Прејди на содржината

Второ Бугарско Царство

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Втората бугарска држава)
Второ Бугарско Царство
ц︢рьство блъгарское
1185–1422
Бугарија во времето на Иван Асен II
Бугарија во времето на Иван Асен II
СтатусЦарство
Главен градТрновград (1185-1393)
Говорени јазициБугарски
Вероисповед
Источно православие
УредувањеМонархија
Цар(император) 
• 1185-1190
Петар IV
• 1393–1396
Иван Страстмир
Историски периодСреден век
• Основана
1185
• Обнова
1185
17 јули 1393
• Престанала да постои
1422
Површина
13 век350.000 km2 (140,000 sq mi)
Претходници
Наследници
Византија
Прво Бугарско Царство
Османлиска Бугарија
Кнежевство Бугарија

Второто Бугарско Царство (бугарски: Второ българско царство) или Бугарско-Влашко Царствосредновековна држава која постоела во периодот помеѓу 1185 и 1396 година (или 1422).[1] Таа претставувала директен наследник на Првото Бугарско Царство. Својот врв од нејзиното постоење државата го доживеала во времето на царот Калојан и Иван Асен II, пред истата да биде заземена од страна на Отоманското Царство кон доцниот 14 век и почетокот на 15 век. Во текот на историјата, по ослободувањето на територијата од Османлиите, било формирано најпрвин Кнежевство Бугарија, а подоцна Царство Бугарија и денешната Република Бугарија.

До 1256 година, т.н. Второ Бугарско Царство имало доминантна моќ на Балканскиот Полуостров.[2]Византија на неколкупати била поразена во многу големи и значајни битки. Порази доживеала и новоформираното Латинско Царство во 1205 година во Битката кај Одрин, кога бугарските војски биле предводени од Калојан. Неговиот внук Иван Асен II (1218-1241) го поразил Епирското Деспотство, зацврстувајќи ја доминантната власт на Бугарите над Балканот. Меѓутоа, поради постојаните напади кон доцниот 13 век од страна на Татари, Византијци, Унгарци како и поради пред сè внатрешната нестабилност во земјата, тоа довело до постепено распаѓање на царството. Во текот на касниот 14 век и почетокот на 15 век, земјата била целосно заземена од страна на Османлиите.

И покрај големото византиско влијание, сепак бугарските уметници и архитекти успеале да создадат посебен стил на уметност. Уметноста и литературата цветела во текот на 14 век, а голем дел од бугарското население било писмено.[3]

Именување на државата

[уреди | уреди извор]

Најчесто користено име за царството од страна на современиците било Бугарија.[4] Познато е дека Калојан бил прогласен за крал на Бугарите и Власите.

Во современата историографија, државата се нарекува Втора бугарска империја, Второ бугарско царство, или Второ бугарско кралство за да се разликува од Првото бугарско царство.[5] Алтернативно име кое се користи за периодот пред средината на 13ти век е Царство на Власите и Бугарите;[6] или негови варијации Влашко–Бугарско царство, Бугарско–Влашко царство,[7] или Романско–Бугарско царство; кое го користи само романската историографија.[8]

Дали бугарската држава создадена по успешното востание имала влашки, бугарски карактер или обете? Византиските извори скоро исклучиво кога зборуваат за востанието на Петар и Асен, ги нарекуваат востаниците Власи. Западните извори од времето на Четвртиот крстоносен поход, кои го зазеле Константинопол и ја основале Латинската империја (1204-61) ги ословуваат Бугарите, кои во тоа време веќе имале независна држава, како Власи. Бугарските извори од почетокот на 13ти век, како и српските и дубровничките извори ја ословуваат државата и нејзиниот народ како Бугари. Современите бугарски историчари имаат тенденција да ја минимизираат улогата на Власите во востанието. Романските историчари, спротивно на тоа инсистираат дека водачите на востанието биле Власи, што ги прави создатели на бугарската држава.[9] Меѓутоа, треба да се истакне дека 12 век не е век на национализам, и Бугарите и Власите ја населувале територијата на Бугарија, живееле пријателски и заедно. Бугарските Словени најчесто живееле во низинските делови и се бавеле со земјоделство, а Власите во планинските и се бавеле со сточарство. Наизглед, тие не се натреварувале за земја, туку и тргувале при што секој ги добивал производите од другиот, а притоа корист имале и двете групи.[9]

