Басараб I
Басараб I | |
---|---|
Басараб I | |
Војвода на Влашка од ок. 1344 со Никола Александар | |
На престол | ок. 1310/помеѓу 1304 и 1324 – 1351/1352 |
Претходник | Раду Негру или Токомериј |
Наследник | Никола Александар |
Починал(а) | 1351 или 1352 |
Деца | Никола Александар Теодора |
Династија | Басараб |
Татко | Раду Негру, или Токомериј |
Вероисповед | христијанство |
Басараб I (романски: [basaˈrab] ( слушнете)), исто така познт како Басараб Основател (романски: Basarab Întemeietorul; c. 1270 – 1351/1352), бил војвода и подоцна прв независен владетел на Влашка кој живеел во првата половина на 14ти век. Многу детали од неговиот живот не се познати. Иако неговото име има туркиско потекло, изворите од 14ти век едногласно наведуваат дека тој бил Влав (Романец). Според две популарни теории, Басараб или дошол на власт помеѓу 1304 и 1324 со симнување од престолот или мирно наследувајќи го легендарниот владетел на Влашка, Раду Негру, или во 1310 наследувајќи го својот татко, Токомериј.
Прв пат се споменува во една кралска повелба од 26 јули 1324, како вазал на Карло I од Унгарија како војвода на Влашко. Басараб станал „нелојален на Светата круна на Унгарија“ во 1325. Тој го зазел Северински Банат. Басараб го поддржувал Михаил Шишман во војната против Кралството Србија, но двете обединети армии биле поразени кај Велбужд на 28 јули 1330. Наскоро, Карло I покренал поход на Влашко, со цел да го поврати под негова власт, но бил поразен во битката кај Посада, која се одвивала помеѓу 9 и 12 ноември 1330.
Со битката кај Посада бил ставен крај на унгарската власт во Влашка, и било основано првото независно романско кнежевство. Потомците на Басараб два века владееле со Влашка. По династијата Басараб, целиот регион помеѓу реките Дњестар и Прут, го добил името Бесарабија.