Прејди на содржината

Јован Асен III

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јован Асен III
Грб или амблем на цар Иван Шишман, цар на Втората бугарска империја во текот на 1371–1395 година.
цар на Бугарија
На престол1279–1280
ПретходникИвајло
НаследникГеорги Тертер I
Роден(а)ок. 1259/1260
Починал(а)1303
СопружникИрина Палеологина
ТаткоМицо Асен
МајкаМарија Асенина

Јован Асен III (бугарски: Иван Асен III, или Йоан Асен III), владеел како цар на Бугарија во периодот 1279–1280. Јован Асен III бил син на Мицо Асен и Марија, ќерката на царот Јован Асен II и Ирина Комнина.[1] Тој се родил веројатно околу 1259/60, и починал во егзил во 1303.[2]

Плашејќи се од брзиот успех на Ивајло, византискиот император Михаил VIII Палеолог го повикал Јован Асен на неговиот двор, му ја доделил титулата деспот, и го оженил за неговата најстара ќерка Ирина Палеологина во 1277 или 1278. Михаил VIII потоа, испратил неколку виантиски војски да се обидат да го издигнат Јован Асен III на тронот. Иако Ивајло бил победник во некои од овие обиди, тој бил опсаден три месеци во Дрaстaр (Силистра) од монголските сојузници на Михаил. Во тој период византиските војски ја опколиле престолнината Трново и пуштајќи глас за наводна смрт на Ивајло, локалното благородништво се предало и го избрало Јован Асен III за цар во 1279.

За да ја зајакне својата позиција во Трново, Јован Асен III ја омажил својата сестра Марија (Кира Марија) за бугаро-куманскиот благородник Георги Тертер, но не успеал да се наметне низ целата земја. Ивајло повторно се појавил пред ѕидините на Трново каде ги поразил византиските војски. Во очај, Јован Асен III и Ирина Палеологина тајно избегале од Трново со богатства од царската ризница. Стигнувајќи до Месембрија (Несебар), царската двојка отпловила за Константинопол, каде што разгневениот Михаил VIII со денови одбивал да ги прими поради нивниот кукавичлук.

Во 1280 или 1281 Јован Асен III отпатувал до Златната Орда, во обид да добие поддршка за возобновување на Бугарија. Монголскиот поглавар Ногај Кан на крајот го убил Ивајло,[3] но не успеал да го врати Јован Асен III во Бугарија. Тој се вратил на својот посед во Троадa, каде што починал во 1303 година.

  • John V.A. Fine, Jr., The Late Medieval Balkans, Ann Arbor, 1987.
  1. Андреев, Йордан Киров; Лазаров, Иван; Pavlov, Plamen (1999). Кой кой е в средновековна България (бугарски). Издателска къща "Петър Берон". стр. 144. ISBN 978-954-402-047-7. Посетено на 14 July 2024.
  2. Андреев, Йордан (1992). Българските ханове и царе VII-XIV век: историко-хронологичен справочник (бугарски). Държавна фирма изд-во "Петър Берон". стр. 165, 167. Посетено на 14 July 2024.
  3. T︠S︡vetkov, Plamen S.; Cvetkov, Plamen S. (1996). България и Балканите (бугарски). ЗНАК. стр. 180. ISBN 978-954-8937-03-0. Посетено на 14 July 2024.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Претходник
Ивајло
Цар на Бугарија
1279–1280
Наследник
Георги Тертер I