И покрај некои успеси на Византија во времето на Мануел I Комнин, сепак земјата започнала полека да се распаѓа. Михаил I Комнин во голема мера се обидел да воспоставил контрола над Јужна Италија и да ги протере турските Селџуци од Мала Азија, но во Битката кај Мариокефалон, турските Селџуци успеале да му нанесат голем пораз на царот и да воспостават трајна контрола врз дел од Мала Азија. Во исто време во внатрешноста на Византија се појавиле феудалци кои во голема мера ја потисниле централната власт, во однос на нивните посакувања. Во земјата корупцијата започнала сè повеќе да се шири, настапило социјално незадоволство помеѓу народот. Сиромашните семејства биле принудени своите деца да ги продаваат како робови за имаат можност од што да преживеат.

Кон 1183 година, во северниот дел на земјата инвазија извршиле Унгарците, кои ги ограбиле регионите околу Ниш и Средец, и според некои извори ги украле моштите на Свети Јован Рилски.[10] По само две години, Норманите ги нападнале градовите Драч и Солун. По нивното заземање, населението било или ограбено или убиено. По ова, норманските орди се насочиле кон престолнината Цариград, но благодарение на главниот началник на Византиската војска, Алексеј Брана, Византија успеала да го одбие ударот на норманите. Во истото време, во Цариград бил извршен државен удар и на царскиот престол застанал Исак II Ангел (1185-1195), кој склучил династичен брак со ќерката на унгарскиот крал Бела III.

Востанието на Асен и Петар

[уреди | уреди извор]
Црквата „Св. Димитиј“ во Трново, изградена од Асен и Петар на почетокот на востанието.

Браќата Асен (Иван Асен I) и Петар (Теодор-Петар IV) пораснале во Мизија и кога биле доволно возрасни, појавиле загриженост за состојбата на бугарските земји кои постојано биле како воено поле во Тракија и Мизија. Двајцата браќа отишле кај византискиот цар Исак II Ангел со молба да царството им даде имот со кој тие би се преврнале во локални феудалци, подчинети на престолнината. На тоа, царот им одговорил негативно, по кое двата браќа му се заканиле дека ќе го организираат месното население за избувнување на бунтови и востанија. Стравот на православното население во Византија се зголемил бидејќи се сметало дека Свети Димитар, според преданието, им го свртел грбот на византијците, насочувајќи се да им помага на Словените, пред сè на Бугарите. Како еден доказ или мит за ова била изгубената икона на Свети Димитар од Солун, која по необјаснен начин се најдела во Трновград, денешно Велико Трново.

Кон крајот на месец октомври, кога се славел празникот на Свети Димитар, при осветувањето на новата црква која била посветена на самиот светец, во исто време бил даден почетокот на востанието против Византија од страна на Асен и Теодор-Петар. Теодор бил прогласен за цар, бидејќи тој бил постариот од двата браќа, и го променил името си во Петар, како директен наследник на Петар I, цар од времето на Првото Бугарско Царство. За многу краток период, востанието успеало да се прошири низ скоро цела Северна Бугарија, со исклучок на градот Варна. Византиската власт не успеала да реагира адекватно на бугарските востаници, најмногу поради фактот што во истото време во престолнината се воделе дворски битки помеѓу Исак II Ангел и претендентот за престолот — Исак Комнин. Војска од страна на Византија била испратена дури откога востаниците ја преминиле Стара планина, која војска претрпела пораз. Во текот на пролетта на 1186 година, Исак II решил директно да ја нападне византиската армија. Искористувајќи ја маглата, византиската армија успеала да ја премине Стара планина и успеала да ги принуди бугарските позиции да се повлечат. Византиската армија опожарила мал дел од заземената територија и се повлекла. Во исто време, бугарските востаници успеале да стапат во контакт со туркиските Кумани, барајќи заедно да се обединат против Византија.

