Велбуждска битка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Битка кај Велбужд
Датум 28 јули 1330
Место Ќустендил
Исход Одлучна српска победа
Завојувани страни
Coat of Arms of the Bulgarian Empire.PNG Царство Бугарија
Влашка[1]
Nemanjić dynasty coat of arms, small, based on Palavestra.jpg Кралство Србија
Команданти и водачи
Coat of Arms of the Bulgarian Empire.PNG Михаил III Шишман  
Басараб I  (РВБ)[2]
Nemanjić dynasty coat of arms, small, based on Palavestra.jpg Стефан Дечански
Nemanjić dynasty coat of arms, small, based on Palavestra.jpg Стефан Душан

Nemanjić dynasty coat of arms, small, based on Palavestra.jpg Јован Оливер

Сила
c. 15.000

12.000 Бугари,[3] 3.000 платеници[4]

c. 18.000:

15.000 Срби, 1.000 германски платеници [4]

Жртви и загуби
Тешки Лесни

Битката кај Велбужд (бугарски: битка при Велбъжд; српски: Битка код Велбужда) е битка што се случила меѓу бугарските и српските војски на 28 јули 1330 година, во близина на градот Велбужд (денешен Ќустендил).[5]

Зголемената моќ на Српското Кралство од крајот на 13 век предизвикала сериозна загриженост кај традиционалните балкански сили Бугарија и Византиското Царство кои се согласиле за заеднички воени акции против Србија во 1327 година.[6] Три години подоцна најголемиот дел од бугарските и српските војски се судриле кај Велбужд и Бугарите биле изненадени. Српската победа го обликувала односот на силите на Балканот во следните две децении. Бугарите не изгубиле територија по битката, но не биле во можност да го запрат српскиот напредок кон Македонија. Србија успеала да ја освои Македонија и делови од Тесалија и Епир достигнувајќи најголема територијална експанзија дотогаш. Нивниот нов крал Стефан Душан бил крунисан за император со бугарска помош во 1346 година.

Сепак, неколку децении по смртта на Душан во 1355 година, неговата империја се распаднала како и Бугарија по смртта на Иван Александар во 1371 година и двете држави биле уништени од отоманските Турци.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Vásáry, István (2005). Cumans and Tatars: Oriental Military in the Pre-Ottoman Balkans, 1185–1365. Cambridge University Press. ISBN 0-521-83756-1.CS1-одржување: ref=harv (link)
  2. Vásáry, István (2005). Cumans and Tatars: Oriental Military in the Pre-Ottoman Balkans, 1185–1365. Cambridge University Press. ISBN 0-521-83756-1.CS1-одржување: ref=harv (link)
  3. Cantacuzenos, I, pp. 429. 19
  4. 4,0 4,1 Nic. Gregoras. I, р. 455. 7-9.
  5. Ćirković 2004.
  6. Lawler, Jennifer (2011). Encyclopedia of the Byzantine Empire. McFarland. стр. 299.