Нулти меридијан

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Нултиот меридијан)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ласер во опсерваторијата во Гринич прецизно го означува нултиот меридијан

Нулти меридијанмеридијанот (линијата на географска должина) на кој должината се зема како 0°. Според ова, нултиот меридијан е работа на конвенција, договор и низ историјата таа конвенција се менувала. Денес за нулти меридијан се зема линијата што минува низ Кралската Опсерваторија во Гринич, Англија, близу до Лондон. Според местото и меридијанот често пати се нарекува Гринички меридијан.

За разлика од напоредниците, кои се дефинирани како замислени линии кон север и кон југ од Екваторот (при што Екваторот по конвенција е на 0°, а половите на 90°), нултиот меридијан е сосема арбитрарен.

Нултиот меридијан минува низ Обединетото Кралство, Франција, Шпанија, Алжир, Мали, Буркина Фасо, Того и Гана.

Спротивно на нултиот меридијан на Земјината топка, на 180° географска должина се наоѓа Меѓународната датумска граница. Сите точки на Земјината топка помеѓу 0° и 180° се со западна географска должина, а оние помеѓу 180° и 0° се со источна географска должина.