Во текот на есента 1186 година, бугарско-куманската армија ја преминала Стара планина (Паристрион) и се разделила на два дела: едниот дел од армијата заминал кон Македонија, а другиот останал да дејствува во Источна Тракија. Војната се водела со променлив успех на двете страни, кое дополнително го инспирирало на бугарскиот цар да собира поголема и пообучена војска. Во времето кога стигнал во Средец, денешна Софија, царот Исак II го убедувал на Бела III да ги врати откраднатите мошти на Свети Иван Рилски. По преговорите, било договорено унгарскиот крал да ги врати моштите но без едната рака, која подоцна била однесена во Грац. Во текот на пролетта на 1187 година, Византиските војници испеале да ја преминат Стара планина и да го опседнат градот Ловеч т.е. Ловешката тврдина. Опсадата на градот можеби продолжила повеќе од колку што очекувал самиот Исак II. По ова, тој решил да се обиде преку преговори. Во преговорите, византискиот цар ја признал власта на династија Асенивци над Мизија, а како замена во плен го зедол братот на Асен и Петар, Јоаница (идниот Калојан). Веднаш по прогласување на мирот помеѓу двете земји, Бугарското Царство започало да ја обновува својата државна власт, да гради поголем број на тврдини. Како престолнина на новата бугарска држава бил избран градот Трновград, денешно Велико Трново, главно поради својата недостапност и стратегиска позиција. Така, во следните години, Трново станал еден од најголемите културно-политички и религиозни центри на Бугарија.

По преминуњето на крстоносците преку бугарските и византиските земји, Исак II решил конечно да зазеде поголем поход против Бугарите, организирајќи поход кон Трново. Меѓутоа, градот бил доволно добро заштитен за да византијците не можат да го заземат. Во Битката кај Тревна од 1190 година, Бугарија и нанела тежок пораз на Византија. Од тој момент, бугарската држава зазела големи походи против Византија низ цела Тракија. По големите неуспеси кои ги доживеал царот Исак II, во престолнината бил извршен преврат.

Бугарија во времето на Калојан.

Калојан, познат и како Ромеоубиец,[11], цар на Бугарија станал во 1197 година. Престолот го наследил во време кога земјата се наоѓала во голема нестабилност. Во текот на 1202 година, Римокатоличката црква ја организирала Четвртата крстоносна војна. По налог на Венецијанската Република, рицарите го нападнале и ограбиле пристаништето Зара. По ова, Венеција склучила сојуз со приврзаниците на Алексеј Ангел, кој во тоа време се наоѓал до затвор, заедно со својот татко Исак II Ангел. Крстоносците се упатиле кон Цариград. (Види:Опсада на Цариград (1203)). Византискиот цар Алексеј III Ангел, склучил договор со Калојан. Според договорот, под власта на Калојан се најдела цела Северна Бугарија, Браничевската област и Белградската област, како и делови од Северна Тракија и Македонија. Во исто време, Браничевската област и Белградската област биле окупирани од страна на Унгарија. По овој настан, царот Калојан успеал со својата војска да ги протера Унгарците од истите области.

Гробот на Калојан.

Папа Инокентиј III во 1199 година му предложил на Калојан да ја признае неговата власт, а истото пак да го стори и царот според кој договор, тој би требало да го признае папата како владетел над светските царства, пример кој веќе се практикувал во Западна Европа. Во продолжение на пет години, Калојан и папата преговарале околу можниата унија. Во исто време, папата му заповедил на унгарскиот крал да се откаже од денешните српски земји Белград и Браничево. Во исто време, Калојан пак започнал преговори со Византија чија цел била таа да го прогласи за цар (цѣсарь — цезар), титула која била еднаква на титулата цар, како и да се признае автокефалноста на неговата црква. Во крајна сметка, Калојан се одлучил за православниот свет, во кој владетелот односно царот не бил управуван од страна на црквата, туку цезарот односно царот бил над црковниот поглавар.

