Портал:Мода

Од Википедија — слободната енциклопедија


Добредојдовте на Портал мода

уреди   

Избрана статија

Џани Версаче (итал. Gianni Versace) беше италијански моден творец (роден на 2 декември 1946 во Реџо Калабрија - почина на 15 јули 1997 во Мајами Бич) кој се смета за едно од најпознатите имиња на италијанската мода во светот. Неговиот моден правец успеал да направи успешен спој меѓу елегантниот и спортскот стил, меѓу машкиот и женскиот од друга страна и на тој начин дал свој печат во светската мода промовирајќи го италијанскиот дизајн и креација. Основач е на модната куќа Gianni Versace SpA, која денес е управувана од страна на неговото семејство.

Неговите творби прават спој од повеќе елементи, свила и кожа, метал и гума и мошне често се среќаваат ткаенини со печатени апликации и украси и везови во прв план. Никогаш не создавал модели повикувајќи се на носталгичните модни трендови, само во ретки случаи неговата фантазија успевала да ги поврзе старите мотиви со нова облека која дури и на тој начин преку извонредната изработка оддавала изглед на нешто сосем екстраваганто. Секогаш внимателен на сугестиите кои произлегувале од младата публика, Версаче се наметнал во светот на модата пред сѐ благодарение на својата генијалност која направила да биде поинаков од останатите творци. Прочитајте повеќе


уреди   

Дали сте знаеле...

  • ... дека поимот мода потекнува од латинскиот збор facio што во превод значи „да се направи“?
  • ... дека малиот црн фустан е дело на модниот творец Коко Шанел, која го дуизајнирала во знак на жалост за умрениот љубовник?
  • ... дека Труфит & Хил (англиски: Truefitt & Hill) е најстарата берберница во светот. основана е во 1805 година?


уреди   

Мода на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)