Васка Дуганова
Васка Дуганова | ||
Родена | 6 март 1922 Гевгелија, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починала | 14 декември 1996 Скопје, Македонија | (возр. 74)|
Занимање | комунистички деец, првоборец, правник, политичар |
Васка Дуганова (6 март 1922 во Гевгелија — 14 декември 1996 во Скопје) — македонски комунистички деец, првоборец, правник, политичар.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Како приправник на комунистичкото движење во 1938 година и член на КПЈ (од март 1942 година), во НОАВМ била борец од април 1943 година, политички комесар на баталјон и член на ПК на СКОЈ за Македонија (од август 1944 година). По ослободувањето била член на АСНОМ (од април 1945 година), завршила правен факултет и извршувала разни политички функции: организационен секретар на ПК на СКОЈ за Македонија, член на Претседателството на Централниот совет на ССМ (1958-1967 година), претседател на Социјално-здравствениот совет на СРМ, претседател на Конференцијата за општествена активност за жените на Македонија и на Југославија. Член на ЦК на СКМ и ЦК на СКЈ, пратеник во Републичкото и Сојузното собрание, претседател на Претседателството на РК на ССРМ и друго. Носител е на Партизанска споменица (1941 година).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Дузме“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 497. Text "series " ignored (help)