На 13 април 1204 година, крстоносците во текот на Четвртата крстоносна војна го зазеле Цариград, по кое дошло до привремено распаѓање на Источното Римско Царство односно Византија. Од териториите на Византија се создале неколку помали држави и тоа: Никејско Царство, која се смета како директен наследник на Византија, Епирско Деспотство и Трапезунтско Царство. Во заземаните територии, крстоносците основале свои држави и тоа: Солунско кралство и Латинско Царство. Веќе на 8 ноември бил склучен сојуз според кој папата ја дал титулата крал на Калојан (пониска титула од цар) и титулата примас на бугарски духовен татко, кој според папата одговарале на цар и патријарх. Царот Калојан во исто време потпишал заклетва според која тој се задолжил да ја признае Римокатоличката црква и нејзината надмоќ врз овие простори, со кои тој требало да се потчини на секое решение земено од страна на папата. Но со заземањето на Цариград од страна на крстоносците, на повеќепати биле нападнати бугарските територии. Така, царот Калојан испратил писмо до Балдуин Фландриски со предлог да се склучи договор за мир. Но царот ова не го прифатил, и борбите продолжиле. Така кон почетокот на 1205 година, Калојан склучил договор со византиската аристократија за заеднички воени походи против Латинското Царство.

Така, скоро сите тракиски тврдини и области застанале на страната на Калојан. Во Едрене (или Одрин), Калојан ја испратил куманската коњаница каде рицарите и крстоносците доживеале голем пораз. Во таа битка бил заробен и самиот цар Балдуин Фландриски и однесен како заробеник во Трновградската тврдина. По Битката кај Едрене, бугарската армија зазела големи делови од Тракија и Македонија. Поради страв да не биде нападната и расцепканата византиска држава, византиската аристократија се откажала од договорот кој бил склучен со Калојан. Поради тоа, царот Калојан го зазел денешниот град Пловдив. Во 1207 година војната се проширила го голема мера, за да на крај повторно биде склучено примирје за заедничко дејство против Цариград односно Латинското Царство. Следувала опсада на Едрене и неуспешна опсада на престолнината на Латинското Царство. Како главна причина се смета повлекувањето на куманите од опсадата. По ова, бугарските позиции се насочиле кон Солун. Сепак, опсадата и можното заземање на Солун не се случила главно поради убијството на Калојан од страна на неговиот прв военоначалник Манастар.

Иван Асен II

[уреди | уреди извор]
Територијата на Бугарија за време на владеењето на Иван Асен II

По смртта на Калојан, на негово место застанал Борил во 1207 година, кој бил син на сестрата на Калојан. Во времето на неговото управување, цар Борил загубил голем дел од териториите на Бугарија, пред сè Пловдив, Белград, Браничево и Ниш. Во текот на 1213 година тој склучил мировен договор со Латинското Царство преку династичен брак на својата ќерка со Хенрик. Во исто време династичен брак бил склучен и помеѓу другата ќерка на Борил и унгарскиот крал Бела IV, со кое во исто време дошло до подобрување на односите и со Кралство Унгарија. По застанувањето на престолот на Борил, приврзаниците на Династија Асеновци биле принудени да побегнат од земјата, засолнувајќи се кај Куманите.

Во текот на 1217 година, во Бугарија се вратиле синовите на царот Иван Асен I, кои биле пречекани со големо воодушевување кај месното население. Царот Борил се засолнил во Трново, но во исто време ја изгубил поддршката од страна на своите сојузници и бил заробен. По ова, на бугарскиот престол се качил Иван Асен II. Иван II Асен ја разбрал поентата и добивката од склучувањето на т.н. династички бракови и по враќањето на унгарскиот крал Андраш II бил договорен брак помеѓу бугарскиот цар и неговата ќерка Ана. Освен тоа, Иван Асен II ги добил и долгогодишните спорни територии на Белградската област и Бранчевската област. Таа негова политика на склучување на бракови чија цел била придобивање на територии, на Бугарија и осигурила сојузник и можеби привремено зачувување на мирот и стабилноста на земјата. Во негово време, Бугарската држава се протегала на три мориња и била една од најсилните земји во Европа во тоа време.[12]

Во исто време, на јужниот дел од Балканскиот Полуостров, Епирското Деспотство на чело со Теодор Комнин Дука го уништило Солунското кралство. Иван Асен својата ќерка ја оженил со Теодор Комнин Дука со кое си осигурил привремена сигурност на јужните делови од своето царство.

