човечки ресури)
Бранко Станчев (Главен директор за корпоративни прашања)
Моира Хоман (Раководен директор за човечки ресурси)
Дејност Комуникациски сервиси
Производи мобилна телефонија, Фиксна телефонија, широкопојасен интернет пристап, интегрирани решенија, мрежи, IPTV оператор
Вработени 1300 (септември 2008)
Портал http://www.telekom.mk


Македонски Телеком АД е компанија за телекомуникации во Македонија со седиште во Скопје. Компанијата е дел од Групацијата Маѓар Телеком која е целосно консолидирана подружница на меѓународната Групација Дојче Телеком (Deutsche Telekom Group). Нуди широк опсег на телекомуникациски услуги и услуги од забавен карактер, како што се мобилни и фиксни телефонски услуги, опсег на услуги за интернет пристап вклучувајќи широкопојасен интернет (ADSL), IPTV производи и управува со националната телефонска мрежа. Македонски Телеком се наоѓа како на топ листата на најуспешните компании така и на листата на најголемите компании, и се рангира меѓу топ 10 компании во Македонија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Формирање на Македонски телекомуникации[уреди | уреди извор]

АД Македонски телекомуникации е компанија во државна сопственост основана на 1 јануари 1997 година како компанија независна од Поштата. Претходникот на Компанијата кој обезбедувал телекомуникациски, поштенски, банкарски и други услуги во Република Македонија под називот ПТТ Македонија се подели на два нови правни субјекти: АД Македонски телекомуникации и АД Македонски пошти. Ова резултираше со одделување на поштенските операции од оние за телекомуникации и телеграфија, како и со одделување на релевантните средства и обврски. Во март 1998 година, компанијата се регистрираше како акционерско друштво во јавна сопственост со цел да се подготви за приватизацијата.

Приватизација[уреди | уреди извор]

Приватизацијата се случи на 15 јануари 2001 година, кога Владата на Република Македонија и конзорциум предводен од унгарскиот давател на телекомуникациски услуги, Матав, потпишаа договор за аквизиција на акциите на Македонски телекомуникации при што Матав влезе во акционерската книга на Македонски телекомуникации како сопственик на 51 % од акциите со што стана доминантниот сопственик на компанијата. Од октомври 2008 година, македонската влада се уште држи директен удел во акциите на компанијата. Од 1 јуни 2001 година, давателот на услуги за мобилна телефонија T- Mobile (поранешен Мобимак) почна да функционира како посебен правен субјект (ќерка компанија).

Ребрендирање[уреди | уреди извор]

На 1 мај 2008 година, АД Македонски телекомуникации официјално станаа дел од глобалното семејство на Дојче Телеком, со прифаќање на новиот „Т“ бренд. Од овој датум, компанијата работи како правен субјект под името Македонски Телеком, акционерско друштво за електронски комуникации – Скопје или под скратениот назив, Македонски Телеком АД – Скопје. Со имплементацијата на „Т“ брендот, што ги покривало двата денес згаснати под-бренда T-Home и T- Mobile, Македонски Телеком го презеде корпоративниот идентитет и дизајн на Групацијата Дојче Телеком, и пласираше на пазарот серија нови производи и услуги, помеѓу коите и атрактивните Double Play и Triple Play понуди.

Консолидација и згаснување на T-Mobile и T-Home (Јули-Септември 2015)[уреди | уреди извор]

„Македонски Телеком“ и „Т-Мобиле Македонија“ од 1 јули официјално се споиле во една компанија. Одлуката била донесена на Собранието на акционери одржано на 17 јуни, со прифаќање на Спогодбата за присоединување. Фирмата „Т-Мобиле Македонија“ од 1 јули престанала постои како правно лице, а сите вработени, како и целокупниот имот и обврски биле преземени од „Македонски Телеком“. На 3 септември 2015 година, „Македонски Телеком“ најавил дека компанијата ги згаснува двата продуктни бренда „Т-Home“ и „T-Mobile“ и вовела еден бренд - „Телеком“, под чија капа компанијата продолжила да го нуди целото свое портфолио на услуги наменети за приватни и деловни корисници. Под брендот „Телеком“ продолжиле да се нудат сите комуникациски услуги за дома и во движење: мобилни и фиксни интегрирани услуги, решенија за деловни корисници, како и „Cloud“ решенија.[2] [3]

Работење и услуги[уреди | уреди извор]

Македонски Телеком е оператор на мобилни и фиксни линии на македонскиот пазар, работи и како давател на интернет услуги и како давател на интегрирани телекомуникациски и телевизиски услуги. Со понуда на комуникациски услуги и забавна содржина се осигуруваат приходите во иднина, компанијата ја подобрува и конкурентноста во Македонија, како и порастот на мобилните и широкопојасните услуги на национално ниво.[4]

Компанијата нуди портфолио на услуги што се базираат на Интернет протокол, услуги за комуникација на податоци, продажба и изнајмување на опрема и услуги за системска интеграција.

