Велбуждска битка
Битка кај Велбужд | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Велбуждска битка |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Царство Бугарија Влашка[1] | Кралство Србија | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Михаил III Шишман † Басараб I (РВБ)[2] | Стефан Дечански Стефан Душан |
||||||
Сила | |||||||
c. 15.000 | c. 18.000:
15.000 Срби, 1.000 германски платеници [4] |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
Тешки | Лесни |
Битката кај Велбужд (бугарски: битка при Велбъжд; српски: Битка код Велбужда) е битка што се случила меѓу бугарските и српските војски на 28 јули 1330 година, во близина на градот Велбужд (денешен Ќустендил).[5]
Битката
[уреди | уреди извор]Зголемената моќ на Српското Кралство од крајот на 13 век предизвикала сериозна загриженост кај традиционалните балкански сили Бугарија и Византиското Царство кои се согласиле за заеднички воени акции против Србија во 1327 година.[6] Три години подоцна најголемиот дел од бугарските и српските војски се судриле кај Велбужд и Бугарите биле изненадени. Српската победа го обликувала односот на силите на Балканот во следните две децении. Бугарите не изгубиле територија по битката, но не биле во можност да го запрат српскиот напредок кон Македонија. Србија успеала да ја освои Македонија и делови од Тесалија и Епир достигнувајќи најголема територијална експанзија дотогаш. Нивниот нов крал Стефан Душан бил крунисан за император со бугарска помош во 1346 година.
Сепак, неколку децении по смртта на Душан во 1355 година, неговата империја се распаднала како и Бугарија по смртта на Јован Александар во 1371 година и двете држави биле уништени од отоманските Турци.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Vásáry, István (2005). Cumans and Tatars: Oriental Military in the Pre-Ottoman Balkans, 1185–1365. Cambridge University Press. ISBN 0-521-83756-1.CS1-одржување: ref=harv (link)
- ↑ Vásáry, István (2005). Cumans and Tatars: Oriental Military in the Pre-Ottoman Balkans, 1185–1365. Cambridge University Press. ISBN 0-521-83756-1.CS1-одржување: ref=harv (link)
- ↑ Cantacuzenos, I, pp. 429. 19
- ↑ 4,0 4,1 Nic. Gregoras. I, р. 455. 7-9.
- ↑ Ćirković 2004.
- ↑ Lawler, Jennifer (2011). Encyclopedia of the Byzantine Empire. McFarland. стр. 299.