Иван Асен II

Во текот на 1228 година починал латинскиот цар Роберт Кутрен, а на негово место застанал неговиот малолетен син Болдвин II. Овде повторно бил склучен договор помеѓу Латинјаните и Бугарите, во кои бугарскиот цар станал регент на латинскиот цар. Малолетната ќерка на бугарскиот цар, Елена, била омажена за латинскиот цар. Бугарите биле задолжени да помагаат на Латинското Царство при евентуалните војни со Епирското Деспотство. Градот Пловдив бил повторно вратен на Бугарија. Но поради несигурноста од евентуални напади на Иван Асен, царот склучил договор и со поранешниот ерусалимски крал Жан де Бриен.[13]

Во текот на 1230 година, евентуалната офанзива од страна на Епир се оправдала по нападот на Теодор Комнин Дука врз територијата на Бугарија. Двете армии се сретнале на 9 март 1230 година во Битката кај Клокотница. Бугарската војска успеала да и нанесе тежок пораз на Епирското Деспотство, чија војска била многу побројна. Самиот Комнин заедно со своето семејство биле заробени. Оваа битка го најавило распаѓањето на деспотството.

Во времето кога Жан де Бриен станал нов цар на Латинското Царство, Иван Асен II бил принуден да го поништи договорот со Римокатоличката црква, протерувајќи го трновскиот епископ Василиј којшто бил проримски настроен. Како одговор на тоа, Папа Григориј IX му наредил на унгарскиот крал Андраш II да ја нападне Бугарија. Унгарците го окупирале Белград и Браничево, но многу бргу претрпиле пораз. Бугарите влегле во сојуз со новиот српски крал Стефан Владислав, склучувајќи династичен брак помеѓу една од ќерките на Иван Асен со самиот Владислав. По ова, главното упориште на бугарскиот крал повторно бил насочен кон Латинското Царство. Бугарија и Никејското Царство повторно започнале да преговараат околу евентуалниот поход против царството. Од страна на Иван Асен, како главно барање било решавање на прашањето околу независноста на Бугарската патријаршија, Никејскиот цар, кој бил наследник на Византискиот престол, Јован III Дука, во сојузот со Бугарија ја гледал идната евентуална опсада на Цариград од неговите две страни.

Така, повторно преку династичен брак бил заклучен сојузот помеѓу Никејското Царство и Второто Бугарско Царство. На соборот во Никеја, архиепископот Јоаким I бил прогласен за првиот патријарх на Бугарите. Во 1235 година, градот Цариград бил ставен под опсада. Заедничката опсада на сојузниците била неуспешна[14]. Сојузниците од опсадата се повлекле во есента, бидејќи доаѓала зимата. Двата цареви се договориле опсадата да биде продолжена во следната година, но тогаш бугарскиот цар одбил да испрати војници. По смртта на Јоан де Бриен во 1237 година, Бугарите го прекратиле договорот со Никеја, главно поради можноста Иван Асен II, да стане регент на Латинското Царство.

Царот Иван Асен II починал во 1241 година, по кое дошло крајот на напредокот на Второто Бугарско Царство.

Падот на царството

[уреди | уреди извор]

По смртта на царот Иван Асен II, бугарската држава започнала постепено да се распаѓа и да ја губи својата моќ. Монголската инвазија за Балканските земји била катастрофална. Бугарија била принудена да плаќа даноци на Златната Орда. Во времето на Михаил II Асен (1246-1256), синот на Иван Асен ги загубил градовите Сер, Велбужд, Мелник, Скопје, Прилеп итн. на сметка на византијците. Бугарската држава загубила една третина од својата територија. Белград и Браничево биле заземени од страна на Кралство Унгарија. Во времето кога на престолот дошол Калиман II (1256), царското семејство имало големи противници, пред сè ова се однесува на Ротислав Михаилович, татко на својата сопруга. Ротислав своите војски ги упатил кон Трново а царот бил изоставен од страна на неговите поддржувачи, по кое Коломан побегнал од престолнината. По “заземањето“ на градот, Ротислав заедно со својата ќерка се повлекле а како нов цар бил избран Мицо Асен. Калиман по само еден месец бил убиен. Мицо Асен (1256-1263) го отфрлил т.н. Регински мир со Никеја од 1255 година, ги зголемил даноците кое дополнително придонело неговата популарност да се намали. Поради определени сомнежи за негов атентат, тој се преместил во Преслав. По повторното создавање и обновување на Византија, тој станал нејзин сојузник. До 1263 година војувал постојано со Константин Асен, по кое ги предал своите територии на Михаил VIII Палеолог.

