Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 144.203 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Сликите од црните букви при тенка испакната леќа со жаришна должина f, се прикажани со црвена боја. Одредени зраци се прикажани за буквите Д, З и И со сина, зелена односно портокалова боја. Се забележува дека Д ( на 2 растојанија f ) има иста големина, за вистинитата и превртената слика, З ( на растојание f ) има слика во бесконечноста, и И ( на растојание f/2 ) е двојно поголема, замислена и иправена слика.
Сликите од црните букви при тенка испакната леќа со жаришна должина f, се прикажани со црвена боја. Одредени зраци се прикажани за буквите Д, З и И со сина, зелена односно портокалова боја. Се забележува дека Д ( на 2 растојанија f ) има иста големина, за вистинитата и превртената слика, З ( на растојание f ) има слика во бесконечноста, и И ( на растојание f/2 ) е двојно поголема, замислена и иправена слика.

Оптика — дел од физиката кој се занимава со одликите и законитостите на светлината, вклучувајќи го и заемодејството со материјата и создавањето на инструменти кои ja користат или утврдат присуство на светлина. Оптиката обично ги опишува одликите на видливата светлина, ултравиолетова, и инфрацрвена светлина. Бидејќи светлината е електромагнетен бран, другите видови на електромагнетно зрачење како што се рентгенските зраци, микробрановите и радио брановите пројавуваат слични својства.

Повеќето оптички појави се објаснуваат со помош на електродинамичкиот опис на светлината. Користењето на електромагнетни описи за светлината го отежнува објаснувањето на светлинските појави во секојдневието. Применетата оптика користи упростени модели. Најчесто употребуван метод е т.н. геометриска оптика, кој светлината ја разгледува како збир од зраци кои се движат праволиниски, се прекршуваат или одбиваат кога минуваат нз најразлични средини. Брановата оптика е поопфатен модел за светлината, кој вклучува бранови појави како што се дифракција и интерференција кои не можат да се објаснат со геометриската оптика. Историски, зрачно-заснованиот модел за светлината се развива првично, по што следи брановиот модел на светлината. Напредокот во електромагнетната теорија во XIX век доведе до откритието дека светлинските бранови се всушност електромагнетно зрачење.

Некои појави зависат од фактот дека светлината ги поседува одликите на бран и честичка истовремено. Објаснувањето на овие ефекти побарува употреба на квантна механика. Кога светлината се разгледува како честички, светлината се претставува како збир од честички наречени „фотони“. Квантна оптика е дел од оптиката кој се занимава со употребата на квантномеханички методи во оптичките системи. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Показница за евхаристиско клањање. Музеј на духовната уметност, Саун Пауло. Денес е католичкиот празник Телово.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Главната сала на „Валхала“
Главната сала на „Валхала“
На денешен ден…

Денес е 30 мај 2024 г.

Настани:

1498  Кристофер Колумбо, шпански морепловец со Италијанско потекло, со шест бродови испловил од шпанското пристаниште Санлукар на третото патување во Новиот Свет, при што ги открил Тринидад и брегот на Јужна Америка.
1969  Гибралтар добил статус на британски доминион со внатрешна самоуправа.
1973  Западна Германија и Чехословачка потпишале Договор за нормализација на односите, ставајќи крај на 32-годишните несогласувања меѓу двете земји.
1981  Во Бангладеш, во обидот за државен удар, бил убиен претседателот Ајаур Рахман.
1998  Во земјотресот, што ја зафатил северната авганистанска покраина Тахар, загинале најмалку три илјади лица.

Родени:

1220  Александар Невски — голем кнез на Новгород и Владимир и руски светец.
1845  Амадеј Iкрал на Шпанија.
1875  Џовани Џентиле — италијански неохегелијански идеалистички филозоф и политичар.
1876  Владимир Назор — хрватски писател.
1896  Хауард Хокс — американски филмски режисер.
1909  Бени Гудман — американски џез-музичар.
1922  Александар Матковски — македонски историчар, прв доктор на историски науки од Македонија и прв историчар ориенталист.
1928  Густав Леонхарт — холандски клавијатурист и диригент, истакнат деец во областа на автентичната музичка изведба
1932  Хосе Мело — филипински правник.
1934  Алексеј Леонов — советски космонаут.
1936  Димитар Димитров — македонски поет.
1937  Љубиша Георгиевски — македонски политичар и филмски и театарски режисер.
1946  Драган Џаиќ — српски и југословенски фудбалер.
1949  Симјон Симев — македонски поет.
1950  Саво Костадиновски — македонски поет.
1950  Бертранд Делано — градоначалник на Париз.
1951  Здравко Чолиќ — босанско-српски поп-пејач.
1955  Топер Хедон — англиски рок-музичар, член на групата „Клеш“ (The Clash).
1958  Мари Фредриксон — шведска поп-пејачка, членка на групата „Роксет“ (Roxette).
1959  Блаж Слишковиќ — босански и југословенски фудбалер и тренер.
1964  Венко Андоновски — македонски писател.
1964  Том Морело — американски рок-музичар, член на групата „Саундгарден“ (Soundgarden).
1966  Томас Хеслер — германски фудбалер.
1973  Лариса Косорукова — израелска кану-спринтерка.
1974  Николина Кујача — македонска глумица.
1980  Стивен Џерард — англиски фудбалер и тренер.
1981  Девендра Банхарт — фолк-рок-музичар.
1986  Марко Симоновиќ — српски кошаркар.
1993  Зак Ледеј — американски кошаркар.
1996  Александар Головин — руски фудбалер

Починале:

1431  Јованка Орлеанка — француска национална хероина од Стогодишната војна (1337 - 1453.).
1574  Шарл IXкрал на Франција.
1594  Балинт Балаши — ренесансен лирски поет, основач на современата унгарска лирика.
1640  Петар Паул Рубенс — фламански сликар.
1744  Александар Поуп — англиски поет.
1778  Франсоа Волтер — француски писател, историчар и филозоф.
1905  Бранивое Јовановиќ-Брана — војвода на Српскиот комитет на четничката акција.
1918  Георгиј Валентинович Плеханов — руски филозоф, политичар, историчар, критичар, естетичар и социолог.
1951  Херман Брох — австриски писател.
1960  Борис Пастернак — руски и советски писател.
1963  Рибејро Коуто — бразилски писател и дипломат.
1986  Хенк Мобли — американски џез-музичар.
1989  Зинка Миланов — американска оперска пејачка.
1994  Павле Савиќ — српски физичар и хемичар.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич