Андреј Цветковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Андреј Цветковски
Цветковски на тренинг на КК Куманово
Цветковски на тренинг на КК Куманово
ПозицијаРазигрувач
Висина1,92 м
Тежинакг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
КлубВардар
Број77
Роден20 септември 1996(1996-09-20)(27 г.)
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
Проф. кариера2015–
Клубови
2015-2016Работнички
2016МЗТ Аеродром
2016-2017Кожув
2017–2018Блокотехна
2017Радовиш (позајмица)
2019Вардар
2019-2020Пелистер
2020-2021Куманово 2009
2021-Вардар
Репрезентација
Инфо од: 03.03.2021.

Андреј Цветковски (роден на 20 септември 1996 во Скопје) — македонски кошаркар кој настапува за Гостивар.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Младинска кариера[уреди | уреди извор]

Сезоната 2013/14 ја поминал во младинскиот состав на МЗТ Аеродром и тогаш станал вицепрвак со М-18 составот (генерација 1996/1997).[1] Со М-20 (генерација 1994/1995), Цветковски стигнал до полуфиналето на завршниот турнир.[2] Но паралелно, истата сезона, тој бил приклучен во т.н. Младинска репрезентација на Македонија, проект-екипа која се натпреварувала надвор од конкуренција во Првата лига 2013/14.[3] Со МЗТ, Цветковски станал првак со М-20 составот (генерација 1996/1997) во сезоната 2014/15.[4]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2015/16, Цветковски се преселил и дебитирал во сениорската екипа на Работнички и станал вицепрвак во Суперкупот на Македонија 2015.[5] Сезоната 2016/17 ја започнал во МЗТ и со него го освоил Суперкупот на Македонија 2016,[6] но таму останал сè до средината на ноември, кога се преселил во Кожув.[7] На почетокот на 2017 година, Андреј се преселил во новиот кошаркарски клуб Блокотехна, клуб кој го пратил на позајмица во второлигашот Радовиш.[8][9] Откако обезбедил пласман со Радовиш во Првата лига и откако клубот го отстапил своето место на Блокотехна, Цветковски бил вратен во новиот гевгелиски клуб.[10][11] При подготовките за сезоната 2017/18, Цветковски го повредил коленото со што ја пропуштил целата сезона како играч на Блокотехна.[12][13] Следната сезона, Андреј продолжил во редовите на Блокотехна.[14] Но за време на полусезоната, во јануари 2019 година, тој се преселил во Вардар.[15][16] За сезоната 2019/20, Цветковски потпишал едносезонски договор со Пелистер.[17] Во Пелистер не останал долго бидејќи по преговори од крајот на јануари до 10 февруари 2020 година, тој се договорил за раскин на договорот со Пелистер и потоа се преселил во Куманово 2009.[18][19] За сезоната 2020/21, во почетокот на јуни 2020 година, тој потпишал нов договор со кој ја продолжил соработката со Куманово.[20] Тој, таа сезона не ја завршил во Куманово бидејќи се префрлил во Вардар во март 2021 година.[21]

Успеси[уреди | уреди извор]

Македонија МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Почесно споменување во сезоната 2019/20[22]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „MZT Aerodrom - Partizan Vodno Sans 69:78“. Македонска Кошаркарска Федерација. 19 јуни 2014. Архивирано од изворникот на 2014-06-22. Посетено на 15 август 2018.
  2. „MZT Aerodrom - Karpos Sokoli 59:65“. Македонска Кошаркарска Федерација. 7 јуни 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-30. Посетено на 15 август 2018.
  3. „Karpos - Reprezentacija 60:75“. Македонска Кошаркарска Федерација. 15 октомври 2013. Архивирано од изворникот на 2014-03-26. Посетено на 15 август 2018.
  4. „Развојна лига М-20 (Сезона 2014/15) Шампион: КК МЗТ Аеродром“. Македонска Кошаркарска Федерација. Архивирано од изворникот на 2015-10-15. Посетено на 15 август 2018.
  5. „KK Rabotnicki - roster 2015-16“. eurobasket.com. Посетено на 15 август 2018.
  6. „Андреј Цветковски е ново засилување на МЗТ“. mkd.mk. 24 август 2016. Архивирано од изворникот на 2016-11-14. Посетено на 15 август 2018.
  7. „МЗТ го „пушти"' Цветковски, продолжува во Кожув“. sportmedia.mk. 15 ноември 2016. Посетено на 15 август 2018.
  8. „Замина Гоцевски, следни на ред, Главчев, Цветковски...“. sportmedia.mk. 9 јануари 2017. Посетено на 15 август 2018.
  9. „„Пола" Кожув (ќе) се пресели во Радовиш“. sport.com.mk преку vesti.mk. 10 јануари 2017. Посетено на 15 август 2018.[мртва врска]
  10. „Блокотехна – нов кошаркарски прволигаш“. ekipa.mk. 3 јули 2017. Посетено на 15 август 2018.
  11. „Блокотехна би играла во втората АБА лига“. sportmedia.mk. 3 јули 2017. Посетено на 15 август 2018.
  12. „Проблем за Блокотехна: Тешка повреда на Андреј Цветковски“. ekipa.mk. 18 септември 2017. Посетено на 15 август 2018.
  13. „ветковски ги „скина" лигаментите, на операција кај доктор Швенк“. sportmedia.mk. 18 септември 2017. Посетено на 15 август 2018.
  14. „Блокотехна потпиша со тројца македонски играчи“. ekipa.mk. 12 јули 2018. Посетено на 15 август 2018.
  15. „Темелковски, Цветковски и Тарнер нови кошаркари на Вардар“. gol.mk. 18 јануари 2019. Посетено на 19 јануари 2019.
  16. „Цветковски, Тарнер и Темелковски нови имиња во Вардар“. sportmedia.mk. 18 јануари 2019. Посетено на 19 јануари 2019.
  17. „Андреј Цветковски се сели во Битола: Потпиша едногодишен договор со Пелистер“. gol.mk. 12 јули 2019. Посетено на 13 јули 2019.
  18. „Андреј Цветковски од Пелистер во Куманово“. ekipa.mk преку web.archive.org. 29 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-29. Посетено на 29 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  19. „Цветковски го напушти Пелистер и го засили Куманово“. basketball.mk преку web.archive.org. 10 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-10. Посетено на 10 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  20. „Четворица продолжија со Куманово, Караколев пред кам-бек“. basketball.mk преку web.archive.org. 2 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-02. Посетено на 3 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  21. „Ново засилување за Вардар: Андреј Цветковски обелече „црвено-црно". ekipa.mk преку web.archive.org. 3 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-03. Посетено на 3 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  22. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]