Прејди на содржината

Белски даб

Координати: 41°56′14″N 22°22′21.3″E / 41.93722° СГШ; 22.372583° ИГД / 41.93722; 22.372583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дабот

Белски даб, познат и само како Дабо(т)даб од видот благун (науч. Quercus pubescens) којшто се наоѓа во дворот на Белскиот манастир. Дабот се верува дека е стар околу 600 години и со тоа е еден од најстарите претставници на овој вид во регионот. Со закон е заштитен како споменик на природата,[1] а прогласен е и за природна реткост.[2]

Природни особености и околина

[уреди | уреди извор]

Дабот се претпоставува дека е стар околу 600 години.[1] Тој е висок 19 м има обем на стеблото од 5,9 м. Неговата крошна е асиметрична и широко разгранета, а во однос на страните на светот ги има следните големини: 14,3 м кон југ, 10,6 м кон југоисток, 2,4 м кон исток, 8,9 м кон североисток, 9,5 м кон север, 7,8 м кон северозапад, 9,1 м кон запад и 10,5 м кон југозапад.[2] Под дабот се наоѓаат две големи грамади, кои меѓу жителите се познаи како „камен на плачот“.[3]

Во 2003 година биле извршени заштитни зафати на дабот, со коишто бил исчистен од гнили слоеви и паразити, а со тоа се смета дека животниот век му е продолжен за уште околу 100 години. Во 2012 година, дабот бил погоден од гром, неговото стебло било опожарено и претрпел големи оштетувања.[1]

Во октомври 2019 година, дабот бил прогласен за природна реткост и управувањето со него, вклучувајќи спроведување на активности за негово чување и одржување, му биле доверени на градоначалникот на Општина Кочани.[2]

Приказна за смокот

[уреди | уреди извор]

Во дабот се верува дека живеел смок којшто бил долг околу два метра и честопати излегувал пред посетителите на манастирот, па меѓу народот бил познат како „Светијата“ и затоа никој никогаш не се обидел да го убие или избрка. Со затворањето на дупка од дабот во 2004 година, смокот излегол и оттогаш не е виден. Сепак, мештаните веруваат дека тој нашол друг отвор и сè уште живее во дабот.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 Ивица Милевски; Зоран Тунтев; Ирена Ружин; Виолета Јанкова; Јане Вртески; Звонко Наумоски (2016). „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источен плански регион“ (PDF). Центар за развој на Источен плански регион. стр. 46. Посетено на 16 февруари 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Службен весник на Република Македонија“ (PDF). 7 октомври 2019. стр. 2-3. Посетено на 16 февруари 2021.
  3. 3,0 3,1 Ивица Милевски; Зоран Тунтев; Ирена Ружин; Виолета Јанкова; Јане Вртески; Звонко Наумоски (2016). „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источен плански регион“ (PDF). Центар за развој на Источен плански регион. стр. 103-104. Посетено на 16 февруари 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

41°56′14″N 22°22′21.3″E / 41.93722° СГШ; 22.372583° ИГД / 41.93722; 22.372583