Узедом (град)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Узедом
Црквата и Градското собрание на Узедом
Црквата и Градското собрание на Узедом
Грб на Узедом
Узедом (град) се наоѓа во Германија
Узедом (град)
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Западна Померанија-Грајфсвалд
Месна заед. Узедом-Југ
Градски единици 14
Градоначалник Јохен Шторер
Основни податоци
Површина 38,57 км2
Надм. височина 0 м
Население 1.785 (31 декември 2015)[1]
 - Густина 46 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OVP
Пошт. бр. 17406
Повик. бр. 038372
Местоположбата на градот Узедом во рамките на округот Западна Померанија-Грајфсвалд
Карта
Координати 53°52′00″ СГШ 13°55′00″ ИГД / 

Узедом (германски: Usedom; исто така понекогаш нарекуван Штат Узедом или „Град Узедом“) — град на истоимениот остров, во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Узедом-Југ.

Целиот остров Узедом бил именуван по градот во средновековниот период.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во југоисточниот дел на островот Узедом, во т.н. заднинска земја (Achterland), на северозападниот брег на Одарскиот Залив („Oderhaff“). Градот се граничи на север и запад со Пенештром, западниот премин на заливот со Балтичкото Море.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Следниве единици припаѓаат на градот Узедом:

  • Гелентин
  • Гневентин
  • Карнин
  • Келпин
  • Менхов
  • Остклине
  • Паске
  • Узедом (градот)
  • Фосберг
  • Велцин
  • Вестклине
  • Вилхелмсфелде
  • Вилхелмсхоф
  • Цехерин

Историја[уреди | уреди извор]

Замок Штолпе близу градот Узедом

Областа била населена уште од неолитот, а од VIII и IX век од Словените, кои изградиле замок на ридот, сега познат как Шлосберг. Името на градот доаѓа од словенскиот збор „узнам“, што означува речно устие. На почетокот на XII век, местото било уништено од Данците.

Во 1128, Западна Померанија го прифатила христијанството и кратко потоа бил основан премонстратензијанскиот манастир, Узедом (исто така познат како Манастир Гробе или Пудагла), во самиот град. Во XIII век, германската населба Узедом била основана како дел од источното доселување. На 23 декември 1298, Узедом добил градски права.

Градот изгорел два пати во големи пожари во 1475 и 1688. По Штетинскиот договор и последователниот Вестфалски мир (1648), Узедом заедно со цела Западна Померанија, градот станал дел од Шведска Померанија до 1720, кога бил вратен на Прусија. Од 1720 до 1945, градот бил пруски. Градот има железничка врска од 1876.

Во 1934, кај Карнин, бил изграден железнички мост, но бил уништен во Втората светска војна. По војната, градот најпрвин припаѓал на покраината Мекленбург-Западна Померанија, додека Источна Германија не ги укинала покраините во 1952, кога припаднал на Округот Росток. При Повторното обединување на Германија во 1990, Узедом уште еднаш се нашол во покраината Мекленбург-Западна Померанија.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Вредно за разгледување во Узедом се Портата Анклам (Anklamer Tor), Црквата Св. Богородица (Marienkirche), Шлосберг (Schloßberg) со неговиот споменик за преминот во христијанството направен од Ото Бамбершки во 1128 и руините на железничкиот мост Карнин.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Низ Узедом поминува главниот сојузен автопат Б110, поврзувајќи го островот со градот Пинов на копното и Анклам. Во другата насока, Б110 се здружува со Б111, патот кој води низ северниот брег на островот Узедом, кај бањата Албек. До 1945, градот имал железничка станица на линијата Духеров-Свинеминде, која сега е дом на центарот на природниот парк. Узедом, денес се наоѓа далеку од единствената островска железничка линија (Usedomer Bäderbahn). Узедом има мало пристаниште на Узедомското Езеро, кое е поврзано со заливот преку канал.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Узедом е збратимен со следниве градови:

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]