Икерминде
Икерминде | |
Историскиот плоштад на Икерминде | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Грајфсвалд |
Градски единици | 4 |
Градоначалник | Хајди Михаелис |
Основни податоци | |
Површина | 84,69 км2 |
Надм. височина | 5 м |
Население | 8.598 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 102 жит/км2 |
Основано | 1178 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | UER |
Пошт. бр. | 17373 |
Повик. бр. | 039771 |
Портал | www.ueckermuende.de |
Местоположба на градот Икерминде во рамките на округот Западна Померанија-Грајфсвалд | |
Координати | 53°44′20″N 14°02′40″E / 53.73889° СГШ; 14.04444° ИГД |
Икерминде (германски: Ueckermünde) — приморски пристаништен град во североисточна Германија во, сместен во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во рамките на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, во рамките на историската област Западна Померанија, близу границата со Полска.
Икерминде има долга и бурна историја, почнувајќи од неговото основање од Словените, познати како Ухри (Uchri) и спомнат во 934 од Видукинд од Корвеј. Други извори ги опишуваат како Вукрани или Украни, словенско племе кое живееле на Икер пред 1200. Името Украмунд (Ucramund) започнало да се појавува во документите од 1178. Од 1 мај 2013, Икерминде е официјално признаен како приморско одморалиште.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Име
[уреди | уреди извор]Името Икерминде во буквален превод означува „устие на Икер“. Реката Икер тече од Бранденбург, каде е наречена Укер, и се влева во Одарскиот Залив. Името на реката е слично со името на блискиот регион (Укермарк) и името на средновековното вендско племе Украни, кои ја населувале областа пред доселувањето на Германците. Првите познати споменување на Украмунд (Ucramund) се во документ од 1178. Подоцнежните записи вклучуваат Укеремунд, Укеремунде и Укермунде (Ukeremund, Ukeremunde и Ukermunde; 1284).
Среден век
[уреди | уреди извор]Во словенско време, Икерминде поради неговата местоположба бил рибарска населба. Во 1178 (во други извори 1223), Украмунд бил првпат споменат. Во 1260, грофот Барним I, основал манастир, а градот добил градски права. Во 1276 местото било именувано како civitas, а во 1284, castrum ukermunde, најпрвин како тврдина на војводите на Померанија.
Во XIII век, Укерминде бил град со ѕидини и две порти и им одолеал на опсадата на трупите од Бранденбург. Во големиот пожар од 1473, многу од средновековните куќи и црквата изгореле. Потоа во 1753 била изградена готската градска црква Св. Богородица (St. Marien), која била целосно нова градба.
Во 1540 започнала изградбата на четири крила на замокот, започнати од померанскиот војвода Филип I.
XVI — XIX век
[уреди | уреди извор]Многу опсади и заеднички напади на градот ги обележиле следниве векови. Во Триесетгодишната војна, градот бил скоро целосно уништен; од 1.600 жители, само 15 ја преживеале војната. Градот потоа бил постојано во различен посед. Во 1631 голем пожар уништил 40 куќи, вклучувајќи го Градското собрание. Во 1639 имало само десет населени куќи. Во 1648 според Вестфалскиот мир, градот станал шведски. Кристина, кралицата на Шведска, одлучила да ја насели областа со Финци и Ливонијци.
Во Големата северна војна, откако руските и саксонските трупи ги окупирале Шчеќин и Померанија, Прусија ја презела контролата на градот откако платила над 400.000 талери за територијата. Со Стокхолмскиот мир, на 21 јануари (или 1 февруари) 1720, Прусија ја добила Западна Померанија со Шчеќин, Узедом и Волин. Така, Икерминде станал пруски. Истата година, руинираниот замок бил целосно срушен.
Шведската армија го освоила градот во 1761 и поставила командир на замокот. Во 1766 готската црква била заменета со нова градба. Во 1806 Икерминде бил окупиран од француски трупи. Како во времето на почетокот на градот, жителите сè уште главно живееле од рибарство.
Кон крајот на XVIII и почетокот на XIX започнал процветот на градот. Откако во Торгелов била пронајдена железна руда се изградиле неколку железарници. Индустријата со околу 50 тулани во XIX век го развила Икерминде во важен трговски и пристаништен град. Од 1781 до 1795 во Укерминде биле изградени 102 брода. Пруската административна реформа во 1818 го создала округот Икерминде. Од 1819 (до 1994) Икерминде станал окружно седиште.
