Стефан V (Унгарија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стефан V Арпадович

Стефан V (Унгарија) (1240 година - 1 август 1272 година), бил унгарски и далматинско-хрватски крал (1270-1272) од династијата Арпадовци и син првенец на унгарскиот крал Бела IV и неговата сопруга Марија Ласкарис.

Младост[уреди | уреди извор]

На 20 август 1245 година неговиот татко го именувал за млад крал и хрватско-далматински војвода. После тоа во 1254 година се оженил со Јелисавета Куманк.

После унгарската анексија на Штаерска, татко му го поставил за тамошен намесник, но во декември 1259 година се кренал бунт против него и бунтовниците на тоа место сакале да го доведат бохемискиот крал. Заради тоа избила унгарско-бохемиската војна, во која Унгарците биле поразени во Битката кај Кресенбрун во 1260 година, кога Бела се откажал од поседување на Австрија. Со донесувањето на примирје синот на Бела, Бела Помладиот, се оженил со бохемиската принцеза Кунегонда.

Конфликтот со татко му и последиците[уреди | уреди извор]

Тогаш Стефан бил сменeт со положбата на хрватско-далматински војвода и на негово место бил поставен Бела Помладиот. Стефан тогаш је користи моќта на благородништвото и се буни против татко му, што во 1265 година довело до тоа да му се предадат 29 области од источна Унгарија, каде што Стефан владеел со кралски авторитет, па дури имал и свој замок, и своја влада, но односите помеѓу кралот Бела и Стефан и понатаму биле лоши. Поради тоа во 1264, 1266 и 1267 година дошло до конфликти помеѓу Стефан и Бела, а најголем од сите бил последниот (тој во 1267 година).

Кога во Унгарија, во 1267 година, настанале борбите помеѓу Бела и Стефан, кои зеле големи размери и завршиле со пораз на Бела, и кога се чинело дека Унгарија е значително ослабена поради тие борби, српскиот крал Стефан Урош I решил да се опрости од унгарското туторство.

Стефан како крал на Унгарија[уреди | уреди извор]

Доаѓањето на власт[уреди | уреди извор]

Штом кралот Бела (на 2 мај 1270 година) умрел, Стефан отишол во Столниот Белград, каде што по вторпат бил крунисан за унгарски крал. Крунисана била и неговата жена Елизабета. Од страв, пред новиот крал побегнале сите големци од земјата, кои го поддржувале неговиот татко. Меѓу нив бил и Хенрик Гисинговац, хрватски бан. Исто така била побегнала и Ана, сестра му на Стефан, земајќи со себе богатство. Нејзината ќерка Кунигуида била кралица на Бохемија.

Стефан Посмртни[уреди | уреди извор]

Во Венеција тогаш живеел 35-огодишниот Стефан Посмртни, кој тврдел дека нему му припаѓа унгарско-хрватскиот престол. Овој Стефан бил син на Беатриче, третата жена на кралот Андрија II Арпадовиц, но му ја оспорувале законитоста на неговото раѓање. Овoј Стефан бил оженет со венецијанската патрицијка Томасина Морозини; затоa го поддржувала Венецијанската Република. Се чини дека Стефан Посмртни исто така склучил сојуз и со Бохемија.

Кралот Стефан се грижел и за хрватските земји, да ја осуди намерата на неговиот соперник Стефан Посмртни, кој веќе од 1252 година се нарекувал херцег на целата Славонија. Стефан Посмртни умрел во 1271 година оставајќи го синот Андрија Венециецот, кого го именувал за наследник на неговите права.

Војната против Бохемија[уреди | уреди извор]

Сето тоа најпосле довело до војна помеѓу бохемискиот крал Отакар Пшемисал. Имало и политички причини за таа војна. Имено, умрел и коручкиот војвода Урлих без потомци. Пошто Уpлих на 4 декември за свој наследник го иманувал Отакар, тој завладал во Коруш, Крњска и во Словенската марица. Кралот Стефан побарал Отокар да му ја даде Крaњска и Словенската Марица бидејќи тие области ѝ припаѓале на Урлиховата жена Агнес, која во 1262 година овие области ги наменила за кралот Бела, како нејзин најблизок роднина.

Се војувало во 1270 година и во 1271 година во северозападна Унгарија. Во јули во 1271 година се склучил мир. Стефан се откажал од барањето, Отакар да му ги врати бегалците и богатството; исто така се откажал и од барањето за право во Крањска и врз Словенска Марица. Отакар пак ветил дека нема да му помага на Стефан Посмртни. Во мировниот договор Отакар, го нарекува Стефан за херцег на Славонија.

Стефан во Хрватска[уреди | уреди извор]

Кралот Стефан во 1271 и 1272 година се наоѓал во Хрватска, каде што ги наградувал своите поддржувачи. Така на пример, на 13 јуни во 1270 година на Роналд му го дарил градот Калник, за да ги награди заслугите на тој одличен големец.

Тој веднаш го именувал Јоаким Пектар за хрватски бан, синот на бившиот (1248-1260) бан Стефан Гуткелед, чија династија ѝ припаѓала на жупата Гацка. Јоаким, покрај тоа, бил и милениче на кралицата Елизабета. Градот Сењ на 20 октомври 1271 година го избрал Вида Франкопан за поголем ректор, со право на наследство, и кралот го потврдил овој избор, па Сењ му припаѓал на Франкопан до 1469 година.

Смрт и потомци[уреди | уреди извор]

Кога кралот, во јуни 1272 година, бил во Бихаќ, Јокаим му го грабнал синот Ладислав и го одвел во градот Копривница. Кралот сакал да му се одмазди, но на 6 август ненадејно починал.

Стефан имал два сина,Ладислав оженет со неаполската принцеза Јелисавета, и Андрија, како и 4 ќерки: Катарина, Ана, Марија и Јелисавета.

Катарина се омажила со српскиот принц Стефан Драгутин, Ана за византискиот цар Андроник, Марија за неаполскиот престолонаследник Карл, а Јелисавета во 1287 година за бохемискиот големец Завис Росенберг.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]