Прејди на содржината

Гицков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гицков
Авионски поглед кон Гицков
Авионски поглед кон Гицков
Авионски поглед кон Гицков
Грб на Гицков
Гицков во рамките на Германија
Гицков
Управа
Земја Германија
ПокраинаМекленбург-Западна Померанија
ОкругЗападна Померанија-Грајфсвалд
Месна заед.Цисов
Градски единици8
ГрадоначалникЈоахим Ото
Основни податоци
Површина57,15 км2
Надм. височина12 м
Население 2.974 (31 декември 2022)[1]
 - Густина52 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.OVP
Пошт. бр.17506
Повик. бр.038353
Порталstadt.guetzkow.de
Местоположба на градот Гицков во рамките на округот Западна Померанија-Грајфсвалд
Карта
Карта
Координати53°57′N 13°25′E / 53.950°N 13.417°E / 53.950; 13.417

Гицков (германски: Gützkow) — град во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа околу 15 километри јужно од Грајфсвалд, на северниот брег на реката Пене. Гицков бил средиштен град во средновековното Грофовија Гицков.

Историја

[уреди | уреди извор]

Името Гицков потекнува од словенскиот стар полапски јазик, како што е случај во повеќето топоними во Мекленбург-Западна Померанија. Најстарите спомнувања на името се од 1128 како Гозгауја (Gozgauia), во 1140 како Чозчо (Chozcho), во 1163 како Гозкове (Gozkowe), во 1175 како Гоцчове (Gotzchowe), во 1183 како Чозкове (Chozkowe), во 1207 како Гоцкове (Gotzkowe), во 1214 како Чозкове (Chozcowe), во 1228 како Гуцкове (Gutzkowe) и потекнуваат од полапскиот збор Gost, што означува „гостин“,[2] бидејќи градот имал храм, кој го посетувале многу гости. Претпоставката за лице именувано Чоков не е засновано на факти.

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-06-30. Посетено на 2014-01-13.