Во времето на Константин Асен (1257-1277), бугарската држава, која била во граѓанска војна, успеала да ги врати Северин и дел од Банатската област, но во 1261 година новиот унгарски крал Светаф V успеал да ги заземе Видин и Лом. Во 1264 година, Константин Асен учествувал во походот против Византија заедно со околу 40.000 војска на Златната орда, но сепак овој воен поход не ги подобрил позициите на земјата на Балканот. Наслединк на Константин Асен станал Цар Ивајло (1277-1280). Тој во почетокот успеал да организира походи против Византија во 1277 година. Но во летото на истата година тој морал да се исправи и против монголските Татари од Златната орда. Тој успеал да победи во неколку битки против Татарите. Следувала повторната граѓанска војна, во која византискиот цар сакал најмногу да ја искористи. Византија се решила да застане на страната на синот на Мицо Асен, Иван Асен III (1279-1280). Но, во 1278 година, царот Ивајло влегол во градот Трново. Во 1278 година, најпрвин забележал победи против византиските војски а по ова ја започнал поредната војна со Татарите. Тој се нашол во опсада во тврдината Драстер (Силистра). Опсадата продолжила три месеци, а во Трново се појавиле слухови дека Иваило загинал. Така, приврзаниците на Иван Асен III влегле во Трново, но неочекувано за нив, царот Иваило по краток период се појавил пред ѕидините на градот. Во исто време, од страна на Византија била пуштена армија од 10.000 војници. Иваило успеал да ги победи византиските војски кај Девња. Иван Асен успеал да побегне од престолнината а во меѓувреме за нов цар бил избран Георги I Тертер (1280-1292). Поради поредната граѓанска војна, и трите претенденти побарале помош од страна на Татарите, а во крајна сметка Иваило не ја добил и тој бил убиен.

Бугарија во текот на 13 век.

Во времето на цар Смилец (1292-1298), започнала поредната војна со Византија, во која Бугарија била поразена. Во 1296 година ја оженил својата ќерка со Стефан Урош III Дечански. Тој бил под директно влијание на Златната орда. Во ноември 1298 година царот починал. Неговата смрт до денеска е сѐ уште загатка. Во времето на Тодор Светослав (1300-1322), позициите на Бугарија привремено се зацврстиле на Балканот. Неговото владеење се одликува со добрата спроведена политика и стабилизација на земјата. Во 1304 година водел војна со Византија, заземајќи ги црноморските градови и области. По огромната победа, Светослав се упатил кон Едрене. По неколкугодишните војни, двете земји започнале да преговараат околу можно примирје. Во 1307 година бил потпишан договор помеѓу Византија и Бугарија, склучувјќи династичен брак на Светослав со ќерката на Михаил IX Палеолог. Наследник на Светослав бил Георги II Тертер (1322-1323), како последен од династија Тертер. Поради бунтовите околу византискиот престол, новиот цар организирал поход против Византија заземајќи го Пловдив и Едрене. Но по крајот на дворската војна во Византија, новиот цар Андроник III Палеолог повторно успеал да врати голем дел од своите територии. По овие неуспеси, по само неколку месеци бугарскиот цар изненадено починал без да остави наследник.

Михаил III Шишман Асен (1323-1330) бил основач на новата царска династија Шишман. Тој е можеби последниот бугарски цар од Второто Бугарско Царство којшто се стремил за создавање на бугарската воена и политичка хегемонија на Балканскиот Полуостров. Во 1330 година се одвила Битката кај Велбужд во која Рашка и нанела голем пораз на бугарската држава во кој бил убиен и самиот цар.

