Стоболка
| Стоболка | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Животни |
| Тип: | Хордови |
| Класа: | Цицачи |
| Ред: | Глодачи |
| Семејство: | Верверици |
| Род: | Стоболки |
| Вид: | Стоболка |
| Научен назив | |
| Spermophilus citellus (Linnaeus, 1766) | |
| Распространетост | |
| Синоними | |
|
Citellus citellus (Linnaeus, 1766) | |
Стоболка или европска стоболка (науч. Spermophilus citellus) — вид животно од семејството на вервериците. Заедно со дамчестата стоболка (Spermophilus suslicus) се единствени претставници на родот стоболки (Spermophilus) во Европа.
Опис
[уреди | уреди извор]Стоболката расте до должина од 20 см и тежи помеѓу 200 и 400 грама. Таа е дневно животно и живее во колонии од поединечни дувла на пасишта и тревнати косини. Денски излегува за да храни, и тоа претежно со семиња, фиданки, корења и наземни безрбетници. Секоја колонија има стоболка што чува стража и им дава звучен сигнал на останатите кога наодаѓа некоја опасност.
Стоболката спие зимски сон помеѓу есента и месец март, зависно од климата. За презимувањето се подготвува со таложење на кафеава маст во подоцнежниот дел на летото.
Во раниот дел од летото стоболката раѓа 5-8 младенчиња.

Распределба
[уреди | уреди извор]Стоболката е присутна ширум источна европа, од јужна Украина до Мала Азија, Австрија, Чешка, Романија, Бугарија, Република Македонија, Грција и на север до Полска.
Во Република Македонија
[уреди | уреди извор]Во Република Македонија е застапен подвидот македонска стоболка (Spermophillus citellus karamani) која е строго заштитена со целосна забрана за лов.[2] Препариран примерок на стоболка е изложен во Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје.[3] Се смета дека името го добила поради нејзините разновидни лековити својства во народната медицина (фиг. дека лечи „сто болести“).
Стоболката е претежно застапена во брегалничкиот регион.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Hegyeli, Z. (2020). „Spermophilus citellus“. Црвен список на загрозени видови. 2020: e.T20472A91282380. doi:10.2305/IUCN.UK.2020-2.RLTS.T20472A91282380.en. Посетено на 19 November 2021.
- ↑ „Ловостој - Член 12“ (PDF). Закон за ловство на РМ. Службен весник на РМ. 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-16. Посетено на 8 јануари 2012.
- ↑ Постојани изложби - Цицачи Архивирано на 15 март 2013 г. - Природонаучен музеј на Македонија
- ↑ Natura 2000 (9 септември 2016). „Тимот на Натура 2000 на терен (септември, 2016)“. Натура 2000. Архивирано од изворникот на 2024-01-29. Посетено на 29 јануари 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Стоболка“ — Енциклопедија на живиот свет

Стоболка на Ризницата ?