Илја Франк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Илја Михајлович Франк
Ilya Frank.jpg
Роден23 октомври 1908(1908-10-23)
Санкт Петербург, Руска империја
Починал22 јуни 1990(1990-06-22) (воз. 81 г.)
Москва, СССР
НационалностСССР Русин
ПолињаНуклеарна физика
УстановиМ. В. Ломоносов
ОбразованиеМ. В. Ломоносов
Докторски менторСергеј Иванович Вавилов
Познат поЧеренково зрачење
Поважни наградиСталинова награда 1946, Нобелова награда за физика (1958)

Илја Михајлович Франк (руски: Илья́ Миха́йлович Франк 23 октомври 190822 јуни 1990) бил советски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика во 1958 заедно со Павел Черенков и Игор Там, исто така од Советскиот Сојуз. Тој ја добил наградата за појаснувањето на појавата на Черенковото зрачење. Тој добил Сталинова награда во 1946 и 1953, а во 1971 ја добил Советската државна награда.

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

Илја Франк се родил на 23 октомври 1908 во Санкт Петербург. Неговиот татко, Михаил Лудвигович Франк, бил талентиран математичар со потекло од еврејско семејсто, додека неговата мајка, Михајловна Гратсијанова, била руски православен физичар. Неговиот татко учествувал во студентското револуционерно движење и како резултат на тоа бил протеран од Московскиот универзитет. По Октомвриската револуција, тој бил вратен и назначен за професор. Чичкото на Илја, Семјон Франк, познат руски филозоф, не бил достоен и бил протеран од СССР заедно со уште 160 други интелектуалци во 1922. Илја имал постар брат, Глеб Михајлович Франк, кој станал познат биофизичар и член на академијата за науки на СССР.[1]

Илја Франк изучувал математика и теориска физика во Московскиот универзитет. Од неговата втора година работел во лабораторијата на Сергеј Иванович Вавилов, кого го сметал за негов ментор. По дипломирањето во 1930, по препорака на Вавилов, тој почнал да работи во државниот оптички институт во Ленинград. Таму ја напишал својата прва објава за луминисценција заедно со Вавилов. Работата која ја завршил таму ќе биде основа за неговиот докторски есеј во 1935.[1]

Во 1934, Франк се префрлил во институтот за физика и математика на Советската академија на науки (кој набрзо ќе биде преместен во Москва, каде бил трансформиран во институт за физика). Тука почнал да работи на нуклеарната физика, сосема ново поле. Се заинтересирал за ефектот откриен од Павел Черенков, така наелектризирани честички кои се движат низ вода со голема брзина емитуваат светлина. Заедно со Игор Там, развиле теориско објаснување: ефектот се појавува кога наелектризирани честички патуваат низ оптички транспарентен медиум со брзина поголема од брзината на светлината во тој медиум, предизвикувајќи шок-бран во електромагнетното поле.[1] Количината на енергијата која зрачи во овој процес е определена со Франк-Тамовата формула.

Откритието и објаснувањето на овој ефект резултирало со развивањето на нови методи за детектирање и мерење на брзината на нуклеарните честички со голема брзина и станало многу значајно за истражувањето во нуклеарната физика. Черенковото зрачење е широко употребувано во биомедицинските истражувања за детекција на радиоизотопи. Во 1946, Черенков, Вавилов, Там и Франк биле наградени со Сталинова награда за нивното откритие, а во 1958 Черенков, Там и Франк ја добиле Нобеловата награда за физика.[1]

Во 1944, Франк бил назначен за професор и станал директор на одделот во институтот за физика и на лабораторијата за нуклеарна физика (која подоцна била префрлена во институтот за нуклеарно истражување). Лабораторијата на Франк била дел од (тајното) проучување на нуклеарните реактори. Поточно, тие ја проучување дифузијата и термализацијата на неутроните.[1]

Во 1957, Франк исто така станал директор на лабораторијата за неутронска физика во обединетиот институт за нуклеарно истражување. Лабораторијата била базирана на неутронски брзо-пулсен реактор, тогаш во изградба. Пор надзор на Франк, реакторот бил користен за развивање на неутронски спектроскопски техники.[1]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Франк се оженил со познат историчар, Ела Абрамовна Бејликис, во 1937. Нивниот син, Александар, се родил истата година и го продолжил проучувањето на физиката на неговиот татко.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Abov, Yu.G.. Academician Ilya Mikhailovich Frank (100th anniversary of his birthday). „Physics of Atomic Nuclei“ том  71 (10): 1653–1655. doi:10.1134/S1063778808100013. Bibcode2008PAN....71.1653A. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]