Тенерифе — најголемиот и најнаселен остров на седумте Канарски Острови. Со површина од 2.034,38 квадратни километри и 898.680 жители, опфаќа 43 % од вкупното население на Канарските Острови. Тенерифе е најголемиот и најнаселен остров во Макаронезија.
Островот го посетуваат пет милиони туристи секоја година, според кои податоци Тенерифе е најпосетуваниот остров на архипелагот. Островот е еден од најважните туристички дестинации во Шпанија и во светот. Тенерифе е домаќин на еден од најголемите карневали во светот, а карневалот во Санта Крус де Тенерифе работи за прогласување на настанот од страна на УНЕСКО како нематеријално културно наследство на светот. Во Тенерифе постојат два аеродроми: Северен и Јужен. Тенерифе претставува економски центар на архипелагот.
Главниот град на островот, Санта Крус де Тенерифе, исто така е седиште на островотскиот совет (cabildo insular). Градот е главен град на автономната заедница на Канарски Острови (заедно со Лас Палмас), делејќи ги владините институции како што се претседателството и министерствата. Во периодот помеѓу територијалната поделба на Шпанија и 1827 година, Санта Крус де Тенерифе бил единствениот главен град на Канарските Острови. Во 1927 година, Шпанија прогласила два главни градови на Канарските Острови, како што е и денес. Во Санта Крус се наоѓа современата сала „Аудиторио де Тенерифе“, архитектонски симбол на Канарските Острови.
... дека Гагаузите се православен народ генетски најблизок со Македонците, чиј туркиски идентиет е вештачки конструкт произлезен од јазична асимилација?
... дека според преданието, средновековниот утврден град Женско во Кукушко бил така наречен бидејќи имал толку силни кули и бедеми, што можеле да го бранат жени?
... дека разбојот на Жозеф Мари Жакар од 1805 г. работел на програми со дупчени картички и послужил како основа за развојот на сметачите?
Во реонот на преспанските села Љубојно — Царев Двор — Долно Дупени преспанско-охридскиот партизански одред „Даме Груев“ ја уништил италијанската воена телефонска линија во должина од неколку километри.
Светиот архијерејски синод на МПЦ го разрешил од должност митрополитот велешки и повардарски Јован, поради еднострано пристапување во екуменско единство со СПЦ.
Играорците од битолското КУД „Гоце Делчев“ играа оро пред британската амбасада во Скопје во знак на протест поради недобивањето на визи за настап на меѓународниот фолклорен фестивал во Ланголен, Англија.