Мобилна телефонија[уреди | уреди извор]

Telekom.mk е првиот GSM мобилен оператор во Македонија. Компанијата е активна од септември 1996, под тогашниот назив МобиМак пред да биде купена од Deutsche Telekom. Во 2006 МобиМак се ребрендира во Т-Mobile а во 2015 го менува називот во Telekom.mk, синхронизирајќи ја работата со останатите фирми ќерки на Deutsche Telekom.

Мрежата на Телеком покрива 99.9% од населението и преку 98.5% од територијата на Македонијa. Компанијата прва ги претставила GPRS. EDGE, 3G и 4G LTE мрежите на македонскиот пазар.

Фиксна телефонија[уреди | уреди извор]

Компанијата обезбедува услуги на фиксна телефонија претежно преку VoIP и нуди различни тарифни планови.

Интернет[уреди | уреди извор]

Телеком нуди портфолио од интернет-протокол базирани сервиси, комуникациски мрежи, опрема за продавање и изнајмување како и системски интегрирани сервиси. Телеком се стреми да ја модернизира мрежата и да постигне високо технолошко ниво. Еден од главните фокуси е модернизација на оптичката мрежа позната како fiber-to-the-home (FTTH). Во ноември, 2011 Телеком започна проект за модернизација на мрежата преку нова интернет-базирана мултимедијална платформа. Платформата се употребува за VoIP и миграција од PSTN кон целосна IP мрежа. Денес над 290,000 фиксни линии се мигрирани кон новата платформа. [5]

IPTV[уреди | уреди извор]

IPTV услугата на Телеком започна со работа во ноември 2008 под брендот MaxTV како прва понуда за дигитална телевизија во Македонија. MaxTV нуди +150 тв канали и интерактивни услуги преку IPTV платформата. MaxTV се употребува во близу 100.000 домаќинства.

Веб портали[уреди | уреди извор]

Првиот веб портал, дизајниран од страна на МТнет (поранешниот давател на интернет услуги на Македонски Телеком), беше пуштен во употреба на 7 декември 1999 година. Во тоа време, тоа била комбинација на портфолиото на веб производи на МТнет и општ портал за Интернет содржина. Тоа бил првиот портал од таков вид, и нудеше скоро дневно ажурирани новости и информации на интернет корисниците во Македонија.

ИДИВИДИ (www.idividi.com.mk), како бренд, беше пуштен во употреба во февруари 2004 година за воведување на нови видови на содржини и додавање на функционалности поврзани со издавање на содржини и интеракција со посетителите. Темите вклучуваат вести од светот и од земјата, деловни информации, спорт, стил, забава, здравје, технологија. До 2008 година, ИДИВИДИ има просек од 35 илјади посетители и имаше највисок број од 60 илјади посетители во еден ден. ИДИВИДИ објавува 200 нови написи во ден. Порталот ги нуди и следните услуги: Речник за десет различни јазици; Лични огласи; Електронски честитки; услуги за Online chatting; Форум заедница; Преземање на софтвер од различни категории; Online образовни курсеви (едукација); Услуги за дневни информации; Вести од дневните весници и електронските медиуми (ИДИВИДИ медиуми); 24 часа камери во живо.

Под доменот на ИДИВИДИ постојат неколку други портали: Мултимедијален портал (Мултибокс); Портал за содржина генериран од корисниците (Мое Видео); Портал за заедницата за online игри (МаксАрена).


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Најголеми фирми во Македонија
  2. http://telekom.mk/ns-newsarticle-we-will-continue-working-together-under-one-brand-telekom.nspx%7C[2]
  3. „Т-Мобиле и Т-Хоме влегуваат под една капа - Телеком“, Економија и бизнис, година 18, број 207, 11 септември 2015, стр. 10.
  4. Оптички кабел до дома
  5. MakTel completes IP migration

Надворешни врски[уреди | уреди извор]