Џејмс Чедвик
Сер Џејмс Чедвик | |
---|---|
Роден(а) | 20 октомври 1891 Болингтон, Чешир, Обединето Кралство |
Починал(а) | 24 јули 1974 Кембриџ, Обединето Кралство | (возр. 82)
Државјанство | Британец |
Полиња | Физика |
Установи | |
Образование | |
Докторски ментор | Ернест Радерфорд |
Докторанди | |
Познат по |
|
Поважни награди |
|
Џејмс Чедвик ( Болингтон, 20 октомври 1891 — Кембриџ, 24 јули 1974 ) — англиски физичар. Добил Нобелова награда за физика во 1935г. за откривање на неутронот.
Детство и младост
[уреди | уреди извор]Студирал во Манчестери во Кембриџ. Во 1913 работел со Ханс Гајгер во Берлин. Исто така работел и со Ернест Радерфорд. Во текот на Првата светска војна бил интерниран во концентрационен логор во Германија,како непријателски шпион,кој е пратен за да ги открие германските воени планови.
Истражувања на Кембриџ
[уреди | уреди извор]По војната се вратил во Кембриџ,каде работел со Ернест Радерфорд на истражување на гама-зраците од радиоактивните материјали. Освен тоа ги проучувал и трансмутациите на елементите. Го истражувал атомското јадро.
Во текот на 1932 направил фундаментално научно откритие. Открил честица во атомското јадро, која ќе стане позната како неутрон. Новата честичка неутрон била без електрично електризирање. Алфа-честичките имале позитивно електрично електризирање и кога со нив би се бомбардирало атомското јадро алфа-честичките би биле одбиена поради тоа што јадрото било позитивно наелектризирано. Кај потешките елементи Кулонската бариера станала уште поголема, па алфа-честицците не можеле да ги разбијат таквите јадра ни со поголеми енергиски бомбардирања. Меѓутоа неутроните кои ги открил Чедвик можеле да дојдат до атомските јадра на потешките елементи, бидејќи за нив не постоела кулонска бариера затоа што биле без електрицитет. Неутроните можеле да ги разбијат атомските јадра и на најтешките елементи.
Чедвиковото откритие го подготвило теренот за создавање на атомските бомби. Добил Нобелова награда за физика во 1935 за откривање на неутронот. Германскиот научник Ханс Фалкенхаген го открил неутронот во исто време кога и Чедвик, но се плашел да го објави тој резултат. Чедвик му понудил да ја дели Нобеловата награда со него, но Фалкенхаген ја одбил таа почест.
Чедвиково откритие, неутрон, претставувало мала револуција, бидејќи овозможило да се создаваат елементи потешки од ураниумот. Неговото откритие го инспирирало Енрико Ферми да ја открие јадрената реакција со спори неутрони (термални неутрони), а Лиза Мајтнер да ја открие јадрената физика.
Ливерпул и атомската бомба
[уреди | уреди извор]Чедвик во 1935г. станал професор во Ливерпул. Во текот на војната станал члан на комитетот за истражување на можностите за правење на атомски бомби. Како член на Тизардовата мисија во 1940г. оди во САД и Канада за да би се остварила соработката на јадрените истражувања. Кога се вратил во Англија, во ноември 1940г. заклучил дека нема да има ништо од тие истражувања сè до крајот на војната. Меѓутоа во декември 1940г. Франц Симон напишал извештај за можностите да се издвои изотоп на ураниумот важен за атомската бомба ураниум 235. Симон напишал не само за таа можност, туку и колку тоа би чинело и техничките одлики како би се направило тоа. Од тој момент Чедвик започнал да работи на атомската бомба. Набрзо се приклучил на "Проектот Менхетен" во САД, во рамките на кои се развиени атомските бомби фрлани во Хирошима и Нагасака.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „James Chadwick“. AcademicTree.org. Посетено на 21 July 2014.
- ↑ Massey & Feather 1976.
|
- Родени во 1891 година
- Починати во 1974 година
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Англиски физичари
- Проект „Менхетн“
- Учесници во проектот „Менхетн“
- Членови на Кралското друштво
- Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански)
- Носители на Коплиевиот медал
- Носители на Орденот на Почесните придружници
- Витези-бакалауреати
- Англиски нобеловци
- Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките
- Членови на Кралската академија на науките и уметностите на Белгија
- Британски нобеловци
- Апсолвенти на Кембричкиот универзитет
- Членови на Американското филозофско друштво