6 јули (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1415  Во Констанц, денешна Германија, од католичкиот екуменски собор е осуден и погубен Јан Хус, свештеник и реформатор.
1535  Сер Томас Мор, автор на познатото дело Утопија и еднаш англиски Лорд-канцелар, е погубен поради предавство на Кралот Хенри VIII откако одбива да се согласи со кралската одлука Англиската Црква да се одвои од Римската католичка црква.
1885  Луј Пастер успешно ја тестира својата вакцина против беснило; пациентот е Жозеф Мајстер, деветгодишо дете гризнато од бесно куче.
1908  Во Турција започнува т.н. „Младотурска револуција“, предводена од група млади офицери и интелектуалци незадоволни од владеењето на султанот Абдул Хамид II.
1928  Во Њујорк е одржана премиерата на филмот Светлата на Њујорк, првиот звучен филм во историјата на светската кинематографија.
1943  Во реонот на преспанските села ЉубојноЦарев ДворДолно Дупени преспанско-охридскиот партизански одред „Даме Груев“ ја уништил италијанската воена телефонска линија во должина од неколку километри.
1957  Во Ливерпул се запознаваат Џон Ленон и Пол Мекартни, идните основачи на една од најголемите групи на сите времиња Битлси.
1964  Малави прогласува независност од Обединетото Кралство.
1966  Малави станува република, со Хестингс Банда како прв претседател.
1967  Основана светската библиографска организација OCLC.
2002  Светиот архиерејски синод на МПЦ го разрешил од должност митрополитот велешки и повардарски Јован, поради еднострано пристапување во екуменско единство со СПЦ.
2005  Играорците од битолското КУД „Гоце Делчев“ играа оро пред британската амбасада во Скопје во знак на протест поради недобивањето на визи за настап на меѓународниот фолклорен фестивал во Ланголен, Англија.