Тврдина Баба Вида

Јован Александар (1331-1371) успеал да ја прошири земјата на југ. Тој ја водел последната битка со царството на Византија. Во времето на неговото владеење започнала инвазијата на Османлиите. Најпрвин, Османлиите на полуостровот навлегле во помали дружини на кој им било плаќано за да се борат. Во 1352 година, Османлиите ја зазеле првата тврдина на полуостровот, Цимпе. Следувале војните со Византија. По крајот на неговото владеење Второто Бугарско Царство се разделило на Видинско царство управувано од Иван Страцимир, Трновско царство управувано од Иван Шишман и Добруџанско деспотство управувано од страна на Добротица.

Во текот на 1362-1364 година, денешниот град Пловдив бил заземен од страна на Османлиите. По ова, Османлиите се насочиле главно кон западниот дел на Балканскиот Полуостров, каде по Битката на Косово поле во 1389 година ја зазеле Србија. Во 1393 година Османлиите го окупирале и зазеле по три месеци опсада Трново. Во следната година Османлиите го освоиле Добруџанското деспотство и градот Никопол, кое означува дека последниот град или територија од Трновското царство паднало во 1395 година. Во 1396 година паднало и Видинското царство. По паѓањето на Видинското царство бил ставен крај на Второто Бугарско Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Средновековната економија на Бугарија не се разликувала од другите земји во Источна Европа и главно се потпирала на земјоделството, рударството, традиционалните занаети и трговијата. Главните земјоделски региони во земјата биле Дунавската рамнина и Тракија. Најодгледувани земјоделски производи биле зрното од пченица, јачмен и просо. Веќе кон 14 век започнала да се зголемува важноста на зеленчукот, овоштарниците и грозјето.[15] Главните винарски области биле околу брегот на Црно Море како и по должината на река Струма. Во голем степен било развиено и сточарството.[16]. Пасиштата се делиле на две групи: зимски пасишта (долини) и летни пасишта (планински). Во текот на 14 век, пчеларството и копринарството станале едни од најпрофитабилните гранки.[17] Густите шуми, исто така биле поделени во две групи, оние наменети за сечење односно употреба и оние кои биле забранети за сечење и понатамошна дообработка.[18]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Tjutjundžiev, Ivan; Plamen Pavlov (1992). Bǎlgarskata dǎržava i osmanskata ekspanzija 1369–1422 (бугарски). Veliko Tǎrnovo.
  2. http://www.world66.com/europe/bulgaria/history Архивирано на 10 ноември 2009 г. Историја на Бугарија
  3. „Нетинфо - Иследувачи: Потписот не е на Бојански мајстор“. Архивирано од изворникот на 2008-12-04. Посетено на 2010-04-03.
  4. Fine 1987, стр. 13
  5. Kenrick, Donald (2004). Gypsies, from the Ganges to the Thames. University of Hertfordshire Press. стр. 45. ISBN 1902806239.
  6. „Encyclopædia Britannica: Vlach“. Посетено на 20 September 2011.
  7. Kolarz, Walter (1972). Myths and Realities in Eastern Europe. Kennikat Press. стр. 217. ISBN 0804616000.
  8. Boia, Lucian (1972). Romania: Borderland of Europe. стр. 62.
  9. 9,0 9,1 Fine 1987, стр. 12
  10. http://www.pravoslavieto.com/life/07.01_sv_Ivan_Rilski_moshti.htm Моштите на Свети Јован Рилски
  11. „Kalojan, der Griechentöter"
  12. http://www.macedoniainfo.com/docs/BULGARIA-ASSEN-II.jpg Архивирано на 9 јуни 2011 г. Карта на Бугарија во времето на Иван Асен II
  13. http://ald-bg.narod.ru/BG_vladeteli/33_Asen_II.JPG
  14. „John III Ducas Vatatzes“. NNDB.com. Посетено на 2009-05-18.
  15. Ангелов, Д. По въпроса за стопанския облик на българските земи през XI-XII век ИП, 1950, с.429
  16. Georgius Acropolita. Historia, p.18
  17. Сакъзов, Ив. Средновековното манастирско стопанство в България- СБИД, 22, 1923/1924, с.221
  18. Ангелов, Д. По въпроса за стопанския облик на българските земи през XI-XII век ИП, 1950, с.431

Наворешни врски

[уреди | уреди извор]