XX век
[уреди | уреди извор]Во времето на Нацистичка Германија, десет до дванаесет еврејски семејства биле однесени или убиени. Постоечките еврејски гробишта го преживеале нацистичкиот период, но подоцнале биле оскренавени.
Во 1945, градот се предал без борба и така поминал без некоја поголема штета од советските трупи.
Во 1950 бил отворен пристанишниот музеј. Во 1962 започнала изградбата на Зоолошката градина Икерминде на 18 хектари. Околу 400 животни и близу 120 видови може да се видат од посетителите. Кон крајот на 1960-тите била направена целосно нова населба, во која живееле околу 6.000 луѓе.
Најголема фабрика во времето на Источна Германија била железарницата со 1.100 вработени. Во 1997 пропаднала и последната тулана од некогашните 50 на број.
Стариот дел на градот останал недопрен во времето на Источна Германија, но многу стари градби припаднале поради недостигот на грижа за нив. Во 1991 започнал повторниот развој на историскиот центар, започнувајќи со зачувување на јужното крило на замокот. Исто така било обновеното и старото пристаниште.
Во овој период биле изградени голем број хотели, гостилници и апартмани; продавниците се вратиле во центарот на градот и се изградиле марина.
Географија
[уреди | уреди извор]Градот, кој се наоѓа на Одарскиот Залив (Oderhaff, Stettiner Haff), е најсевероисточен пристаништен град во Германија. Признаен е од страна на државата како приморско одморалиште и е дом на последниот замок на померанските војводи, која сè уште постои на германска почва. Во заливот се влева реката Икер. Највисоката точка во градот е едвај 20 метри надморска височина.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Во градот припаѓаат и следниве градски единици:
- Белин
- Берндсхоф
- Розенмил
- Нојхоф
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Икерминде е збратимен со следниве градови:
Инфраструктура
[уреди | уреди извор]Икерминде е достапен преку двата излеза на автопатот А20 во близина на градот. Сојузниот автопат Б109 поминува на 13 километри од градот, кој поминува низ Анклам и Пренцлау. Икерминде е последната станица на железничката линија од Пазевалк. Патнички бродови редовно пловат кон Шчеќин, Швиноујшќе и Каминке на островот Узедом. Исто така велосипедската патека Берлин-Узедом поминува низ градот.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Градскиот замок (вклучувајќи го и музејот)
- Градското пристаниште
- Историскиот плоштад
- Зоолошката градина
- Историската градба на плажата (Strandhalle)
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]Почесни граѓани
[уреди | уреди извор]- 1836 Јохан Готфрид Равенштајн, свештеник
- 1849 Фридрих Вилхелм Венцел, правник
- 1875 Ото Фридрих Вебер, правник
- 1888 Освалд фон Ритберг, окружен администратор
- 1917 Лудвиг фон Шредер, адмирал
- 1918 Макс Минтер, индустријалец
- 1924 Ернст Албрехт, политичар
- 1929 Карл Лајц, стопанственик
- 1939 Август Бартелт, учител
- 1975 Махмуд Гафаров, градски командир
- 1985 Ернст Декер, борец на отпорот
- 1999 Маријане Бугенхаген, спортист со посебни потреби
Родени во Икерминде
[уреди | уреди извор]- Фридрих VII Магнус (1647–1709), маркгроф на Баден-Дурлах
- Џулио Пероти, вистинско име Јулиус Прот (1841–1901), германски оперски пејач
- Макс Матерн (1902–1935), член на КПГ
- Грегор Лашен (р. 1941), германски писател и уредник
- Уве Зегер (р. 1948), германски писател
- Михаел Дрезе (р. 1952), германски атлетичар
- Маријане Бугенхаген (р. 1953), шесткратна параолимписки медалист
- Петер Тиде (р. 1968), веслач
- Керстин Фидлер-Вилхелм (р. 1968), германски политичар
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
- ↑ Пристанишниот град Икерминде сега е официјално приморско одморалиште[мртва врска] (Ostsee-Zeitung Online, 1 мај 2013)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Икерминде“ на Ризницата ? |
|